Туризам PDF Печати

Туристичко - географска положба на струмичкиот регион

Струмичкиот регион се карактеризира со одредени функционални белези на неговата туристичко-географска положба, при што треба да ги истакнеме неговата транзитивност, контактност и поливалентност.

Транзитивноста и контактноста, кои овој регион ги поседува, пред се , произлегуваат од неговата место положба во крајниот југо-исток на Р.Македонија, веднаш под тромеѓето на меѓудржавните граници на нашата земја со Р.Бугарија и Р.Грција. Од особено значење, за транзитивноста на овој регион неговата сообраќајна поврзаност кон Р.Бугарија преку граничниот премин Ново Село и со меѓународната магистрала по долината на реката Вардар.

Контактноста на струмичкиот регион се согледува преку неговото граничење со Бугарија и Грција и преку отвореноста на начата земја кон соседите и воопшто кон другите држави.

Поливалентноста пак на овој регион треба да се нагласи дека таа е содржана во вредностите кои се елементи на овој регион. Испреплетеноста на природните и атропогените форми овозможува изразита содржајност при престојот на туристите. Имено, природните вредности во овој регион имаат рекреативни, куриозитетни и естетски карактерестики, додека антропогените елементи кои доминираат во просторот претставуваат значајно знаменито и естетско надополнување.

Од досега изложеното произлегува дека струмичкиот регион се карактеризира со туристичко географска положба која претставува одредена туристичка вредност и важен фактор за туритичкиот развој

Струмичкиот крај е богат со мошне вредни, па и униктни културно-истириски споменици од времето на антиката па се до денес.
Некои од нив се добро зачувани, а други се реставрирани, конзервирани или реконструирани. Покрај пронајдената ќерамика и други предмети од доцниот неолит, еден од најстарите делумно сочувани споменици од римскиот период е Римската терма во Бања Банско, во непосредна близина на хотелот "Цар Самуил" откриена во 1978 год. Бањата ја користела топлата минерална вода во Банско, чиј извор се наоѓа над термата. Овој објект, несомнено, бил термо-балнеум, и тоа еден од најстарите на Балканот.

Комплексот цркви "Св.15 тивериополски маченици" во Струмица е една од најстарите ранохристијански базилики на Балканот. Со неа е сврзано народното предание за15-те христијански маченици дојдени од Тивериопол. Ископувањата покажаа дека "Св. Петнаесет" всушност претставува комплекс на цркви од различни временски периоди, и тоа: претхристијанска, ранохристијанска базилика, крстообразна црква и нејзината подоцнежна обнова.

Манастирската црква во Вељуса "Св. Богородица Елеуса"(Милостива), според архитектонското решение, е единствената градба од таков вид во Македонија од периодот на 11 век. Црквата е навистина мала по размери и речиси четвртаста, чија основа има форма на детелина со четири листа. И во целост претставува исклучително вреден и би, рекле, луксузен уметнички објект од висок стил.

Во непосредна близина на Банско е изградена црквата "Св. 40 Севастиски маченици". Се смета дека настанала по пропаѓањето на Самоиловата држава, односно во 11 12 век. Црквата е разрушена и од неа денес можат да се видат само незначителни остатоци, а не се знае нејзиниот критор, но со голема веројатност се претпоставува дека таа била епископско седиште.

Недоволно испитан и обвиен со тајни е и манастирот "Св. Илија" кој се наоѓа на околу 4 km јужно од градот. Во манастирот се пронајдени икони со старост од околу 350 години, поради што се претпоставува дека тој датира од крајот на 16 или од почетокот на 17 век. Тука е пронајдена и камен плоча со старословенско писмо, која, доколку не е дополнително донесена, укажува на можноста и овој манастир да е приближно стар како Водочкиот и Вељушкиот.

ХОТЕЛИ
1. Хотел "Цар Самоил" - Банско

Број на легла: 165
Број на соби: 91
Вид на објектот за сместување и категоризација:
Година на изградба: Реновиран 2006 година
Тел: 034/377-200; 034/377-187
Рецепција: 034/377-111
www.hotelcarsamuil.com.mk

2. Хотел "Дукат" - Банско

Број на легла: 44
Број на соби: 16
Вид на објектот за сместување и категоризација: Ц категорија
Година на изградба: 1980
тел/факс 034/322-385
Рецепција: 034/377-166

