Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

 

Буџет за 2018 година

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџетите на општината за 2015 година и пред неа, а и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2018 кои се поставени на општинската веб страница или во делот општи акти.

Социјална карта на општина Струмица

Се одржа тркалезна маса за заштита од дискриминација на локално ниво

Во салата на Советот на општина Струмица, денеска, се одржа тркалезна маса за заштита од дискриминација на локално ниво и промоција на кампањата „Ако е вообичаено не значи дека е праведно. Три пати мери, еднаш сечи, но никогаш не дискриминирај“. Според Нела Масалковска, координатор на проектот од општина Струмица, тркалезната маса се одржа во заедничка организација со ХЕРА и Коалицијата сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници, а со цел да се промовира видео спотот од кампањата против дискриминација и формирањето на локалното координативно тело за заштита од дискриминација.

Проектот за унапредување на заштитата од дискриминација на локално ниво започна во февруари 2016 година со склучениот меморандум за соработка помеѓу општина Струмица и ХЕРА. Во овој проект, покрај Комисијата за еднакви можности на општина Струмица и координаторката, застапени се и претставници од релевантни институции, Народниот правобранител, министерството за правда и невладиниот сектор. Општина Струмица не поддржува било каков вид на дискриминација и секако презема одредени и конкретни активности за да обезбеди еднаквост на сите граѓани во општина Струмица, рече Масалковска.

© 2005-2018 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544