Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџет за 2015 година

Буџетите на општината пред 2015 година и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2017 кои се поставени на општинската веб страница.

Социјална карта на општина Струмица

Вести - Септември 2006

2006-09-15

27.09.2006 | Светска банка во соработка со консултантската куќа БАСМЕ КТ доо Скопје ги објави резултатите од конкурсот за проекти за развој на општините. Во конкуренција од над 40 аплицирани микропроекти до Светска Банка, Општина Струмица со својот Микро проект: Дневен центар и клуб за стари лица со мобилна екипа за делување во домашни услови, е селектирана како една од трите најуспешни општини и ја доби поддршката, со што и отпочнаа активности за реализација на истиот

2006-09-14

26.09.2006 | Советот на Општина Струмица, на својата 31 с едница, донесе одлука за формирање Фондација за локален економски развој и информатичката технологија - ЛЕР ИТ - на струмичкиот микро регион. ЛЕР ИТ фондација ќе биде менаџер на имплементација на стратегиите и плановите за развој на општините од струмичкиот микрорегион, ќе ја промовира стратегијата за ЛЕР, ќе ги искориски веќе создадените капацитети и услови на информациони комуникациони бази во општините и други активности кои ќе придонесат во создавањето на поволната економска средина и развојот на информатичната технологија.

2006-09-13

25.09.2006 | На 30 седница на Советот на општина Струмица е усвоен Стратегиски план за економски развој на струмичкиот микро-регион. Стратегискиот план го насочува економскиот развој на Струмичкиот микро-регион и претставува план за градење на економскиот капацитет на микро-регионот за подобрување на економската иднина и квалитетот на животот на граѓаните од општините Струмица, Ново Село, Василево и Босилово. Во него се дефинирани Визијата, стратегиските и конкретни цели како и програмите и проектите кои детално се објаснети во Стратегискиот план за економски развој на Струмичкиот микро-регион. Планот за имплементација е во функција на постигнување на: Четирите стратегиски цели, 10 Конкретни цели, 22 Програми и 98 Проекти. Временската рамка за извршување e од 2006 година до крајот на 2011 година, а вкупниот предвиден буџет за реализација на сите предвидени проекти изнесува 150.523.110 €.

2006-09-12

22.09.2006 | Во организација на ЗЕЛС, во Охрид, се одржа конференција "Една година процес на децентрализација во Р. Македонија". На конференцијата се анализираше едногодишната имплементација на процесот на децентрализација на власта. На истата присуствуваа Градоначалнникот на општина Струмица, Зоран Заев, градочалници на други општини, претставници на меѓународни организации, Министерот за локална самоуправа и амбасадорите на ЕУ, САД, и ОБСЕ во Р.Македонија.

2006-09-11

14.09.2006 | Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, оствари состанок со Заменик Постојаниот Претставник на UNDP г-дин Норимаса Шимомура, и високи претставници од UNDP. На состанокот се разговараше за реализацијата на тековните проeкти и можностите за понатамошна соработка.

2006-09-10

14.09.2006 | Градоначалникот на општина Струмица Зоран Заев и Заменик Постојаниот Претставник на UNDP во Р. Македонија, Норимаса Шимомура ја пуштија во употреба реконструираната Општинска библиотека "Благој Јанков Мучето". Со реализацијата на проектот "Пријателски библиотеки за сите граѓани" граѓаните на Општина Струмица добија реконструирана и најсовремено опремена библиотека.

Страница 1 од 3

© 2005-2017 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544