Јавен повик за избор на претпријатија од Општина Струмица за учество на два регионални саеми во Кукуш, Грција и Кичево PDF Печати

Во рамките на реализацијата на проектот ,,Создавање на поволно деловно опкружување за економска одржливост на прекуграничниот регион Струмица - Кичево - Кукуш”- Бизнис Мрежа С-К-К (во понатамошниот текст - проект ,,Бизнис Мрежа С-К-К”), финансиран од Европската Унија преку ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Грција 2007-2013, општина Струмица, на ден 13.10.2016 година, објавува:



ЈАВЕН ПОВИК

ЗА ИЗБОР НА ПРЕТПРИЈАТИЈА ОД ОПШТИНА СТРУМИЦА ЗА УЧЕСТВО НА ДВА РЕГИОНАЛНИ САЕМИ ВО КУКУШ,

ГРЦИЈА И КИЧЕВО





Општина Струмица, во соработка со Општина Кичево и Подрачната единица Кукуш од Република Грција го спроведува проектот ,,Бизнис Мрежа С-К-К кој има за цел да создаде поволни услови за соработка, вмрежување и економски развој на прекуграничниот регион Струмица - Кичево - Кукуш.


Во рамки на проектот е предвидено одржување на регионални саеми кои се наменети за претставници од бизнис секторот (претпријатија, локални и регионални власти, стопански комори и организации за поддршка на бизнисот).


Јавниот повик се однесува на избор на претпријатија од Струмица кои ќе учествуваат на два регионални саеми во Кичево и Кукуш (Грција).


Во рамки на проектот ќе бидат реализирани следните регионални саеми:


  1. Регионален саем во Кукуш, Грција

Очекуван број на изложувачи: 50 претпријатија од Кукуш и Поликастро, Грција; 20 претпријатија од Струмица и 15 претпријатија од Кичево;


Датум на одржување: 16.11.2016 (среда) -17.11.2016 (четврток);


Место на одржување: Кукуш, Грција;


Работен јазик: Англиски/Македонски/Грчки.

     

      2. Регионален саем во Кичево

Очекуван број на изложувачи: 25 претпријатија од Кукуш и Поликастро, Грција; 15 претпријатија од Струмица;


Датум на одржување: 28.11.2016 (понеделник) - 29.11.2016 (вторник);


Место на одржување: Кичево;


Работен јазик: Македонски / Албански / Грчки.

Цел на регионалните саеми е да придонесат за побрз економски развој на прекуграничниот регион Струмица - Кичево - Кукуш, преку овозможување на можности за вмрежување и соработка помеѓу претпријатијата.

Придобивки од учество на двата регионални саеми:

  • Саемска презентација на 85 претпријатија од Кукуш, Поликастро, Кичево и Струмица во Кукуш;

  • Саемска презентација на 45 претпријатија од Кукуш, Поликастро и Струмица во Кичево;

  • Можности за вмрежување, остварување бизнис средби и стекнување нови деловни партнери;

  • Стекнување со нови пазарни информации и трендови за прекуграничниот регион Струмица - Кичево - Кукуш;

  • Учество во промоции и дегустации на производи;

  • Пропратна програма - информативни сесии и презентации на повеќе добри практики на следните теми:

    •   „Маркетинг и брендирање на производи“ на регионалниот саем во Кукуш, Грција
    •   „Органско производство и здрава храна” на регионалниот саем во Кичево.

Претпријатијата заинтересирани за учество на саемите треба да ги исполнуваат следните критериуми:

  • Да бидат основани најмалку 6 (шест) месеци пред почетокот на првиот саем во Кукуш, Грција (16.11.2016 година);

  • Да имаат седиште на територијата на прекуграничниот регион Струмица -Кичево-Кукуш;

  • Да имаат постојано вработен кадар со полно работно време;

  • Да имаат производи/услуги кои имаат потенцијал за продажба во прекуграничниот регион;

  • Да демонстрираат подготвеност за иновативна саемска промоција на нивните производи и/или услуги.

За пријавување на еден и/или двата регионални саеми, претпријатијата треба да го пополнат он-лајн формуларот за пријавувањена следниот линк:

https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSeFfsaCN4cxou7imvan6fkRoiak4lqxZ_HelRqETy0C3CQTQg/viewform?c=0&w=1.

Формуларот за пријавување исто така може да се достави идиректно во просториите на Одделението за меѓународна соработка и европски фондови при општина Струмица, ул. ,,Благој Јанков - Мучето” бр. 37 (Дом на АРМ) - Струмица.

Важна напомена: Трошоците за учество (изложбен простор, хотелско сместување, храна и патни трошоци) за најмногу два претставници од секое избрано претпријатие од општина Струмица на регионалните саеми во Кукуш, Грција и Кичево ќе бидат целосно покриени од страна на проектот кој се финансира со средства од Европската Унија преку ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Грција 2007-2013.

Дополнителни информации може да се добијат на телефон: 078/400-642 или со испраќање на е-пошта на следнава електронска адреса: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите .

Крајниот рок за доставување на пријавите за учество на еден и/или двата регионални саеми е 5ти Ноември, 2016 година, најдоцна до 12:00 часот.

Претпријатијата кои ги исполнуваат потребните критериуми за учество на регионалните саеми ќе бидат информирани за нивниот избор преку е-пошта и телефон согласно доставените контакт информации.