Костадинов им посака среќен пат и успех на турнирот во Равена на младите фудбалери на ФК „Беласица“ PDF Print

Вршителот на должноста градоначалник на општина Струмица, Костадин Костадинов, денеска, ги испрати младите фудбалери на фудбалскиот клуб „Беласица“ на големиот меѓународен турнир „Равена куп 2017“ во Италија.

 На средбата пред заминувањето, им посака среќен пат и многу успех на турнирот, потенцирајќи дека тие се гордост на општина Струмица која и го поддржа нивното учество на овој турнир.Турнирот „Равена куп 2017“ ќе започне утре, а ќе заврши на 25 април. На младите таленти на фудбалскиот клуб „Беласица“ родени 2002 и 2003 година во последната група Ф противници им се фудбалските клубови „Јесина Калчо“ од Италија, „Душановац“ од Србија, „Стувста“ од Шведска и „БВБ03“ од Англија. Општина Струмица во изминатите 12 години е партнер со сите спортисти и спортски клубови и континуирани ги поддржува нивните активности и настапи како на домашната така и на меѓународната спортска сцена.


 

Add comment


Security code
Refresh