Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

 

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџет за 2015 година

Буџетите на општината пред 2015 година и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2017 кои се поставени на општинската веб страница.

Социјална карта на општина Струмица

Вести - Јуни 2007

2007-6-7


29.06.2007
| Општина Струмица го претстави стопанството во Солун, Грција. Центарот за локален економски развој на струмичкиот микро регион во Хотелот Capsis во Солун одржа македонско – грчки бизнис форум на кој беа презентирани инвестиционите поволности за вложување во Македонија и Струмичкиот регион и првиот македонски веб портал на стопански субјекти.

 

Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев ги поздрави присутните стопанственици од македонска и грчка страна и изрази надеж дека неколку нови контакти и бизнис договори ќе се склучат како резултат на првиот меѓународен бизнис форум организиран од општини.



На презентацијата во Солун, Центарот за локален економски развој на струмичкиот микро регион пред грчките стопанственици ги претстави сите државни и општински поволности за инвестирање во струмичкиот микро регион, и ги запозна со првиот македонски веб портал кој претставува 180 компании од Струмица. Настанот во Солун беше поддржан од ГТЗ Редем. 



Во рамките на посетата на Солун, Градоначалникот Заев   оствари средба со Градоначалникот на Општина Ахиос – Грција. На средбата се разговараше за продлабочување на соработката меѓу двете погранични општини која беше воспоставена во рамките на INTEREG III Програмата.



Градоначалникот на Општина Axios покани фолклорна група од Струмица да учествува на меѓународниот фолклорен фестивалот во Axios во септември оваа година и издази надеж дека следниот македонско-грчки бизнис форум ќе се одржи во Општина Аxios.

2007-6-6

28.06.2007 | Отворена фотоизложбата Струмица и Петрич – Минато, Сегашност и Иднина. Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев и Градоначалникот на Општина Петрич, Вељо Илиев (Р. Бугарија) ја отворија фотоизложбата Струмица и Петрич – Минато, Сегашност и Иднина.

 

Изложбата е во рамките на проектот за воспоставување на долготрајна погранична соработка и размена на културно-историско наследство, финансиран од ЕУ и раководен од Европската Агенција за реконструкција, а имплементиран од Општина Струмица и Општина Петрич.



Целта на фотоизложбата е да бидат презентирани минатото, сегашноста и иднината на двете погранични општини. На изложбата се претставени по 100 фотографии од двете општини и истите после 20 дена ќе бидат презентирани во Општина Петрич.



Фотоизложбата е изложена во НУ Завод и Музеј – Струмица до 20.07.2007 година.

2007-6-5

28.06.2007 | 40 струмички стопанственици ќе учествуваат на бизнис форум во Грција, преку кампањата Струмица отворена за бизнис. Центарот за локален економски развој на струмичкиот микро регион (Општина Струмица, Ново село, Босилово, и Василево) на 29 Јуни во Хотелот Capsis во Солун ќе одржи македонско – грчки бизнис форум на кој ќе присуствуваат 40 стопанственици од Струмица и грчки бизнисмени од Префектура Солун.

Под мотото “Струмица отворена за бизнис”, Центарот за локален економски развој ќе ги презентира инвестиционите поволности на четирите општини од струмичкиот регион при што на грчките стопанственици ќе им понуди конкретни локации за инвестирање во регионот. На презентацијата во Солун ќе се изврши и промоција на првиот македонски веб портал на стопански субјекти www.strumicaecoonomy.com.

Целта на средбата е подобрување на соработката меѓу стопанствениците од двете земји, воспоставување на нови деловни контакти како и промоција на Струмичкиот регион како интересна бизнис дестинација за Грчките бизнисмени.

Организацијата на настанот е поддржана од ГТЗ Редем и Сојузот на стопански комори од Македонска страна и “Thessaloniki Chamber of Commerce and Trade” и “Small industry Chamber of Thessaloniki” од Грчка страна..

2007-6-4

19.06.2007 | Почитувани стопанственици, Ве покануваме да присуствувате на презентацијата на кредитните линии на EBRD – Европска банка за обнова и развој која на 22 Јуни (петок) во 12 часот ќе се одржи во Домот на АРМ.

