Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

 

Буџет за 2018 година

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџетите на општината за 2015 година и пред неа, а и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2018 кои се поставени на општинската веб страница или во делот општи акти.

Социјална карта на општина Струмица

Доделени наградите на најдобрите афоризми и карикатури

Во центарот за култура „Антон Панов“ синоќа беа доделени наградите на најдобрите афоризми и карикатури по распишаниот конкурс во рамките на 18-от фестивал за афоризам и карикатура, а кој финансиски е поддржан од општина Струмица. Оваа година  пристигнале 200 карикатури од 30 држави и 400 афоризми на автори од десетина држави.

Според одлуката на жири комисијата во категоријата карикатури, првата награда ја доби Иваило Цветков од Бугарија, втората награда  Константин Казанче од Украина и третата награда  Клаус Питер од Австрија, а Организациониот одбор на Струмичкиот карневал, специјалната награда за најдобра карикатура му ја додели на Златко Крстевски од Македонија.Во категоријата афоризми, првата награда ја доби Милорад Вујновиќ од Србија, втората Пеко Лаличиќ и третата Александар Чортиќ и двајцата од Србија.На доделувањето на наградите присуствуваше претседателот на Советот на општина Струмица, Јосиф Христов.

© 2005-2018 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544