Костадинов присуствуваше на премиерната изведба на претставата „Кралството на Снежана и џуџињата“ PDF Печати

Во Центарот за култура „Антон Панов“, синоќа, премиерно беше изведена претставата „Кралството на Снежана и џуџињата“ и краткометражниот филм „Сонуваме, остваруваме и љубов подаруваме“. На премиерата присуствуваа вршителот на должноста градоначалник на општина Струмица, Костадин Костадинов, претседателот на Советот Јосиф Христов и членови на истиот, потврдувајќи ја континуираната поддршка на Општината, која финансиски го поддржа и овој проект.  

Овој настан го реализираше Организација на жени на општина Струмица во партнерство со здружението за помош и поддршка на лица родени со даунов синдром „Вера“ од Струмица, како дел од проектот „Сонуваме, остваруваме и љубов подаруваме“. Во фоајето на Центарот беа изложени фотографии со учесниците во проектот, а средствата собрани од продажбата на влезниците ќе бидат донирани на десет деца со посебни потреби вклучени во проектот.


 

Додади коментар


Безбедносен код
Освежи