3. Хотел "Спиро Захов" - Банско

Број на легла: 78
Број на соби: 26
Вид на објектот за сместување и категоризација: Дом на пензионери
Година на изградба: 1982
тел/факс 034/377-212
Рецепција: 034/277-204 и 034/377-215

4. Хотел "Сириус" - Струмица

лоциран на 1 км од центарот на Струмица
Број на легла: 150
Број на соби: 71
Вид на објектот за сместување и категоризација: Хотел со четири ѕвезди
Година на изградба: 1998година
телефон: 034/345-141; 345/142 и факс 034/345-143
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

5. Хотел "Тивериопол" – Струмица ул. Братство и Единство
Број на легла: 72
Број на соби: 36
Вид на објектот за сместување и категоризација: Хотел со три ѕвезди
Година на изградба: 2005 година
телефон: 034/340-421;

5. Хотел "Илинден" - Струмица

Ул "Гоце Делчев" бб
Број на легла: 16 легла
Број на соби: три двокреветни, две трокреветни и една четворокреветна соба
Вид на објектот за сместување и категоризација: пансион
Година на изградба: 2004
тел 034/348-000 и 034/340-010

6. Мотел "Траншпед Македонија" - Струмица (Терминал Струмица)

Ул. "Климент Охридски" - 105
Број на соби: 4 апартмани и две двокреветни
Вид на објектот за сместување и категоризација: мотел
Година на изградба: 1992 година
Тел. 034/322-913
Рецепција: 034/344-241
e-mail: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
www.motelterminal.com

БАЊА БАНСКО
На околу 12 км југоисточно од градот Струмица, под планината Беласица се наоѓа селото Банско, а во негова непосредна близина и термоминералните извори на Бања Банско.
Поврзана со асвалтен пат на надморска височина од 250 метри, со изменета континентална клима Бања Банско е еден од најзначајните локалитети во Општина Струмица и целиот регион во однос на Бањскиот туризам.

Термоминералните извори, се пет на број, од кои само едниот, најголемиот е стручно каптиран. Тој се слива во главното купатило наречено Турско купатило, а другите четири слободно се изливаат без посебна каптажа, а само еден дел се влива во купатилото " Саланџа''. Температурата на водата во изворот не се манува во текот на годината, што докажува дека потекнува од голема длабочина и е без атмосверски влијанија. Температурата на водата во изворите е на околу 71 степен во главниот извор, кој го снабдува главното купатило - Турското Купатило,а изворот кој го снабдува " Саланџа '' е со температура од 56 степени.

Во однос на минералниот состав сите се со ист минеролошки состав што потврдува дека сепак сите тие потекнуваат од еден ист извор.
Анализата на водата од изворите укажуваат на корисните својства и тоа:

Според Сулфатната компонента помага при:

1. Заболување на желудникот
- Хиперациден гастритис
- Хроничен хипертоничен гастритис
- Чир на желудникот

2. Заболување на дванаесетпалачното црево.
- Чир на дванаесетпалачното црево

3. Заболување на цревата
- Катарални заболувања
- Хронични опстипации
- Ветрови (метеоризам)

4. Воспаление на жолчката, жолчните патишта и жолчната ќеса

5. Намалувањето на телесната тежина


6. Дијабетес (шеќерна болест)


7. Гихт

Калциумовата компонента на водата помага при:

1. Болести на мочните патишта
- Воспаление на мочните патишта и мочната ќеса
- Ситни камења во мочните патишта и мочната ќеса
2. Воспаление на желудникот и цревата
3. Катарални воспаленија на дишните патишта
4. При заболување на срцето и крвните садови
5. При болести на намален калциум(рахитис,остеопороза и др.)
6. При трауматски повреди на коскениот систем-стварање на калус
7. При разни повреди на меките ткива проследени со отоци и воспаленија
8. Кај деца со кариозни заби

Радиолошката компонента е со слаб интензитет, но вдишувањето на радонот кој се наоѓа во минералната вода дава многу благотворни резултати.

Според најновите откриени локалитети - Термата се докажува дека бањата постои уште од Римската империја. Тоа се објекти градени од III до V бек, а тоа значи дека истата е една од најстарите бањи на овие простори.

За настанувањето на Бањите се врзани и легенди и преданија, посебно настанати во времето на Турската империја, кога водата во изворите исчезнала, но со молебенот на Турскиот Дервиш чиј гроб се наоѓа во близина на изворот, водата се вратила.

Кон крајот на XIX век е изграден Турскиот амам со куполести тавани за природна вентилација и истото се уште постои. Подоцна е изграден и друг придружен објект.

