Се одржа 54-та седница на Советот на општина Струмица PDF Печати

Советот на општина Струмица денеска ја одржа 54-та седница на која што беа усвоени повеќе предлог – одлуки и решенија. Советниците дадоа зелено светло на одлуките за утврдување на висината на вредноста на бодот за пресметување на платите на вработените во ЈП „Паркиралишта Струмица“,

 за дополнување на одлуката за утврдување на висината на цените за услугата паркирање во подземниот паркинг на градскиот плоштад, за давање согласност за обезбедени финансиски средства за пополнување на работни места во ова претпријатие, а беше усвоен и извештајот за работата во првите три месеци од оваа година. Советниците ја усвоија и одлуката за работното време во градинките од 5,30 до 17,30, ја прифатија одлуката со која дадоа согласност за формирање на паралелки со помал број ученици во СОУ „Кирил и Методиј“ во Дабиле и донесоа одлука за формирање на Општински совет за превенција на детското престапништво на општина Струмица. На денешната седница беа усвоени и предлог програмата за дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови на подрачјето на Општината за 2017 година, извештајот за реализација на Програмата за одржување на улиците во градот и локални патишта во Општината за 2016/2017 во зимски услови, годишната сметка на ЈПКД „Комуналец“ за 2016 година, предлог одлуката за давање согласност за обезбедени финансиски средства за пополнување работни места во ЈП „Струмица гас“ за оваа година. Советниците ги усвоија и предлог решението за разрешување и избор на член во Комисијата за мандатни прашања, избор и именувања со кое на местото на досегашниот член Костадин Костадинов, избрана е Фатмаѓул Хаџи, како и предлог решението за престанок на мандатот на Никола Пандев член на Советот од советничката група на ВМРО ДПМНЕ, а беа усвоени и две одлуки од областа на урбанизмот. За денеска беше закажано и продолжението на 50-та седница, но истото не се одржа. Советниците од ВМРО ДПМНЕ и Социјалистичката партија иако присуствуваа на 54-та седница, не дојдоа на продолжението на 50-та седница.



 

Додади коментар


Безбедносен код
Освежи