„Паркиралишта Струмица“ дел од иницијативата за формирање на Асоцијација меѓу шест претпријатија во Македонија PDF Печати

 За зајакнување на меѓусебната соработка, преку поттикнување и афирмација на областите од заеднички интерес, а воедно и унапредување на соработката со други институции, во просториите на Општина Центар беше потпишана Иницијатива за формирање на Асоцијација на комунални претпријатија за јавни паркиралишта меѓу шест претпријатија од Македонија и тоа Паркинзи на Општина Центар -Скопје, Паркинзи Струмица, Куманово, Гостивар, Битола и Тетово.

Со формирањето на Асоцијација на комунални претпријатија за јавни паркиралишта ќе се подигне свеста за безбедноста во јавниот сообраќај и заштитата на животната средина на целата територија на Република Македонија, како и создавање на услови за унифицирана имплементација на иновациите од информатичката технологија во тековното работење на јавните паркиралишта основани од единиците на локалната самоуправа на Република Македонија.Со потпишувањето на оваа Иницијатива се отпочнува постапката за формирање на Асоцијација на комунални претпријатија за јавни паркиралишта, со што ќе се утврдат облиците и начинот на соработката помеѓу јавните претпријатија пред потпишувањето на актот за основање на Асоцијацијата и ќе се спроведат сите потребни активности за свикување на основачко Собрание на истата, чија основна цел ќе биде афирмација на областите од заеднички интерес пропишани со позитивните законски прописи и другите подзаконски акти од областа на комуналните дејности.

 

Додади коментар


Безбедносен код
Освежи