Водовод и кананализација PDF Печати

ВОДОВОД
Состојбата на постојаната водоводна мрежа е релативно задоволителна. Во тек е имплементацијата на МЕАП програмата, од кои средства ќе се обезбеди водовод до населените места како и промена на застарената водоводна мрежа во градот. За потребите на градот Струмица, изграден е водоснабдителен систем кој користи површинска вода од акумулацијата Турија.
Водоводната мрежа во градот Струмица се состои од 2 висински зони (ниска и висока). Ниската зона покрива 90% од урбаната површина, а високата зона 10%. Во градот на повисоките места вода се обезбедува со пумпни станици. Во фабриката за вода освен вообичаениот процес на обработка на водата за пиење исто така се врши и озонирање на водата се со цел да се обезбеди квалитетна вода за пиење.

Според податоците од ЈПКД Комуналец-Струмица, Општина Струмица располага со:

Должина на главни цевововди во системот: примарна и секундарна

профил мм

ПВЦ

ПЕ

салонит

лиено железо
поцинк.

друг
материјал

Вкупно

Од 1,5" до
Ф400

27%

25%

27%

20%

1%

70 000

Разводна мрежа за селските населби во системот

Профил мм

ПВЦ

ПЕ

Салонит

Друг материјал

Вкупно

Ф140-200

0%

100%

0%

0%

7 500

Куќни приклучоци:8600
Резервоарски простор: 5000 м³+ 1200 м³ + 400 м³
Пумпни станици: 1
Препумпни станици: /
Зони за водоснабдување:2

КАНАЛИЗАЦИЈА
Целокупна изградена канализациона мрежа:
околу 97000м.
Употребени профили од: Ф 200,250,300,350 - 1300
Број на изливни места: 10
Краен реципиент: река Струмица
Покриеност со канализациона мрежа во градот: 95%