Во понеделник, нова седница на Советот на општина Струмица PDF Печати

Претседателот на Советот на општина Струмица, Јосиф Христов, ја свика 55. седница на Советот, која ќе се одржи в понеделник (10 јули). Советниците ќе можат да расправаат и одлучуваат по 23 предложени точки на дневниот ред, од кои најголемиот број се однесуваат на прашања од областа на урбанизмот. На седницата ќе се одлучува и за Предлог решение за верификување мандат на член на Советот на општина Струмица, за Предлог решенија за разрешување и именување претставници на Општина Струмица во Училишните одбори на трите средни општински училишта, како и во Управниот одбор на ЈОУГД „Детска радост“. На седницата ќе се најде и извештајот за работењето на ЈПЕД „Струмица-гас“ за периодот од 1. јануари до 31. март 2017 г.


 

Додади коментар


Безбедносен код
Освежи