Промовирани финалните продукти од проектот „Креираме заедно“ во кои учествуваа и училишта од Струмица PDF Печати

Во центарот за култура „Антон Панов“ беа промовирани финалните продукти од проектот „Креираме заедно“ во кој учествуваа ученици со и без попречености од инклузивните училишта од Струмица, Тетово и Скопје. На официјалната детска програма беше отворена изложба на фотографии и видео записи што ги работеа и учениците од инклузивните училишта од Струмица „Сандо Масев“, „Никола Вапцаров“, „Видое Подгорец“ и „Маршал Тито“. Во рамките на програмата се одржа дебата на тема „Креативноста – прозорец кон светот на различностите“.

Детската програма „Креираме заедно“ се одржа во организација на „Скопје Филм Фестивал“ и здружението за поддршка на деца и млади со различности „Сината птица“ од Скопје, а е дел од проектот  „Заштита на децата од насилство и унапредување на социјалната инклузија на децата со попреченост во Западен Балкан и Турција“, финасиран од Европската Унија, ко-финасиран и спроведен од УНИЦЕФ. Општина Струмица била и секогаш ќе биде голем поддржувач на проектите кои го унапредуваат животот на децата со попречености во нивниот развој.

 

Додади коментар


Безбедносен код
Освежи