Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџет за 2015 година

Буџетите на општината пред 2015 година и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2017 кои се поставени на општинската веб страница.

Социјална карта на општина Струмица

Вести - Март 2007

2007-3-15


21.03.2007 | Струмица најдобра општина во екологијата. На првиот ден на пролетта, во хотелот Александар Палас во Скопје, Министерството за животна средина и просторно планирање ги додели традиционалните награди и признанија за достигнувања во заштитата и унапредувањето на животната средина за 2006 година.

 

Општина Струмица ја доби втората награда во категоријата Управување со отпад,  за реализација на повеќе проекти спроведени во соработка со НВО Планетум. Наградата од австрискиот амбасадор г-дин Филип Хојос ја прими Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев.

Иако е второнаградена Општина Струмица е прва меѓу општините во Република Македонија кои се здобија со награди и признанија со оглед на фактот дека првата награда ја доби Средното електро-техничко училиште Михајло Пупин од Скопје.

2007-3-14

20.03.2007
ВО ИМЕТО НА ВИСТИНАТА
(Или : КОЈ ЈА ЛАЖЕ МАКЕДОНСКАТА ЈАВНОСТ ЗА ИЗГРАДБАТА НА ПАЗАРИШТЕТО ВО СТРУМИЦА).

 



ВМРО ДПМНЕ вели: ,,Очигледно е дека менувањето на Деталниот урбанистички план по желба на Заев, за него не претставува во најмала рака криминален чин...,,
(прес-конференција на ВМРО ДПМНЕ од 16.03.2007 г.)
ВИСТИНАТА вели: ,,Проектот е во согласност со Деталниот урбанистички план, кој не е променет од 1987г. Според планската документација утврдена е намена од јавен карактер.
(Детален урбанистички план бр.02-851/1 од 31.12.1987г. - документ достапен за јавноста)
ВМРО ДПМНЕ вели: ... земјиштето е предмет на денационализација ... 
(прес-конференција на ВМРО ДПМНЕ од 16.03.2007 г.)
ВИСТИНАТА вели: Земјиштето не е предмет на денационализација
Чл.10 од Закон за денационализација :
НЕ СЕ ВРАЌА ЗЕМЈИШТЕТО ВО СОПСТВЕНОСТ ПОРАДИ ПОСТОЕЊЕ НА ЈАВЕН ИНТЕРЕС, А СЕ ДАВА НАДОМЕСТ
(Чл.2 и Чл.3 т.14 од Закон за комунални дејности: ГРАДСКОТО ПАЗАРИШТЕ Е ОБЈЕКТ ОД ЈАВЕН ИНТЕРЕС)

НАЈГОЛЕМ КРИМИНАЛ Е НЕКОГО ЛАЖНО ДА ОБВИНУВАШ ЗА КРИМИНАЛ.

ПРИЧИНИТЕ ЗА КОНСТРУИРАНИТЕ ЛАГИ ОД  ВМРО ДПМНЕ  СЕ  ЈАСНИ  И  ПРОВИДНИ:

- Им пречи најголемата градба во Р.Македонија
- Им пречи првата катна гаража (на пазариштето) во Р.Македонија
- Им пречи развојот на општина Струмица
- Им пречи успешната децентрализација во Струмица
- Им пречи градоначалникот Заев кој е потпретседател на СДСМ

Ги повикувам претставниците од ВМРО ДПМНЕ на ТВ-соочување пред целата Македонска јавност. Отстапениот медиумски простор ќе го плати Зоран Заев, а изборот на телевизијата и го препуштам на ВЛАСТА.

Доколку Законите во Р.Македонија се ирелевантни за ВМРО ДПМНЕ и Владата, ќе бидат релевантни одлуките на меѓународните експертизи и Европските судови.

Зоран  Заев
Градоначалник на општина Струмица.

2007-3-13

19.03.2007 | Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, и Градоначалнициците на општините Ново село, Босилово, и Василево вчера во просториите на Општина Ново село одржаа состанок со претставници на реномираната австриска фирма Saubermarher.

 



На средбата е потпишан меморандум за соработка меѓу четирите општини во областа собирање, рециклирање и обработка на отпадот од Струмичкиот регион.  Градоначалниците на четирите општини и австриската компанија Saubermarher потпишаа писмо со намери за влез на Saubermarher во Струмичкиот регион.



Потпишаните меморандуми ќе бидат ставени на разгледување и усвојување од страна на советите на четирите општини.

2007-3-12

19.03.2007 | Претседателот на Советот на општина Струмица, Зоран Ристов ја закажа четириесет и третата седница на Советот на општина Струмица за 22.03.2007 година (четврток)  во 11.00 часот.

2007-3-11

16.03.2007 | Претседателите на политичките партии партиципиенти во Советите на Општините Струмица, Босилово, Василево, и Ново Село денес го потпишаа меморандумот за поддршка на нацрт планот за формирање на Центар за собирање и рециклирање на отпад. Со изразениот политички консензус од страна на политичките партии е направен првиот чекор за влез на реномираната австриска компанија Saubermarher во индустријата на отпад во Струмичкиот регион.

