Вести - Ноември 2006
2006-11-26 PDF Печати


30.11.2006 | Промотивни денови на Брегалничко – Струмичкиот регион во Скопје. Осум компании од Струмичкиот регион ќе учествуваат на саемот “Сонцето изгрева од исток и ја грее цела Македонија” кој во деновите петок и сабота (1 и 2 декември) ќе се одржи во Мала Станица – Скопје. Целта на саемот кој е во организација на ГТЗ РЕДЕМ е промоција на производите, услугите и туристичката понуда на овој регион.

 
2006-11-25 PDF Печати

28.11.2006 | Вчера е поставена новата фонтаната на кружниот тек помеѓу булеварите “Маршал Тито”, “Гоце Делчев” и улица “Балканска”. Изведувач на работите беше компанијата Дооел “Гросс Маркет” која беше избрана на јавниот конкурс објавен за овој проект. Фонтаната е во 5 менливи облици кои се менуваат на неколку секунди, а повеќето светлечки ефекти и даваат посебен сјај на фонтаната. Просторот околу фонтаната ќе биде хортикултурно уреден.

 





 
2006-11-24 PDF Печати

25.11.2006 | Затворен првиот регионален саем на невладини организации во Струмица. Регионалниот НВО Саем кој се одржа во деновите петок и сабота беше дел од проектот „Поддршка на национален форум / платформа на граѓанското општество“, поддржан од Европската агенција за реконструкција. Оваа дводневна манифестација беше добра можност јавноста да се запознае со активностите на над 50 здруженија на граѓани од повеќе градови низ Македонија кои се претставија на 33 штандови.



На саемот се одржаа 6 социо културни настани и 6 форуми. Овој настан беше можност за меѓусебно запознавање на невладините организации, поттикнување на регионалната соработка и нивно вмрежување.  На отварањето на Саемот присуствуваа Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев,  Неговата Екселенција г-дин  Ерван Фуере, шеф на Делегацијата на Европската комисија и специјален претставник на Европската унија, г-ѓа Снежана Манчева, претставничка од Секретаријатот за Европски прашања и г-ѓа Славица Инџевска, заменичка на извршниот директор на ФИООМ. Покровител на оваа манифестацијата беше Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев.



 
2006-11-23 PDF Печати

23.11.2006 | Денес во просториите на Општина Струмица, Организациониот одбор при Новогодишно – Божиќниот турнир оддржа прес конференција за локалните медиуми.  Новогодишно-Божиќен турнир во мал фудбал СТРУМИЦА 2006/07“, ќе се одржи во периодот од 13 Декември 2006 до 07 Јануари 2007 година, во спортската сала „ПАРК“.

Наградниот фонд за турнирот  изнесува 220.000 денари Со тоа што наградата за:

I – место изнесува - 120 000 денари
II – место изнесува - 60 000 денари
III – место изнесува - 30 000 денари
IV – место изнесува - 10 000 денари

Исто така обезбедени се и награди за:

Најдобар Голман
Најдобар Стрелец
Најдобар Играч или МВП на турнирот



Право на учество на турнирот имаат фудбалери од вторите, регионални и општински лиги, рекреативци, граѓани, како и млади фудбалери од првите лиги (Прва МФЛ и Футсал лига) родени 1986 година и помлади.
Една екипа брои до 10 играчи, со тоа што по завршувањето на првиот квалификационен круг во групи, секоја екипа може да се засили со уште двајца играчи (џокери) без никакво ограничување

* Котизацијата за учество изнесува 3.000 денари за една екипа.
* За време на турнирот Спортската сала „ПАРК“ ќе биде затоплена.
* Цената на влезницата ќе биде популарна и ќе изнесува само 20 денари за цел ден односно 4 натпревари.