Јавната установа за заштита и рехабилитација на деца и младинци Бања Банско

Капацитетот на Заводот изнесува 65 корисника кои се хетерогени во секој поглед:
. нивното примарно оштетување
. возраст
. психофизичките способности и можности

Најзастапени дијагнози кај корисниците се:
. Церебрална парализа
. Параплегија
. Детска парализа
. Прогресивна мускулна дистрофија
. Дегенетативни конгенитални малформации
. Срцев удар
. Епилепсија
. Острогенесис имперфекта

Оваа Установа е единствена Установа која згрижува лица со тешка попреченост во физичкиот развој на ниво на цела Република, па затоа корисниците кои се сместени во истата потекнуваат од региони од цела Република.
Персоналот се состои од директор, секретар, сестри, дефектолог, социјален работник, сестри терапвтки, болничари, социолог, книговодител, учители, готвачи, мајстор и шофер.

Основна дејност на установата е следната:

. обезбедува и организира заштита и рехабилитација на деца и младинци попречени во физичкиот развој на возраст од 6 - 26 год.
. сместување, домување, исхрана, негување и згрижување
. обезбедува здраствена заштита и рехабилитација
. обезбедува основно образувание и воспитување
. организира вонредно образование во средните училиште во Струмица
. обезбедува и организира различни облици на професионално работно оспособување во зависност од психо-физичките способности.

Заводот е отворен во 1974 година со помош од фондацијата Сjy Рајдер и Советот на Општина Струмица.

ХОТЕЛ ЦАР САМОИЛ

ЛОКАЦИЈА
Јавната Здравствена Организација - Природно Лекувалиште Бања Банско е сместена во хотел Цар Самуил во локалитетот Бања Банско, на подножјето на планината Беласица, 12 км. југоисточно од градот Струмица.

КАПАЦИТЕТИ

Хотелот Цар Самуил располага со 165 кревети, комплетно опремен дел за балнео терапија и медицинска рехабилитација, како и други простории од спортско - рекреативен и забавен карактер:
. полуолимписки рекреативен базен
. трим кабинет
. сала за билјард
. пинг понг
. шах
. ресторан
. нокен диско клуб
. ТВ сала и др.

КЛИМАТСКИ УСЛОВИ
Благата умерено -континентална клима со просечна годишна температуре од +13 степени целзиусови, со околу 230 сончеви денови во годината како и богатството со хипертермални минерални извори со температуре на водата од 47 до 72 степени, овозможиле природното лекувалиште да се користи уште од Римското Време, односно од 3 Век. Лековитоста ја потврдува и Турската бања која и ден денес се користи од локалното население.

Богатите и разновидни шуми и извонредно чистиот воздух ги комплетира условите за лекување со природни фактори, потпомогнати со најсовремена медицинска техника и стручни медицински екипи.

ЛЕКОВИТO ДЕЈСТВО
Бањата помага при лекување на следните заболувања:
. сиде видови ревматични заболувања
. ишијалгии и полиартрити
. астматични заболувања
. болести на органите за варење ( чир, гастрит, цревни заболувања )
. состојба после фрактура на коските
. состојба после прележана жолтица
. нервни заболувања
. женски гинеколошки заболувања(стерилитет, запаление на јајници)

ХОТЕЛ СПИРО ЗАХОВ
Хотелот е лоциран во познатото природно бањско лекувалиште Банско-Струмица.
Сместено во пазувите на прекрасната и богата со шуми и водопади, планина Беласица, Ви овозможува беспрекорен одмор, но во исто време и можност за бањско лекување во двата базена со природна термална лековите вода.

Истата докажано помага при лекување на:
. Ишијас
. Реума
. Останати коскени заболувања
. Зачеток на ТБЦ
. Срцеви заболувања
. Стерилитет
. Женски заболувања
. Други заболувања

Број на легла 78
Број на соби: 26

Структрура:
Вид на објектот за сместување и категоризација:
" Дом на пензионери '' Година на изградба: 1982
тел/факс 034/377-212
Рецепција: 034/277-204 и 034/377-215

ХОТЕЛ ДУКАТ
Во непосредна близина на Хотелот " Спиоро Захов'' - Бања Банско се наоѓа и хотелот "Дукат'' со:
Број на легла: 44
Број на соби: 16
Структрура:
Вид на објектот за сместување и категоризација: Ц категорија
Година на изградба: 1980
тел/факс: 034/322-385
Рецепција: 034/377-166