Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџет за 2015 година

Буџетите на општината пред 2015 година и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2017 кои се поставени на општинската веб страница.

Социјална карта на општина Струмица

Костадинов присуствуваше на комеморативната седница по повод смртта на Зоран Маџиров

Општина Струмица му оддаде последна почит на светски познатиот музичар, перкусионистот Зоран Маџиров од Струмица. На комеморативната седница која што се одржа во центарот за култура „Антон Панов“ присуствуваа и сочувство на семејството му изразија вршителот на должноста градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов, претседателот на Советот Јосиф Христов и членови на истиот.

На комеморацијата беше прочитана телеграмата со сочувство до семејството на Маџиров која што ја испрати в.д градоначалникот Костадинов: „Со неверување и чувство на голема тага ја примив жалната вест за прераната смрт на Вашиот син, сопруг и татко, Зоран Маџиров. Преголема е Вашата болка за огромната загубата, но ако заеднички се повикаме на мудроста која вели дека споделената болка е помала болка, тогаш имајте во предвид дека со Вас тагува цела Струмица и цела Македонија. Зоран Маџиров беше исклучително чесен и вреден сограѓанин кој не ја криеше својата огромна љубов кон родната Струмица. Таа Струмица се гордееше со него, бидејќи како вонсериски музички талент, беше врвен репрезент на струмичката и македонската музика и култура во европски и светски рамки. Зоран ќе остане запаметен како врвен перкусионист кој ја пленеше публиката низ сите светски меридијани. Зоран Маџиров е еден од оние кои докажуваат дека големите уметници остануваат бесмртни, дека тие живеат и по нивната смрт. Бидете горди што беше дел од Вас и што бевте дел од него“, стои во телеграмата. Телеграма со сочувство испрати и поранешниот градоначалник на општина Струмица, Зоран Заев. Зоран Маџиров е погребан попладнево на гробиштата во Струмица.



© 2005-2017 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544