„Комуналец“ го чисти поројот „Васил Главинов“ PDF Печати

По комплетното чистење на поројот „Крушевска Република“, вработените во единицата „Чистота“ при Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ започнаа со чистење на поројот „Васил Главинов“. Рачно и со механизација се врши генерално чистење на поројот од треви и разновиден отпад фрлен во него.

По спроведувањето на оваа акција за генерално чистење, од „Комуналец“ апелираат до граѓаните кои што живеат во близина на пороите да не фрлаат отпад во нив, туку, кога имаат насобран отпад во своите домаќинства да се јават во „Комуналец“ на телефонскиот број 034 325 909 или во општинскиот сервис „Систем 48“ на бесплатниот телефонски број 0800 1 48 48 и истиот веднаш ќе биде подигнат, а пороите, кои не се депонии ќе бидат чисти, со што ќе биде овозможено да си ја вршат функцијата за која што се наменети.


 

Додади коментар


Безбедносен код
Освежи