Во Струмица се одржа дводневна работилница како дел од реализацијата на проектот „Еко-градинки за одржлива иднина“ PDF Печати

На 7 и 8 јули, во Струмица се одржа дводневна работилница за јакнење на капацитетите и вмрежување на воспитно-образовниот персонал од детската градинка „Детска радост“ од Струмица и детската градинка „Први јуни“ од Ќустендил, Република Бугарија, како дел од проектот „Еко-градинки за одржлива иднина“, финансиран од ЕУ преку ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Бугарија 2014-2020 година.

Темата на работилницата беше „Размена на добри практики и презентација на работната верзија на Прирачникот за еколошко образование на деца, наменет за воспитувачите од детските градинки“, а целта беше воспитно-образовниот персонал од двете земји преку партиципативен начин да учествува во креирањето практики за добро еколошко образование на деца од предучилишна возраст, преку презентација на Еколошкиот прирачник, кој содржи европски и светски практики.На тој начин, воспитно-образовниот персонал од детските градинки од Струмица и Ќустендил даде свои мислења и насоки во имплементација на практиките, но и професионален развој за теми од животната средина, подобрување на инфраструктурните услови преку обновливи извори на енергија и слично.На работилницата присуствуваа вкупно 30 учесници односно по 15 претставници од детските градинки во Струмица и Ќустендил.

 

Додади коментар


Безбедносен код
Освежи