Општина Струмица ги унапредува условите за родова рамноправност PDF Печати

Еднаквоста на жените и мажите и заштита од дискриминација претставува основно право за сите и суштинска вредност за секоја демократија. Но, тоа право не само што треба да биде правно признато, треба да биде и ефективно применето во сите аспекти на животот: политички, економски, социјален и културен.

 Како сфери на владеење кои се најнепосредно до граѓаните, локалните и регионалните власти се најадекватни форми преку кои можат да се создаваат соодветни услови и да се преземаат ефективни мерки со кои ќе им се спротивстават на родовата нерамноправност и ќе се промовираат во заедници, во кои се почитува еднаквоста.Како резултат на надлежностите пропишани во Законот за еднакви можности на мажите и жените кои се однесуваат на Координаторот за еднакви можности на мажите и жените, Координаторот за еднакви можности во Општина Струмица го изготви извештајот согласно се она што беше реализирано на полето на родовата еднаквост во општина Струмица за 2017 година. Годишниот извештај за Родова рамноправност  линк