Секоја екипа што ке пријави учество на турнирот ке добие пропозиции за истиот, а 2-3 дена пред официјалниот старт на турнирот, ќе направиме заеднички состанок со екипите се со цел да се направат некои измени или дополнувања во врска со пропозициите и правилата на игра во правец на подобро организиран турнир.
Пријавувањето ќе трае до 10 Декември 2006 год.   За подетални информации,може да се информирате во просториите на Општина Струмица, канцеларија бр.10, тел. 348-024 и 070-998-965.

 
2006-11-22 PDF Печати

23.11.2006 | Триесет и две невладини организации од Струмица, Штип, Велес, Прилеп, Радовиш, Виница, Неготино, Гевгелија, Валандово и Скопје   ќе учествуваат на Регионалниот НВО саем во Струмица, кој утре во 10 часот ќе биде отворен. Саемот ќе се одржи во Домот на АРМ и ќе биде отворен до сабота до 18 часот. На отварањето ќе присуствуваат  г-дин Ерван Фуере, Амбасадор на ЕУ во Република Македонија  и Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев.

 
2006-11-21 PDF Печати

21.11.2006 | Комисијата за општествени дејности при Советот на општина Струмица го распиша јавниот оглас за доделување на највисокото општинско признание – годишна награда за 2006 година. Наградата се доделува по повод 11 Декември – Денот на заштитниците на Струмица – Светите 15 Тивериополски маченици. По истиот повод Комисијата за општествени дејности при советот на општина Струмица распиша и награден конкурс за литературен состав – песна посветена на Струмица.

Јавен оглас за доделување на највисокото општинско признание - Годишна награда за 2006 година


JAVEN_OGLAS.PDF
[превземи]


Награден конкурс за литературен состав - песна посветена на Струмица


NAGRADEN_KONKURS.PDF
[превземи]






За да можете да ги читате документите потребно е да имате инсталирано Adobe Acrobat Reader. Доколку немате инсталирано, истиот можете да го превземете од официјалната веб страна на Adobe.

 
2006-11-20 PDF Печати

20.11.2006 | Општина Струмица, Triple S Learning центарот и SWOT Mistery Shooping, организираат работилница на тема „Како до лојални купувачи“. Овој настан се организира по повод месец Ноември – месецот на потрошувачите. Работилницата Услуга кон купувачите е водич за градење на долгорочни релации и ЛОЈАЛНОСТ на купувачите кон Вашата компанија преку супериорна услуга. Учесниците ќе ги стекнат вештините и техниките за постапување во секоја интеракција со купувачот кои се неопходни за секое работно место. Работилницата ќе се одржи во ДОМ на АРМ на ден 22.11.2006 година (среда) во 12:00 часот.

 
2006-11-19 PDF Печати

20.11.2006 | На 18 и 19 ноември 2006 год во Хотел „Тивериопол“ – Струмица, Локалната лидерска група од Општина Струмица на дводневната работилница го дефинираа дефинитивниот облик на Стратегијата за Социоекономски развој на Општина Струмица до 2015 година. Во Стратешкиот документ во кој се утврди визијата и мисијата за развој на општината,  се инкорпорираа повеќе развојни програми по повеќе области:Економија, Образование, Здравство, Социјална политика, Животна средина. Секоја од развојните програми резултира со конкретни проекти. Стратешкиот документ ќе претставува надградба на постоечкиот стратегиски план за развој на микрорегионот.

 
2006-11-18 PDF Печати

17.11.2006 | Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев заедно со своите соработници, Претседателот на Советот на општина Струмица, Зоран Ристов и директорот на ЈП Комуналец, Панче Орцев  остварија работна средба со истите претставници на Општина Кавадарци предводени од Градоначалникот Панчо Минов. На средбата се разговараше за проблемите со кои се соочуваат општините во процесот на децентрализација, размена на искуства и нивно имплементирање во работата на локалната самоуправа и изнаоѓање модуси за продлабочување на соработката меѓу двете општини.

 
Повеќе Артикли...
«ПочетокПред123СледноКрај»

Страница 1 од 3