Костадинов му го честиташе на Трајче Ѓоргиев освоеното прво место на Турската олимпијада 2017 PDF Print

Вршителот на должноста градоначалник на општина Струмица, Костадин Костадинов, денеска, во својот кабинет организираше прием за музичката струмичка ѕвезда Трајче Ѓоргиев и претставници на приватното средно училиште „Јахја Кемал“. Трајче Ѓоргиев во силна конкуренција и меѓу учесници од повеќе држави го освои златниот медал на Турската олимпијада 2017 – интернационален фестивал на јазик и култура, со песната „Не можам да те заборавам“ која ја изведе на турски јазик.

 Како голем поддржувач на младите и талентирани струмичани, Костадинов му упати искрени честитки на Ѓоргиев за постигнатиот успех потенцирајќи дека тој лично како градоначалник и општина Струмица секогаш ќе ги поддржуваат и поттикнуваат младите во реализацијата на нивните цели бидејќи тие со своите успеси  се гордост на Струмица и во најдобро светло ја претставуваат надвор од државата.На денешната средба, Костадинов и претставниците на приватното средно училиште„Јахја Кемал“ разговараа за соработката меѓу ова училиште и општина Струмица. Претставниците од „Јахја Кемал“ упатија голема благодарност до Општината за досегашната соработка и поддршка, а градоначалникот Костадинов, нагласи дека таа ќе продолжи и понатаму на обострано задоволство.

 

Add comment


Security code
Refresh