Вести - Јануари 2007
2007-1-10 PDF Печати

30.01.2007 | Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, Ве поканува да присуствувате на свеченостите организирани по повод одбележувањето на 135-годишнината од раѓањето на Апостолот на Македонското револуционерно движење за ослободување од турското ропство Гоце Делчев што ќе се реализираат на ден 04.02.2007 година (недела) со почеток во 10.00 часот пред споменикот на истоимениот плоштад во Струмица.

 
2007-1-9 PDF Печати

30.01.2007 | Општина Струмица започна со реализација на проектот “Социјална инклузија за малцинствата”. Проектот ќе трае 4 месеци и во целост е поддржан од Градоначалникот на општина Струмица со средства на општинскиот буџет. Овој проект ќе опфати 60 до 100 деца од основно образование од Турска и Ромска националност, кои ќе посетуваат часови по англиски јазик и информатика. Целта на проектот е на овие деца да им се овозможи следење на наставата на повисоко ниво заедно со останатите деца.

 
2007-1-8 PDF Печати

12.01.2007 | Општина Струмица и Младински образовен форум, започнуваат со реализација на проектот “Развој на локална младинска политика“. Во рамките на овој проект претставници на младинските НВО од Општина Струмица и претставници на  локалната самоуправа заеднички ќе работат на изготвување на локална младинска стратегија.

 

На процесот ќе му претходи циклус обуки за јакнење на капацитетите на НВО и ЕЛС во делот Европски младински трендови, Фондови за младински проекти, системи за соработка помеѓу локалната самоуправа и младинските НВО по однос на заедничко идентификување, решавање и имплементирање на решенија на младинските проблеми.

За таа цел, Општина Струмица ги повикува сите заинтересирани младински невладини организации да земат учество во реализацијата на овој проект преку пријавување на претставници. Рокот за пријавување трае до 30 Јануари 2007.

За Подетелен опис на проектните активности контактирајте со Одделението за Локален економски развој при Општина Струмица на телефон 034/340-224 или на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

 
2007-1-7 PDF Печати

06.01.2007 | Почитувани граѓани, Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, на сите православни христијани им го честита големиот христијански празник, Христовото раѓање - Божик, со желби за мир, благосостојба и семејна хармонија. Христос се роди!

 
2007-1-6 PDF Печати

05.01.2007 | Градоначалникот на општина Струмица донесе решение за организирање на Јавна презентација по Нацрт – планот за измена и дополнување на Деталниот урбанистички план на дел од Урбан Блок 20 и на дел од Урбан Блок 37 во Струмица.  Јавната презентација ќе се одржи на ден 12.01.2007 година во 11 часот во Општина Струмица. Со решение на Градоначалникот на општина Струмица, се организира и  Јавна анкета  по Нацрт – планот за измена и дополнување на Деталниот урбанистички план на дел од Урбан Блок 20 и на дел од Урбан Блок 37.

Урбанистички планови во постапка за подрачјето на општина Струмица

Реден
број

Урбанистички план

Статус

1.

ДУП за дел од блок 3-а

добивање согласност од Министерство за транспорт и врски

2.

ДУП за дел од блок 4

спроведена повторна јавна анкета и презентација

3.

УПВНМ с.Куклиш и Свидовица

добивање согласност од Министерство за транспорт и врски

4.

ДУП за блок 3 и 5

добивање согласност од Министерство за транспорт и врски за предлог план

5.

ДУП за дел од блок 12

спроведена јавна анкета и презентација

6.

ДУП за блок 42

има стручно мислење

7.

ДУП за дел од блок 19

спроведена јавна анкета и презентација

8.

УПВНМ с.Куклиш – викенд населба

добиено е решение со услови за планирање на просторот

9.

ДУП за блок 33-1

нацрт план со стручно мислење од Министерво за транспорт и врски

10.

ДУП 17 и 17/1

спроведена јавна анкета и презентација(нацрт планот е во Штип)

11.

ДУП 21

спроведена јавна анкета и презентација

12.

Изменување и дополнување на Урбанистички план за с.Куклиш

има стручно мислење и спроведена анкета и презентација

13.

ДУП за Урбан блок 36 и 37

спремен за добивање на согласност од Министерството за транспорт и врски



ПОСТАПКА ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА  ДЕТАЛНИ УРБАНИСТИЧКИ ПЛАНОВИ И
УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА СЕЛО


1.  Извод од Програма за изработка на урбанистички планови
2. Изгорвување на  Нацрт план
3. Стручна ревизија на Нацрт планот
4. Стручно мислење за Нацрт планот од Мин.за транспорт и врски
5. Организирање на стручна консултација
6. Организирање на јавна презентација и јавна анкета
7. Изготвување на Извештај од јавна презентација и јавна анкета
8. Изготвување на Предлог план
9. Согласност од Мин. за транспорт и врски на Предлог планот
10. Одлука на Советот на општината за донесување на планот.

 
2007-1-5 PDF Печати

05.01.2007 | Претседателот на Советот на општина Струмица, Зоран Ристов ја закажа четириесеттата седница на Советот на општина Струмица за 15.01.2007 година (понеделник)  во 11.00 часот.

 
2007-1-4 PDF Печати

04.01.2007 | Иницијатива на Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев за отварање на канцеларија на Бугарската амбасада во Струмица. Имајќи ги в предвид долгите редици на граѓани пред Бугарската Амбасада во Скопје, Градоначалникот Заев, покрена иницијатива за отварање канцеларија за издавање на бугарски визи во Струмица. Овој предлог Градоначалникот на општина Струмица дирекно му го соопшти на Бугарскиот Претседател Георги Прванов при неговата неодамнешна посета на Струмица.

 
2007-1-3 PDF Печати

04.01.2007 | Согласно член 22 и 23 од законот за работни односи (Сл.весник на РМ бр.62 од 28.07.2005г.) во рамките на проектот – Креирање на работни места, компонента Субвенции за плата – поддржан од УНДП, Општина Струмица објавува, ЈАВЕН ОГЛАС за вработување на лица со посебни потреби.

 

Критериуми за поднесителите:
Молби може да поднесат лица до 30 год возраст и помлади
Лица со посебни потреби
Лица со завршено средно образование и повисоко
Лица со и без работно искуство кои активно бараат работа најмалку  12 месеци

Потрбна документација за конкурирање:


  • Молба на барателот
  • Потврда од Центарот за вработување (доказ за невработен)
  • Копија од лична карта
  • Кратка биографија (по можност)
  • Наод и мислење од доктор
  • Молби да доставуваат лица жители на Општина Струмица

    Заинтересираните кандидати да се јават во период од 5 работни дена од денот на објавување на огласот, заклучно со 12.01.2007г.
    Бараните документи да се достават во Одделението за Локален Економски Развој во Општина Струмица соба бр.10.
 
2007-1-2 PDF Печати

01.01.2007 | 14:51 часот | Првото новороденче во Новата 2007 година е здраво машко дете, на кое Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев,  му подари штедна книшка со износ од 10.000 денари и други подароци.

 
Повеќе Артикли...
«ПочетокПред12СледноКрај»

Страница 1 од 2