Вести - Октомври 2006
2006-10-12 PDF Печати


27.10.2006 | Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев  и Еуро Бизнис Центар Скопје, Ве покануваат на свеченото отварање на меѓународниот саем за производство, трговија и услуги,  Струмица Експо што ќе се одржи во спортската сала Парк, на ден 02.11.2006 година (четврток) во 12.00 часот. Саемот ке биде отворен до 04.11.2006 година (сабота) и  на истиот ќе се претстават повеќе реномирани фирми од државата и регионот.

 
2006-10-11 PDF Печати

27.10.2006 | Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев и Организацијата на жени, Ве покануваат на свечено отварање на Сервис центар на граѓаните што ке се одржи на ден 31.10.2006 година во 12.00 часот во 7-ма Урбана заедница (до Католичката црква). Сервис центарот на граѓаните е проект на Организацијата на жени, финансиски подржан од Општина Струмица во кој граѓаните ке ги добиваат сите административни услуги.

 
2006-10-10 PDF Печати

27.10.2006 | Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев синоќа беше гостин во емисијата “Отворено со Градоначалникот”. Во првиот дел Градоначалникот направи ретроспектива на случувањата во изминатиот месец и одговораше на прашања од претставници на невладините организации, а во вториот дел одговараше на прашања од гледачите.

 
2006-10-9 PDF Печати

26.10.2006 | Соопштение од Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев во врска со отпочнување на изработка на веб сајт на стопанските субјекти во Струмичкиот микро регион.
Општина Струмица ги известува сите деловни субјекти кои егзистираат на делот на Струмичкиот микро-регион дека подготвува официјален веб сајт на економските субјекти од овој регион. Целта на овој веб сајт е промоција на целокупниот бизнис сектор во регионот, вмрежување и полесна комуникација на бизнис опкружувањето во регионот, државата и пошироко. За да и Вие како деловен субјект бидете дел од овој веб сајт контактирајте со Одделението за Локален Економски Развој во Општина Струмица на телефон 034/340-224.

 
2006-10-8 PDF Печати

25.10.2006 | Пријавете корупција! Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев ги информира граѓаните дека телефонскиот број 034/348-047 е отворен за пријавување корупција во рамките на општина.

 
2006-10-7 PDF Печати

24.10.2006 | Градоначалникот на Општина Струмица, Зоран Заев го отвори еднодневниот информативен семинар на тема „Имплементација за Законот за еднакви можности на жените и мажите“. Свое обракање на семинарот имаа г-дин Душко Миновски, државен секретар во МТСП и Висок преставник од  Фондацијата Конрад Аденауер. Семинарот беше организиран од Министерство за труд и социјална политика, а подржан од Фондацијата Конрад Аденауер. Учесници беа Советниците во Советот на општина Струмица и преставници од администрација на Општина Струмица. На семинарот учесниците се запознаа со механизмите за родова рамноправност на национално и локално ниво, Законот за работни односи од аспект на унапредување на еднаквите можности на жените и мажите со внесување на родовиот концепт во локалните програми и политики,  како и обврските на локалната самоуправа во имплементација на Законот за еднакви можности.

 
2006-10-6 PDF Печати

24.10.2006 | Претставници на општина Струмица, и невладините организации присуствуваа на презентацијата на EDHR Микро програмата организирана од Европската иницијатива за човекови права која се одржа во Центарот за подршка на НВО. Цел на програмата е да одговори на потребите за финансиска подршка на иницијативи дизајнирани да ги промовираат и заштитуваат човековите права и демократијата. Во рамките на оваа програма ќе се финансираат проекти во износ од 10.000 до 40.000 евра. Општина Струмица на овој повик ке аплицира со сопствен проект.

 
2006-10-5 PDF Печати

22.10.2006 | Со состанокот на Месната заедница во Муртино завршија средбите на Градоначалникот со Урбаните и Месните заедници. Во претходните 30 дена Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев,  оствари 25 средби со граѓаните од сите Урбани и Месни заедници во Општина Струмица. Граѓаните имаа можност отворено да зборуваат за тековните проблеми со кои се соочува месната односно урбаната заедница. Целта на состаноците беше да се забележат сите инфраструктурни потреби од комунална и градежна природа и нивно вклучување во нацрт – планот за Програмата за комунално уредување за 2007 година.

 
2006-10-4 PDF Печати

21.10.2006 | Редизајниран веб сајтот на Општина Струмица. Новиот веб сајт, кој на граѓаните им беше претставен во склоп на караванот Македонија Сурфа, ги содржи сите информации во врска со Општина Струмица, информации за работењето на Градоначалникот, Советот на општината, актуелните настани во градот итн. Со цел понатамошен развој и постојано надоградување на овој веб сајт, Вашите мислења, предлози, забелешки во врска со овој сајт испратете ги на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите .

 
Повеќе Артикли...
«ПочетокПред12СледноКрај»

Страница 1 од 2