Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџет за 2015 година

Буџетите на општината пред 2015 година и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2017 кои се поставени на општинската веб страница.

Социјална карта на општина Струмица

ЈАВЕН ПОВИК

Врз основа на член 39 од Статутот на Општина Струмица (Службен гласник на Општина Струмица бр 5/06), Градоначалникот на Општина Струмица објавува:

ЈАВЕН ПОВИК

До спортските здруженија и други правни лица во областа на СПОРТОТ од Општина Струмица. Јавниот повик е во рамките на програмата за спорт (L0) за респределба на средства од Буџетот на Општина Струмица за 2017 година.



Право на учество

- Како субјекти кои можат да конкурираат се спортските здруженија и други правни лица во областа на спортот.


- Субјектите мора да се формирани и делуваат на територијата на Општина Струмица.

- Kлубовите /спортски здруженија за кои од Советот на општина Струмица е одредена Дотација по Програмата за активностите во областа на спортот и млади во 2017 година немаат право да аплицираат на овој Јавен Повик.

Основни критериуми кои треба да ги исполнуват здруженијата на граѓани и фондации кои учествуваат на овој повик се:

- го поттикнуваат и унапредуваат соодветниот спорт;

- ја реализираат утврдената програма за развој на спортот.

- ги усогласуваат и координираат програмските активности на здруженијата;

- го организираат и спроведуваат системот на натпревари

- се грижат за унапредување на стручната работа и усовршување на стручните кадри

- се грижат за унапредување на младите категории

- да не вршат политичко и верско организирање и дејствување.

Потребна документација која спортските здруженија и други правни лица во областа на спортот треба да ја достават:

- Документација од извршена регистрација на субјектот (Копија);

- Годишна програма за работа за тековната 2017 година;

- Извештај за потрошените средства добиени од Општина Струмица за минатата 2016 година;

- Формулар за аплицирање (ПРИЈАВА) кој може да се подигне од општина Струмица или од ВЕБ страната на општината www.strumica.gov.mk.

- Прилози, фотографии, награди и др.

Рок и начин на доставување на пријавите Крајниот рок за поднесување на пријавите е 21.02.2017 година (Вторник) до 16 часот.

Пријавата со целокупната документација треба да се достави преку пошта или лично на адреса:

Општина Струмица

Ул.„Сандо Масев“ Бр.1

2400,Струмица

или во архива на Општина Струмица

На пликот треба да стои „НЕ ОТВАРАЈ“ со назнака за LО (Спорт)

Напомена: Пријавите со непотполна документација или пристигнати по истекот на предвидениот рок нема да се разгледуваат. Доставените прилози не се враќаат.

Апликантите кои ќе дадат лажни податоци во формуларот за аплицирање (пријавата) и останатите  документи ќе бидат одбиени без право да аплицираат во наредните 2 години.

ОПШТИНА СТРУМИЦА

ЗАМЕНИК ГРАДОНАЧАЛНИК

КОСТАДИН КОСТАДИНОВ

© 2005-2017 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544