Костадинов на одбележувањето на патрониот празник на ООУ „Маршал Тито“ во Струмица PDF Печати

Со богата и свечена програма, денеска, беше одбележан патрониот празник на општинското основно училиште „Маршал Тито“ во Струмица. Програмата ја следеа голем број родители и гости, а меѓу нив беа и вршителот на должноста градоначалник на општина Струмица, Костадин Костадинов, Петар Божинов член на Советот и претставници на одделението за образование на општина Струмица. Во знак на почит на неговото дело, Костадинов положи свежо цвеќе пред бистата на Јосип Броз Тито. Во рамките на празничната програма беа доделени благодарници на учениците кои освоија награди на општинските и државните натпревари во повеќе области.


 

Додади коментар


Безбедносен код
Освежи