Меморијални споменици
Споменик на петте струмички студенти PDF Печати

Се наоѓа во малиот градски парк. Посветен е на петте струмички студенти (Борис Велев, Ѓорѓи Јармов, Ѓорѓи Костуранов, Мирко Пецев, Стево Топчев), кои биле убиени во 1951 година....”

 

 
Меморијален центар Б.Ј.Мучето PDF Печати

Меморијален Музеј посветен на народниот херој Благој Јанков - Мучето. Спомен куќата е во центарот на градот во близина на Малиот градски парк на ул. "Светозар Марковиќ" бр.1. Таа е едноспратна приземна куќа со 4 соби од кои две се во битов дел, односно со автентични етнолошки предмети од времето кога во неа живеел Благој Јанков. Другите две соби се преуредени во постојана поставка со фотографии, лични предмети и одликувања, со цел визуелно да се прикаже животот и делото на Благој Јанков Мучето.
Меморијалниот Музеј е отворен на 14.07.1964 година, годишнина од загинувањето на херојот.

 
Споменик Костурница PDF Печати

Спомен Костурница е изграден на ридот Самораница на 327 м. надморска висина. Изградбата започна 1979 година, а на 04.07.1982 година со свечен чин се пренесени моштите на загинатите борци во НОВ и положени во саркофагот. Во саркофагот се наоѓаат посмртните останки на: Благој Јанков Мучето, Герас Цунев, Сандо Масев, Васил Сурчев, Киро Абрашев, Иљо Шопов, Јанко Цветинов и Димитар Цветинов. Дело е на архитектот Благој Колев, граден е од бел мермер. На платото е аулата со саркофагот од кафеав мермер. Аулата има 2 врати влез - излез и е во форма на полукруг, осветлена од три странични прозора и еден централен. Платото е градено во замисла на отворен амфитеатар, а мермерните платна се во форма на раскинати ланци, раскинето ропство. Пишаните стихови пред влезот во аулата се на Коце Солунски:

Татковино огниште разгоривте
древни темели зацврстивте
простор немирлив засводивте
во својата срцевина

 
Споменик 11 октомври PDF Печати

Овој споменик е прво обележје подигнато по ослободувањето на територијата на Струмица. Откриен е на 11.10.1949 година.

Споменикот се наоѓа во горниот дел од Малиот градски парк, во центарот на градот. Зазема централно место од паркот. Споменикот е изграден од бетон во форма на пирамида на која има од двете страни мермерни плочи со ист текст. Заграден е со бетонска ограда.

 
Споменик на револуцијата PDF Печати

Споменик на Револуцијата - Споменикот е подигнат на влезот од Градскиот парк и е посветен на паднатите борци во НОВ во Струмица. Дело е на академскиот ликовен уметник Илија Аџиевски од Скопје.

Споменикот се состои од два елементи: од вертикално поставен мермерен столб, на кој е изведена релјефна композиција од машка, женска и детска фигура - претстава на учесници во НОВ. Вториот дел се состои од две човечки фигури, изработени од алуминиум. И двете фигури се во згрчена положба што претставува борци по стрелањето како паѓаат.

 
«ПочетокПред12СледноКрај»

Страница 1 од 2