Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

 

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџет за 2015 година

Буџетите на општината пред 2015 година и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2017 кои се поставени на општинската веб страница.

Социјална карта на општина Струмица

Индустрија и рударство

ИНДУСТРИЈА
Општина Струмица има релативно развиена индустрија.
Најзастапена индустриска гранка е текстилната - производство на предиво, тешка и лесна конфекција. Истовремено оваа гранка вработува најголем дел од работоспособното население.
Дрвната индустрија е преставена преку повеќе производствени капацитети кои произведуваат мебел, столарија и дрвена амбалажа.
Во Општина Струмица егзистира фабрика за санитарна керамика темелена врз суровинската база на рудникот за неметали и фабрика за производство на тули.
Електро индустријата и металопреработувачката е застапена преку микро производните капацитети со следниве производи: струјомери, пресувани делови и производство на метална галантерија од лим, каси, сефови, сигурности врати, противпожарни ормари, алуминиумска браварија итн.
За преработка и повисока финализација на примарното земјоделско производство постојат капацитети за производство на конзервиран зеленчук, преработка на млеко и месо, фабрика за обработка и ферментација на тутун, мелничко-пекарска индустрија, мини производствени погони за производство на слатки и слично.

РУДАРСТВО
Општина Струмица располага со наоѓалишта на неметали.
Екслоатацијата на неметалите датира од 1955 година кога е основан рудникот Огражден. Првите ископани количини се употребени во Скопската стакларница. Како резултат на зголемената побарувачка за кратко време процесот на копање на рудата се подобрува. Зголемената побарувачка на неметалите наметнува потреба од осовремување на процесот на мелење на рудата, кој во почетокот се одвивал со примитивни мелници. Во 1968 година е пуштена во работа автоматска мелница така што денес производството во рамките на АД за Неметали "Огражден" - Струмица е ставено во функција на состојбите и побарувањата на пазарот.

 

Енормните резерви на фелдспатна и карбонатна минерална суровина, флексибилноста на постројките за подготовка на истите, како и високиот степен на контролирање на квалитетот на материјалот, овозможуваат потполно задоволување на потребите на купувачи по количина и квалитет. Од неодамна стручна истражувачката екипа овозможи зголемување на резервите на основната суровина преку наоѓање на нови наоѓалишта и појави, а истражувања во доменот на металите, посебно од типот на примарно и секундарно злато, отвараат нови развојни можности.
Повеќе за рудните потенцијали на Општина Струмица види во делот Општи Информации / Природни ресурси.

 

© 2005-2017 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544