Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

 

Буџет за 2018 година

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџетите на општината за 2015 година и пред неа, а и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2018 кои се поставени на општинската веб страница или во делот општи акти.

Социјална карта на општина Струмица

Честитка од вршителот на должноста градоначалник на општина Струмица Костадин Костадинов по повод Велигден

Почитувани сограѓани – благочестиви христијани, Во мигот кога свештените лица како Божји служители, ќе ја објават радосната вест за чудото над сите чудеса на овој свет – Христовото Воскресение, Ви посакувам таа вест да допре длабоко во Вашите срца и души, и да ве направи радосни и горди од сознанието дека сте Божји чеда.

  Христовото Воскресение, како најторжествен христијански празник, нека Ви донесе радост, среќа, спокој и благосостојба во Вашите домови, како и здравје, достоинствен живот и хармонија во Вашите семејства. Празникот треба да се празнува, но тој треба да ни биде и потсетник, дека треба да ги подразбудиме во секој од нас човековите вредности и доблести, како што се добрината, човекољубието, милосрдието и подготвеноста на љубовта да возвратиме со љубов.

Нека ни се среќни и вековити Велигденските празнувања.
ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ

© 2005-2018 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544