Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

 

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџет за 2015 година

Буџетите на општината пред 2015 година и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2017 кои се поставени на општинската веб страница.

Социјална карта на општина Струмица

Вести - Декември 2006

2006-12-20


29.12.2006 | Почитувани граѓани, Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, Ви ја честита новата 2007 година и Ви посакува  добро здравје, лична среќа и успех, семејна хармонија и општа благосостојба.

НОВОГОДИШНО ОБРАЌАЊЕ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА СТРУМИЦА.

 



Почитувани граѓани на општина Струмица

Во мигот кога луѓето се разделуваат од старата и ја дочекуваат Новата година обично меѓусебно си посакуваат среќа иако ниту еден од нив не знае до крај да ја дефинира среќата. Таа во секој случај зависи од потребите и барањата на луѓето за задоволување на своите животни критериуми. Некои бараат малку од животот други бараат повеќе, но и за едните и за другите треба да важи правилото дека вистинската тајна на среќата е да бараме многу од себеси, а сосем малку од другите.

Притоа немаме право да уживаме во среќата ако не ја споделуваме со другите. Сепак најдобро од се е кога со заедничко залагање на сите, доаѓаме до посакуваните резултати, кои сите не прават среќни.

Водејќи се од таквите сознанија за колективните вредности, во овој момент сакам со вас да го споделам задоволството од фактот дека нашата заедничка општина во годината која изминува, направи значаен исчекор во својот развој. За тоа зборуваат бројните реализирани проекти, кои минатата година во ова време си ги поставивме како задача, а имаа за цел да го збогатат квалитетот на живеење во нашата општина.

За реализација на сево ова беа потребни финансиски средства , многу труд, енергија, максимално искористување на расположливите потенцијали, но и чувство за потребите на граѓаните. Но, се разбира сето тоа ќе беше залудно доколку не ја имавме полната поддршка од вас, за што неизмерно сме ви благодарни. Радоста од успешно исполнетите одговорности може да се цени и почувствува само откако ќе се понесе товарот на таквата одговорност. Годините се измислени за да можат луѓето подобро да се орентираат во времето, па оттука преминот од една во друга година е само еден миг на сегашноста кој ги премостува минатото и иднината.

Бидејќи нештата продолжуваат да се движат во еден процес кој продолжува, без нови почетоци, ние повторно заедно со вас и според вашите барања и потреби, продолжуваме со мисијата да ја направиме општината поубава, а луѓето што живеат во неа, посреќни. За 2007 година донесовме буџет и програма со нагласена развојна компонента, а резултатите од неговото извршување ќе бидат причина сите заеднички да бидеме задоволни од сведоштвото на прогресот на градот и на сите населени места.

Во тоа име и со надеж дека повторно ќе ја имаме вашата драгоцена подршка, ја користам можноста да ви ја честитам новата 2007 година и да ви посакам добро здравје, лична среќа и успех, семејна хармонија и општа благосостојба. Празниците постојат да се празнуваат.
Но, да не заборавиме. По секој празник доаѓа делник, а делникот е предизвик за ново достигнување.

Благодарам

2006-12-19

29.12.2006 | Денес, Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев му ја додели годишната општинска награда и признание на г-дин Горан Пандев, фудбалер на ФК “Лацио” од Рим и репрезентативец на македонската фудбалска репрезентација за врвни постигнувања во областа на фудбалот. Синоќа во рамките на манифестацијата Избор на спортист на општина Струмица за 2006 година, Горан Пандев беше прогласен за најдобар интернационалец на Општина Струмица за 2006 година.

 

Денес, Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев му ја додели годишната општинска награда и признание на г-дин Горан Пандев, фудбалер на ФК “Лацио” од Рим и репрезентативец на македонската фудбалска репрезентација за врвни постигнувања во областа на фудбалот.



