Ученици од СОУ „Никола Карев“ заминаа на размена на искуства во Атина PDF Печати

Средното општинско училиште „Никола Карев“ од Струмица, аплицираше за учество во  ВЕТ проектот „Иновативна обука за ученици автомеханичари“, финансиран преку програмата Еразмус +, а одобрен од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност кој што ќе се реализира во периодот од 01.03.2017 до 15.03.2017 година во Атина, Грција.

 Училиштето го доби проектот за размена на искуства на ученици од областа на машинската струка, образовен профил автомеханичар, реформирано образование.Денеска во Атина заминаа вкупно 10 ученици од истакнатиот образовен профил: Илија Иљов, Грозде Димов, Васко Митев, Ѓорге Трајков, Антонио Павлов, Горан Карадачки, Славе Ефтимов, Ѓорги Василев, Ристе Ристов и Васе Филев. Заедно со учениците, во проектот учествува и одговорниот наставник од машинската струка, Зоран Петков. Според директорот на училиштето, Драган Јанков, целта на овој проект не е само размена на искуства, туку придонес и афирмација на училиштето од кое доаѓаат, општината и државата.

 

Додади коментар


Безбедносен код
Освежи