Телеграма со сочувство од в.д градоначалникот Костадинов до семејството на починатиот Зоран Маџиров PDF Печати

Почитувани членови на семејството Маџирови,

Со неверување и чувство на голема тага ја примив жалната вест за прераната смрт на Вашиот син, сопруг и татко, Зоран Маџиров. Преголема е Вашата болка за огромната загубата, но ако заеднички се повикаме на мудроста која вели дека  споделената болка е помала болка, тогаш имајте во предвид дека со Вас тагува  цела Струмица и цела Македонија.

Зоран Маџиров беше исклучително чесен и вреден сограѓанин кој не ја криеше својата огромна љубов кон родната Струмица. Таа Струмица се гордееше со него, бидејќи како вонсериски музички талент,  беше врвен репрезент на струмичката и македонската музика и култура во европски и светски рамки.  Зоран ќе остане запаметен како врвен перкусионист кој ја пленеше публиката низ сите светски меридијани.Зоран Маџиров е еден од оние кои докажуваат дека големите уметници остануваат бесмртни, дека тие живеат и по нивната смрт.Бидете горди што беше дел од Вас и што бевте дел од него.Од мое лично име и од името на Општина Струмица, примете го нашето најдлабоко сочуство.

 

Додади коментар


Безбедносен код
Освежи