sports facilities
Спортски објекти PDF Print


Застапеноста на спортските објекти во Општина Струмица е релативно добра и соодветно развиена, за што потврдуваат успешно организираните и реализираните спортски манифестации од светски и европски ранг.

СПОРТСКА САЛА ПАРК

Спортската сала Парк е со капацитет од 2300 гледачи. Изградена од самопридонес на граѓаните на Општина Струмица во 1980/81 година.



ГРАДСКИ СТАДИОН  МЛАДОСТ
Изграден во 1950 година со капацитет од 4500 гледачи, повеќе пати реновиран, сега веке со 2 модерно опремени трибини, со столчиња и 1 покриена трибина, со простории кои ги задоволуваат сите критериуми на ФИФА и УЕФА, за одигрување на меѓународни натпревари. На стадионот освен централното игралиште има уште 3 помошни игралишта. Корисници на стадионот: ФК Беласица, ФК Тиверија, Академија Пандев.



СПОРТСКА САЛА ПАРТИЗАН

Изградена во 1975 година, со капацитет од 300 гледачи. Околу 380 евидентирани членови земаат активно учество во сите секции на клубот, во општо физичко воспитување, спортска гимнастика и спортска рекреација. Екипи кои настапуваат во спортска сала Партизан: ОК Струма, Кик-бокс клуб Струмица, КГС Партизан, КК Ролинг-08. Во склоп на Партизан има модерна игротека, сала за аеробик и сала за фитнес



ФУДБАЛСКИ СТАДИОН ВО ГРАДСКО БАЛДОВЦИ

Во 2010 година е изграден од страна на СЦ Истатов и фудбалската легенда Благој Истатов.
Игралиштето е под концесија на 10 години.

alt


ИГРАЛИШТЕ ОЛИМПИК

Игралиштето претежно е наменето за деца до 10 години  со игралиште за Волеј-бич, баскет и мал фудбал. Игралиштето е во склоп на КГС Партизан.





БАЗЕН АРМ

Со Базенот и со  двата тениски терена управува и стопанисува пливачкиот клуб Делфина од Струмица на 10 години.






КАРТИНГ

Постои од 2001 година. Располага со 5 возила, а патеката е во должина од 300 метри. Работи од март до ноември, а во летната сезона и вечерно време. Овде се даваат часови по правилно возење и се организираат трки. Картингот е во склоп на ПК "Делфина".




ТРИМ ПАТЕКА – Ловен Дом – Св Илија

Се протега над Струмица односно започнува од Ловен Дом па се до манастирот Св Илија. Патеката е во должина од 2 км и 2 метри широчина. Секојдневно ја искачуваат неколку стотици граѓани.