Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџет за 2015 година

Буџетите на општината пред 2015 година и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2017 кои се поставени на општинската веб страница.

Социјална карта на општина Струмица

Комисијата за еднакви можности на Отворен ден со граѓаните на Струмица

Во организација на Центарот на заедницата на општина Струмица, се одржа Отворен ден со Комисијата за еднакви можности при Советот на општина Струмица. Граѓаните кои присуствуваа на средбата со членовите на Комисијата отворија повеќе актуелни теми за разговор од кои произлегоа конкретни предлози за надминување на проблемите од оваа област.Според Статутот на општина Струмица, Комисијата за родова еднаквост (полова рамноправност) врши промовирање и штитење на еднаквоста меѓу половите во уживањето на човековите права во сите општествени нивоа во процесот на нормирање и институционализирање на општествените процеси и односи.

 Во таа смисла, членовите на Комисијата ја објаснија нивната работа и нивните активности и прашања со кои тие се занимаваат. Едни од тие прашања се: еднакви можности за мажите и жените, социјална правда, дискриминација и антидискриминација, маргинализирани групи, родово буџетирање и друго поради што беа отворени многу прашања од најразлични теми.На пример, воспитувањето за антидискриминација треба да започне уште во најмала возраст, во градинките. Според Зоран Узунов, општински просветен инспектор, дискриминацијата може да се препознае дури и во начинот на седење во однос наставник-ученици, или пак во однос на одлични-слаби ученици; машки наспроти женски; ученици од малцинствата и слично.Нела Масалковска, координаторка за родова еднаквост и еднакви можности од општина Струмица го објасни проектот на општина Струмица со UNDP – општокорисна работа, во која шест лица се вклучени во помош на ученици со посебни потреби во училиштата. Целта на асистентките кои работат со учениците е да ги согледаат потребите и проблемите на децата, да ги однесат и земат од училиште, како и во секојдневните училишни обврски. Идејата за проектот произлегол на барање на родител на дете со посебни потреби. Пред да се пристапи со активностите, најпрвин е пратено барање до сите општински основни и средни училишта и кај сите Општината наиде на добра соработка. Проектот завршува до први април, а општина Струмица обезбеди средства во буџетот на Општината истиот проект да продолжи и од први септември, со тенденција да се зголеми бројот на работни часови и бројот на асистенти.На средбата беше предложено во иднина сите акти што треба да минат на Совет да бидат одобрени од Комисијата за еднакви можности во кои би се запазила родовата еднаквост и да се работи на подигањето на свеста кај младите и возрасните со цел да се спречи дискриминација.

© 2005-2017 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544