Претседателите на политичките партии партиципиенти во Советите на Општините Струмица, Босилово, Василево, и Ново Село денес го потпишаа меморандумот за поддршка на нацрт планот за формирање на Центар за собирање и рециклирање на отпад. Со изразениот политички консензус од страна на политичките партии е направен првиот чекор за влез на реномираната австриска компанија Saubermarher во индустријата на отпад во Струмичкиот регион.

Јавното приватно партнерство на комуналните претпријнатија од Струмичкиот регион со Saubermarher ќе се реализира во 3 фази:

1. Собирање на смет од домаќинствата и индустријата од населените места од сите 4 ( четири) општини
2.Поставување на “Втора канта “ односно вршење селекција на отпадот  уште од домаќинствата
3.Градење на фабрика за рециклажа и градење на регионална депонија

• Со реализацијата на овие 3 фази се очекува
• Интегрирано управување со цврстиот отпад
• Искористување на рециклабилни цврсти отпадни материи
• Отпадот ќе се собира , транспортира и депонира со селекција и сепарирање
• Локациите кои ќе се користат за депонии ќе се урбанизирани и соодветни
• Постоење на технологија на депонирање согласно утврдените стандарди
• Непостоење на диви депонии - ѓубришта
• Институционалните капацитети на Јавното приватно претпријатие ќе  бидат соодветни за воведување на системот за интегрирано управување со отпадот
• Зголемена наплата на услугата
• Подигнување на комуналниот смет од сите домаќинства од градот Струмица и сите населени места во Струмичкиот микро регион.

2007-3-10

13.03.2007 | Обраќање на Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев по повод двегодишнината од мандатот.

Почитувани сограѓани !

На денешен ден пред две години, на локалните избори 2005 година, ја добив Вашата драгоцена доверба да ја водам Општина Струмица прифаќајки го предизвикот и обврската, да дадам свој максимален придонес во развојот на нашата заедничка општина и квалитетот на живеење на сите нејзини граѓани, без разлика на нивната национална, полова, социјална, верска и политичка припадност.



И тогаш, но и сега се чувствував и се чувствувам како составен дел од Вас, а функцијата Градоначалник ме прави само прв меѓу еднаквите.

Сега кога се наоѓам на половина пат од мојот мандат мора да признаам дека она што ме водеше напред во реализација на сите досегашни активности, беше оваа книшка наречена – Изборна Програма – со која ја побарав Вашата подршка нудејќи Ви нов развоен концепт на Општина Струмица. Но оваа програма не беше документ само за една употреба. Последниот примерок од нејзиниот тираж остана овде на моето биро, да биде мој секојдневен потсетник, да биде мое “Оче наш” во практицирањето на локалната власт. Се надевам дека и Вие, граѓаните чувате дома по еден примерок од оваа програма за да може заеднички со задоволство да констатираме дека за половина од мандот се реализирани 208 од вкупно 228 те ветени конкрети активности во оваа програма или 91 % од ветеното. Колку што успеавме да изброиме од општинските буџетски програми завршени се плус 184 конкретни инвестициони активности во сите урбани и месни заедници.



Се разбира, заслугата за ваквите постигнувања не е само моја. Таа оди на адреса на моите непосредни соработници од раководниот тим на мојот кабинет, на сите одделенија и на цела општинска администрација и секако на сите членови на Советот на општина Струмица кои интересот на граѓаните го ставија пред партискиот интерес. Но, секако најголема заслуга за се она што е сторено во изминатите две години ја имате Вие – мои сограѓани, бидејки Вашата подршка беше голема и без резервна, па дури и Вие бевте тие кои успешно ги детектиравте проблемите на општината, а ние Вашите забелешки и предлози ги прифативме како обврски што требаше да се реализираат. Се разбира, имаше и такви, за среќа малкумина кои не знаеја да се зарадуваат на реализираните проекти, дури некој сакаа тие проекти да завршат неуспешно, ширејки невистини и шпекулации. Но ние работевме подеднакво за сите, па и за нив, затоа се надевам дека и тие ќе успеат да ги почуствуваат придобивките од она што е сторено.

Пред мене и пред сите нас се уште две години од мандот што ми го доверивте. Тоа не значи дека во наредниот период ќе бидат реализирани само преостанатите 9 % од програмата за целосно нејзино исполнување. Напротив, водени од програмата за европеизација на општината ќе продуцираме уште многу нови проекти кои ќе ја разубават нашата заедничка иднина и  иднината на нашите поколенија. Имаме намера уште подобро да го разубавиме изгледот на градот и населените места, имаме намера кај Вас, граѓаните да ја потврдиме гордоста да се биде струмичанец.

Подршката и помошта од Вас и натаму ќе биде клучниот фактор за исполнување на таа наша заедничка цел. Јас само можам да ветам дека и во наредните две години ќе бидам максимално посветен, транспарентен и исполнителен за продолжување на прогресот на општината и дека без разлика на мојата политичка ориентација и натаму ќе бидам Градоначалник на сите Вас – граѓаните.

Почитувани граѓани на Општина Струмица.

Ви благодарам на досегашната подршка!
Ви благодарам за подршката која што и во иднина ќе ни ја давате, за на крајот среќата од постигнатиот успех, заеднички да ја споделиме.

Благодарам!.

 


Страница 1 од 3

© 2005-2017 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544