Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџет за 2015 година

Буџетите на општината пред 2015 година и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2017 кои се поставени на општинската веб страница.

Социјална карта на општина Струмица

СОУ „Никола Карев“ стана партнер училиште на светски познатата академија Оракл

Денешните ученици имаат потреба од примена на информатичката технологија како дел од нивното образование. За да бидат подготвени за факултет и кариера, учениците треба да умеат да пронајдат примена на информатиката како дел од нивната образовна струка.

 Во таа насока средното општинско училиште “Никола Карев” од Струмица на своите ученици и вработени им обезбеди пристап до светски познатата академија Оракл (Oracle Academy), која е водечка во информатичката технологија за програмирање. Средното училиште „Никола Карев” стана партнер училиште со академијата под менторство на професорот по физика Никола Делевски кој успеа да го обезбеди членството на училиштето во академијата благодарение на неговата работа со НВО Пријатели на образованието и академијата Оракл. Како професор знам дека обезбедувањето на висококвалитетно образование бара наставни програми, ангажирање на ресурси, како и квалификувани, обучени и професионални наставници. Академијата Оракл нуди широк спектар на настава во училница, самостојно учење, работилници и ресурси. Учениците и професорите можат да се приклучат на оваа академија како индивидуални или институционални членови. Придобивките кои се на располагање на индивидуалните членови се дизајнирани да го прошират знаењето за информатиката и вештините на учениците директно, рече професорот Делевски. Оракл академијата работи со илјадници членови од образовни институции од 105 држави и го унапредува образованието од областа на компјутерската технологија на глобално ниво, го зголемува знаењето, развојот на вештините, нуди иновации и различност во полето на технологијата, поддржувајќи повеќе од 2,2 милиони ученици секоја година. Институционално членство на СОУ “Никола Карев” нуди достап до ексклузивни предности на членовите и ресурси од нивна полза со што на училиштето и учениците ќе им помогне да бидат подготвени за понатамошна кариера и да добијат релевантно знаење и вештини потребни за индустријата. Членството на СОУ “Никола Карев” им го честиташе и срдечно добредојде во академијата им посака потпретседателот на истата, Алисон Џ. Дербенвик Милер. „Како институционален член, ве охрабруваме да го проучите и искористите вашето членство и предностите за да го проширите вашето знаење од областа на компјутерската технологија во вашата институција. Ви честитаме и ви посакуваме добредојде во Оракл Академијата. Ви благодариме за вашиот интерес и поддршка. Со нетрпение очекуваме долга и корисна соработка“, им порачал Милер на учениците и вработените во СОУ „Никола Карев“.

 

© 2005-2017 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544