„Паркиралишта Струмица“ апелира до правните лица да го почитуваат утврдениот период за достава на стока на плоштадот PDF Печати

Јавното претпријатие „Паркиралишта Струмица“ ги известува сите правни лица чии продажни места се наоѓаат на плоштадот „Гоце Делчев“, а во врска со член 4а од одлуката за означување на условите и утврдување на режимот на сообраќајот во градот Струмица, дека достава на стока може да се врши во временскиот период од 6 до 10 часот и од 16 до 19 часот. Секое затекнато возило на плоштадот после дадениот временски период, ќе биде третирано согласно член 7 од Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата (Службен весник бр. 169/15). Од Јавното претпријатие апелираат до правните лица да го почитуваат дадениот временски период за достава на стока.

 

Додади коментар


Безбедносен код
Освежи