Одбележан патрониот празник на ООУ „Сандо Масев“ PDF Печати

Учениците и вработените во општинското основно училиште „Сандо Масев“ го одбележаа патрониот празник. Пред споменикот на патронот во училишниот двор, денеска, беше изведена пригодна програма на која присуствуваше и вршителот на должноста градоначалник на општина Струмица, Костадин Костадинов, кој во името на општина Струмица, во знак на почит и поддршка положи свежо цвеќе.

Одбележувањето на патрониот празник започна синоќа во салата на домот на АРМ со богата програма во која беше презентирано училиштето низ неговите активности, а беа изведени и премиерата на театарската претстава „Дневникот на Марта“ во изведба на драмското студио при училиштето и мјузиклот „Различни а со иста цел“. На овој дел од програмата присуствуваше и претседателот на Советот на општина Струмица, Јосиф Христов.

 

Додади коментар


Безбедносен код
Освежи