Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџет за 2015 година

Буџетите на општината пред 2015 година и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2017 кои се поставени на општинската веб страница.

Социјална карта на општина Струмица

Одлука за неспроведување на стратегиска оцена за блок 24 (2)

Врз основа на член 65 став (6) од Законот за животната средина („Службен весник на Република Македонија" бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10 , 51/11 , 123/12 и 93/13), Општина Струмица, на ден 19.12.2013 година, донесе

 

Одлука за неспроведување на стратегиска оцена




1. За планскиот документ  Детален урбанистички план за  дел од урбана единица 9 , блок бр. 24 - Општина Струмица со техн. бр. 134/10 кој го донесува Советот на Општина Струмица согласно Програмата за изработување на урбанистички планови бр. 07-10560/1 од 28.12.2012 година не е потребно е да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животната средина.

2. Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на Општина Струмица  на следната веб адреса/и: www.strumica.gov.mk .

3. Согласно критериумите за определување на тоа дали еден плански документ има влијание врз животната средина од член 65 став (4) од Законот за животна средина и врз основа на податоците од Прилог 2 на Правилникот за формата , содржината и образецот на одлуката за спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена и на формуларите за потребата од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена донесувањето на планскиот документ Детален урбанистички план за  дел од урбана единица 9 , блок бр. 24 - Општина Струмица нема да има влијание врз животната средина од следните причини: Планот е предвиден и анализиран при донесувањето на ГУП на Општина Струмица и ДУП  за  дел од урбана единица 9 , блок бр. 24 - Општина Струмица. Влијанијата на планот беа разгледани при донесувањето на ГУП – от и ДУП-от, и беа дадени насоки за изработка на планот .
Влијанието врз населението и човековото здравје е минимално и занемарливо .    
Влијанието врз квалитетот на амбиенталниот воздух , влијанието врз квалитетот на  
површинските и подземните води , влијанието врз почвата , влијанието поврзано
со управување со отпад се исто така минимални и занемарливи . Позитивни
влијанија ќе има врз социо-економската состојба на населението преку      
вработување и економска благосостојба .

4. Против оваа одлука може да се поднесе жалба до министерот за животна средина и просторно планирање во рок од 15 дена од денот на објавување на одлуката на веб страната

 


sea_formular24.pdf
[превземи]






ОПШТИНА СТРУМИЦА
Градоначалник,
Зоран Заев

© 2005-2017 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544