 

“ЕBOR-Италија Програмата за локални претпријатија од Западен Балкан” е програма за инвестиции основана од страна на Европската банка за обнова и развој (ЕБOR), со финансиски придонес и поддршка од италијанската влада. Oснованa e во април 2006 година, a преку неа може да се реализираат поединечни инвестиции во износ од 1 до 4 милиони евра. Програмата придонесува кон економското зајакнување на земјитe од западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Македонија, Србија, Црна Гора и Косово) преку обезбедување финансии за вложување во акционерски/квази акционерски капитал на мали и средни претпријатија. МСП активни во полето на производство и услуги се тие што се квалификуваaт за средства од програмата, без разлика на националноста на сопствениците.

На презентацијата ќе се обратат:
- Зоран Заев, Градоначалник на Општина Струмица
- Г-дин Кенџи Наказава,  Претставник на канцеларијата на ЕБОР во Скопје 
- Г-дин Фабио Сери, Виш Советник за ЕБОР-Италија Програмата за локални комании за Западен Балкан
- Г-ѓа Билјана Милошевска, Банкар во Постојаната канцаларија на ЕБОР.

2007-6-3

04.06.2007 | Заврши меѓународниот турнир во тенис за ветерани “Струмица Опен 2007”. Под покровителство на Градоначалникот на Општина Струмица, а по иницијатива на рекреативците - членови на Тенискиот Клуб „Теком“ од 09.06 – 11.06 2007 година се одржа петтиот меѓународен тениски турнир „СТРУМИЦА ОПЕН 2007“.

 





Натпреварите се одиграа на 5-те тениски терени на Тенискиот комплекс „ТЕКОМ“ во Струмица. На турнирот учествуваа 24 тенисери од Струмица, Скопје, Кочани, Штип и Ниш (Република Србија). Се играше по систем елиминација.





Во полуфиналнито Пане Арсов од Штип беше поуспешен од Струмичанецот Тони Николов со 2:0 (7:5, 6:3), додека во второто полуфинале Петар Трајковски од Скопје беше подобар од Панче Илиев од Струмица со идентичен резултат  2:0 (6:2, 6:4).
Во финалниот натпревар заслужено се пласираа Пане Арсов од (Штип), и Петар Трајковски од Скопје. Победи Арсов со резултат 2:1 (6:1, 4:6, 6:3).

2007-6-2

04.06.2007 | Заврши третиот меѓународен филмски фестивал Астер Фест. Претседателот на Советот на општина Струмица, Зоран Ристов ги додели наградите на овогодинешните лауерати на III Mеѓународен филмски фестивал Астер фест.

 

Филмови со уметнички предзнак, дела на автори од 28 земји, под мотото „Откривање нови кинематички простори“, беа прикажани на третиот Меѓународен фестивал на авторите од Југоисточна Европа „Астер фест“.

Фестивалот на независен филм и видео траеше 4 дена и  се одржа под отворено небо - на локалитетот „Терма Банско“ Беа прикажани 55 филма, поделени во неколку категории. Девет од нив влегоа во конкуренција за наградите златна, сребрена и бронзена потковица и специјална плакета „Стар златен проектор“.За наградите одлучуваше меѓународно жири, со кое претседаваше Рада Шешиќ од Холандија.



Признанието „Астер“ за високи достигања во авторскиот филм, Претседателот на Советот на општина Струмица, Зоран Ристов му го врачи на унгарскиот режисер од Војводина, Карољ Вичек.

Наградени филмови:
1. ЗЛАТНА ПОТКОВИЦА – Бабичка на револуцијата (Петра Селишкар - Словенија, Холандија, Куба, Македонија)
2. СРЕБРЕНА ПОТКОВИЦА – Шеќерен град (Кимон Цакирис  -Грција)
3. БРОНЗЕНА ПОТКОВИЦА – Крајна суровост (Росен Елезов – Бугарија)

„Астер фест“ е единствен македонски филмски фестивал вмрежен во Европската и во Американската документарна асоцијација и е член на иницијативата „Го ист“ во Визбаден, Германија.

Фестивалот го финансира и Општина Струмица.

Страница 1 од 2

© 2005-2017 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544