Синоќа во рамките на манифестацијата Избор на спортист на општина Струмица за 2006 година, Горан Пандев беше прогласен за најдобар интернационалец на Општина Струмица за 2006 година.





2006-12-18

29.12.2006 | Денес Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев им подари новогодишни подароци на деца на самохрани мајки, деца на родители приматели на социјална помош, деца на бранителите  и деца од подготвителната група.  Утре Градоначалникот ке посети дете од с. Г. Балдовци кое е без двајца родители.

2006-12-17

29.12.2006 | Според Новогодишниот избор на магазинот Форум Плус, Општина Струмица е прогласена за најубав македонски град за живеење.

 

 

Во последните четири - пет години Струмица во својот развој се доближува до современите европски градови средна големина, а истовремено претставува екомски и културен центар на Југоисточна Македонија. Таа е локомотива на развојот на овој регион, кој од екстензивно земјоделско, израсна во интезивно аграрно-индустриско подрачје. Стандардот на населението е добар, присутна е голема самоиницијативност, а вработените во аграрот, индустријата и локалната самоуправа се свртени кон користење на сопствените ресурси. Струмица е отворена за секаков вид соработка кој е во интерес на нејзините граѓани.



Фактичката невработеност е најниска во Македонија а просечната плата е 16.000 денари, што е за 20 проценти над македонскиот просек. Има низок криминалитет, сведен главно на џебни кражби. Меѓу националните и меѓу конфесионалните односи се одлични, иако тука има околу дваесетина религиозни заедници чии припадници меѓусебно живеат во хармонија. Климата е пријатна - медитеранско-континентална. Населението е младо, убави луѓе, а особено жени. Во регионот има приватни научни институции од областа на земјоделството, образование на сите нивоа (Земјоделски факултет).



Културниот живот е богат преку цела година, а има и активен театарски живот. Освен тоа, тука се и Струмикчката ликовна колонија, познатиот Струмички карневал, чести концерти, разновиден и богат ноќен живот исполнет со креативни забави ... Се негува спортот, има фудбалски, кошаркарски клуб, како и спортски хали и игралишта. Има добра стратегија за локален економски развој а комуналните такси за изградба на производствените погони се намалени. Инфраструктурата е креирана според потребите на развојот на стопанството. Локалната самоуправа обезбедила, лесен, брз и едноставен начин за добивање документација потребна за изградба на производствени погони, организира и учествува на саемски манифестации а поттикнува и дава силна поддршка на странските партнери.



Еколошката свест е висока, парковите се уредени и зелени, а има и локална прочестителна станица за озонирање на водата. Процедурите за изградба на станбен и деловен простор е олеснета, а е формирана и канцеларија за посредување за добивање градежна документација. Цените за комуналии се ниски: од 1.000 до 1.700 денари за квадратен метар.



Текстот е изваден од магазинот Форум Плус, повеќе за Струмица и другите градови од Македонија можете да прочитете во Форум Плус Магазинот бр. 66.

2006-12-16

25.12.2006 | Изборот на спортист на општина Струмица за 2006 година кој минатата недела беше одложен, ќе се одржи во четврток на 28.12.2006 година со почеток во 20:30 часот во ноќниот клуб Select. SMS гласањето за номинираните спортисти продолжува и ќе трае заклучно со 28.12.2006 година до 08.00 часот

2006-12-15

25.12.2006 | Под покровителство на Градоначалникот на општина Струмица,  Зоран Заев, а во организација на ЕД Планетум и Организација на жени - Струмица,  денес 25.12.2006 година во просториите на Центарот за култура “Антон Панов” во 19:00 часот ќе се одржи хуманитарна аукција “Да ја замениме тагата со радост”.  Ве покануваме да присуствувате на оваа хуманитарна аукција и да бидете дел од ова благородно дело. Собраните средства од аукцијата ќе бидат наменети за учениците од посебното Основно училиште “Св.Климент Охридски” – Ново село.

Страница 1 од 4

© 2005-2017 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544