Вести - Февруари 2007
2007-2-15 PDF Печати


26.02.2007 | Одбележена тригодишнината од трагичната смрт на Претседателот на Република Македонија, Борис Трајковски. Во склоп на чествувачките свечености организирани по тој повод, Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев и Претседателот на Советот на општина Струмица, Зоран Ристов положија свежо цвеке пред споменикот “Македонија” во Градскиот парк. Градоначалникот Заев одржа реч за живот и делото на Претседателот Трајковски, а чествувачките свечености завршија со Рецитал “Te има и кога те нема” организиран од Домот за деца и млади.

 
2007-2-14 PDF Печати

22.02.2007 | Почитувани граѓани, Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев Ве поканува да присуствувате на чествувачките свечености организирани по повод тригодишнината од трагичната смрт на Претседателот на Република Македонија Борис Трајковски, што ќе се реализираат на ден 26.02.2007 година (понеделник) со почеток во 11.00 часот, пред Споменикот “Македонија” во Градскиот парк.

 
2007-2-13 PDF Печати

21.02.2007 | Со посетата на карневалската група од Петрич – Република Бугарија започна реализацијата на проектот за прекугранична соработка “Од луѓе за луѓе”. Во рамките на овој проект е предвидено на сите културни манифестации кои ќе се реализираат во текот на оваа година во Струмица и Петрич да учествуваат групи од двете прекугранични општини.

 
2007-2-12 PDF Печати

21.02.2007 | СТРУМИЧКИ КАРНЕВАЛ 2007. Над 30.000 луѓе низ улиците на Струмица ја  проследија Главната карневалска вечер од Струмичкиот карневал 2007. Почетокот на карневалот беше означен со спектакуларен огномет во траење од 15 минути. Во карневалската поворка продефилираа над 3000 маскирани групи и поединци од Македонија, Бугарија и Србија.

 





Забавата продолжи  во струмичките кафулинја до раните утрински часови. За одбележување е и дека според извештајот на МВР – Струмица во текот на вчерашниот ден не се случи ниту едно нарушување на јавниот ред и мир.



 
2007-2-11 PDF Печати

21.02.2007 | СТРУМИЧКИ КАРНЕВАЛ 2007. Вчера Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев прими над 100 гости и тоа претставници на дипломатскиот кор, претставници на FECC, Градоначалници, Пратеници во Собрането на РМ, претставници на политичките партии, претставници на јавниот, невладиниот и бизнис сектор.

 



Дипломатскиот кор го предводеше Амбасадорот на ЕУ во Република Македонија г-динот Ерван Фуере.



Сите гости добија пригодни подароци од Општина Струмица а во 18.30 часот заедно се упатија кон плоштадот Гоце Делчев да ја проследат Главната карневалска вечер од Струмичкиот карневал 2007.



 
2007-2-10 PDF Печати

21.02.2007 | Вчера во еднодневна работна посета на Општина Струмица престојуваше Амбасадарот на Белгија во Р. Македонија и Р. Бугарија  Неговата Екселенција, Philip Beke. Во рамките на посетата г-динот Beke оствари средба со Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев.

 

Градоначалникот Зоран Заев, го запозна Амбасадорот со вековната традиција на Струмичкиот карневал а во разговорот стана збор за карактеристиките на струмичкото стопанство и за можностите продлабочување на соработката со Р. Белгија.



Градоначалникот на Општина Струмица, Зоран Заев и Неговата екселенција  Philip Beke посетија неколку успешни фирми од Општина Струмица.



Неколку стопанственици од Струмица имаа можност да поразговараат со Амбасадорот на работниот состанок кој се одржа во Сириус. Претставниците на бизнис секторот ги изнесоа проблемите со кои се соочуваат при работењето (визниот режим, затворени пазари итн).



Амбасадорот вети дека ке воспостави контакт помеѓу струмичките фирми и фирми од Белгија.



Амбасадорот на Белгија во Р. Макдонија и Р.Бугарија  го посети и репрезентот на струмичката култура и уметност г-динот Запро Запров во неговиот дом во с. Пиперово каде имаше можност да се запознае со нашите етно одбележја низ видикот на г-динот Запров.

На крајот на посетата г-динот Philip Beke ја проследи Главната карневалска вечер од Струмичкиот карневал 2007.

 
2007-2-9 PDF Печати

20.02.2007 | Отворена првата туристичка инфо точка во Струмица. Здружението на граѓани љубители на историјата, археологијата, историјата на уметноста и хералдиката Аквила Ауреа Македоника со подршка на Општина Струмица и IMG ја отвори првата туристичка инфо точка – сувенирница во Струмица.

 



Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев им честиташе на членовите на Аквила Ауреа Македоника и им посака што поголем број на туристи да го посетаат овој објект и да ги добиваат вистинските информации за Струмица.



Во сувенирницата, која се наоѓа на Плоштадот Гоце Делчев, може да се најдат сите пропагадни материјали од Општина Струмица и тоа: туристички водич, разгледници, мултимедијално ЦД, мапа на градот како и разни сувенири од историјата на градот и Македонија.

 
2007-2-8 PDF Печати

19.02.2007 | Почитувани граѓани на Република Македонија, Ве поканувам да ја посетите Главната карневалска вечер од Струмичкиот карневал 2007. Датум: 20.02.2007 година (вторник),  Почеток:18:30 часот.
Градоначалник на општина Струмица
Зоран Заев
.

 
2007-2-7 PDF Печати

13.02.2007 | Објавен ЈАВЕН  ПОВИК за вклучување на трговски друштва  во проектот ЕМY (фаза 2). Со цел поттикнување на вработувањето на млад кадар, Општина Струмица реализира проект за посредување и поврзување на правните  субјекти што го планираат сопствениот развој преку вработување на стручен кадар и невработени  млади  лица.

Интерес за учество во проектот можат да најават сите заинтересирани трговски друштва (регистрирани компании), невладини организации, јавни претпријатија и институции на територијата на Општина Струмица

Постапка за користење на проектните услуги:
- Прибирање на интересот за користење на волонтери
- Специфицирање  на потребата за стручен кадар
- Селекција на соодветни кандидати
- Потпишување на договор
- Реализација на волонтерската пракса во период 12.03 до 12.06.2007 година.

Најавата на интересот за соработка се поднесува со испраќање на писмо или директно во канцеларијата  на проектот на адреса:
Општина Струмица 
Лице за контакт: Тања Кљанкова
Ул .Сандо Масев бр:1;    
Тел/факс:034/340-224;Краен рок за пријавување на потребата за ангажирање на волонтери е 5 дена од објавување на повикот.

 
Повеќе Артикли...
«ПочетокПред12СледноКрај»

Страница 1 од 2