Костадинов организираше прием за одбојкарските шампионите на ОК „Струмица“ PDF Печати

Вршителот на должноста градоначалник на општина Струмица, Костадин Костадинов, организираше прием за играчите и менаџерскиот тим на одбојкарскиот клуб „Струмица“ кој пред неколку дена ја освои шампионската титула во домашното првенство. Во опуштена и пријателска атмосфера се разговараше за освоената титула, за континуираната финансиска поддршка од општина Струмица и за понатамошните планови на  на клубот.

 Костадинов од името на општината им врачи вредносен ваучер од 300 илјади денари, а одбојкарите му подарија дрес.Струмица беше и остана спортски град, но во овој наш спортски град деновиве се докажа дека одбојката е спорт број еден. Најзаслужни за тоа се одбојкарите од ОК „Струмица“ кои најпрво го освоија купот на Македонија, а потоа сосема заслужено ја освоија и шампионската титула. Денеска на овој прием јас им честитав на одбојкарите, секако со надеж и искрена желба  дека и понатаму ќе ги постигнуваат тие успеси. Мораме да кажеме дека општина Струмица финансиски го поддржува одбојкарскиот клуб „Струмица“ како и сите други спортски клубови во нашата општина, а она што би сакал да им порачам и на другите спортски клубови е да ги следат успесите на одбојкарите од ОК „Струмица“ и да ги закитуваат своите клубови со многубројни трофеи, рече Костадинов.Од името на клубот за поддршката од општина Струмица се заблагодари тренерот на ОК „Струмица“, Кире Ричлиев.Се заблагодаруваме за сите овие поддршки, не само од финансиски аспект, туку и од морален и ние од ОК „Струмица“ ветуваме дека во иднина не само што ќе ги освојуваме овие титули, туку и ќе ја пријавиме екипата и во некој од европските купови, а за неколку недели играме финале на младинското првенство и на кадетското и веруваме дека ќе му донесеме уште две титули на овој град, рече Ричлиев.

 

Додади коментар


Безбедносен код
Освежи