Костадинов присуствуваше на премиерата на комедијата „Ревизор“ PDF Печати

Општина Струмица континуирано и преку разни форми ги поддржува основните и средните училишта и го поттикнува нивниот воспитно – образовен процес, но и воннаставните активности. Во знак на поддршка и почит, вршителот на должноста градоначалник на општина Струмица, Костадин Костадинов и претставници на одделението за образование, синоќа, присуствуваа на премиерната изведба на комедијата „Ревизор“ од Гогољ во изведба на членовите на драмското студио на приватното средно училиште „Јахја Кемал“ од Струмица под раководство на младата Катерина Бенинова. Премиерата беше изведена во големата сала на домот на АРМ.


 

Додади коментар


Безбедносен код
Освежи