Се одржа обуката „Косме и Хоризонт 2020” PDF Печати

Последната од низата обуки во рамки на проектот „Бизнис Мрежа С-К-К”, „Косме и Хоризонт 2020”, се одржа во хотел „Сириус“, Струмица во периодот од 25 до 28 април, 2017 година.На почетокот на обуката, учесниците беа поздравени од страна на вршителот на должност градоначалник на општина Струмица Костадин Костадинов, кој истакна дека со досегашната успешна реализација на овој проект, се постигнува неговата цел - создавање и унапредување на можностите за соработка помеѓу претпријатијата од Струмица, Кичево и Кукуш и овие можности не треба да се сведат само на прекуграничниот регион, туку да бидат поттик за пошироко поле на дејствување од страна на самите стопански субјекти.

На обуката учествуваа 30 претставници од бизнис секторот, локалните и регионалните власти и образовни институции од општина Струмица и општина Кичево. Предавачите на обуката, универзитетскиот професор Лука Фиори од Тренто, Италија, како и Илина Петкановска, меѓународен експерт која работи во Тренто, Италија, презентираа како учесниците да се стекнат со знаење за главните теми и можности за финансирање преку ЕУ-програмите „Косме“ и „Хоризонт 2020“. Исто така, тие ги изнесоа сите важни информации околу главната политика на програмирање, правни текстови и документи и нивната важност при аплицирање за европските фондови, како и правилата при аплицирање за овие ЕУ-програми.Оваа обука беше организирана во рамките на проектот „Бизнис Мрежа С-К-К”, финансиран од страна на Европската Унија.

 

Додади коментар


Безбедносен код
Освежи