Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџет за 2015 година

Буџетите на општината пред 2015 година и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2017 кои се поставени на општинската веб страница.

Социјална карта на општина Струмица

Во денешната акција заловени се десет кучиња скитници

Денеска беше спроведена третата акција на заловување на кучиња скитници во општина Струмица во која беа заловени 10 кучиња, а кои согласно Законот за заштита и благосостојба  на животните, истите ќе бидат хумано третирани. Заловувањето го врши АД ветеринарно сточарски центар  „Тодор Велков“ од Куманово со кое согласно тендерската постапка општина Струмица склучи договор за заловување и стручен третман на кучиња скитници и нерегистрирани кучиња.

 Од декември кога оваа фирма го продолжи заловувањето до денеска, заловени се и истретирани вкупно 32 кучиња скитници. Сите заловени кучиња по хуманиот третман, а согласно Законот, се враќаат на местото каде што се заловени и имаат пасоши кои се наоѓаат во одделението за инспекциски работи во општина Струмица. Сите заловени кучиња не се скитници, меѓу нив има и такви кои имаат сопственици кои доаѓаат да си ги бараат по заловувањето.Токму поради ова се апелира до граѓаните кои имаат кучиња да не ги пуштаат и оставаат по улиците за да не прават дополнителни проблеми.

© 2005-2017 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544