Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџет за 2015 година

Буџетите на општината пред 2015 година и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2017 кои се поставени на општинската веб страница.

Социјална карта на општина Струмица

Вести - Јули 2007

2007-7-12


31.07.2007
| Почитувани граѓани, Ве покануваме да  присуствувате на свеченостите организирани по повод одбележувањето на 2 август - Денот на Републиката (104 години од Илинденското востание и 63 години од Првото заседание на АСНОМ) што ќе се реализираат на ден 02.08.2007 година (четврток) во Струмица и Попчево.

 

ПРОГРАМА

02.08.2007 година (четврток)

- 08,30 часот - Свечености пред Споменикот на Гоце Делчев на истоимениот плоштад во Струмица:

• Реч за историографијата на ДВАТА ИЛИНДЕНА;
• Полагање свежо цвеќе;
• Револуционерна поезија во кажување од рецитатори во Рецитаторската секција при Домот за деца и млади “ Благој Мучето”  Струмица;
• Полагање свежо цвеќе пред Споменикот на Револуцијата во Градскиот парк;

- 10,00 часот - Полагање свежо  цвеќе пред Спомен-бистата на илинденскиот војвода Ристоман Кочев Попчевски во  с. Попчево.

2007-7-11

31.07.2007 | Отварање на Центар за дијагностика и рано откривање на болести на дојка. Во рамките на макропроектот „Отварање на Центар за дијагностика и рано откривање на болести на дојка во ЈЗУ Општа Болница Струмица“, Градоначалниот на Општина Струмица, Зоран Заев, потпиша Меморандум за соработка со ЈЗУ Општа Болница Струмица и Организацијата на жени од Струмица, заради „Заедничка победа на струмичани во борбата со карциномот во Република Македонија“.

Носител на макропроектот е ЈЗУ Општа Болница Струмица, и за реализација на истиот обезбедуват најсовремени просторни услови во новиот Ургентен центар кој е најмодерно инфраструктурно опремен и кој во целос ги задоволува европските стандарди за таков „мама- центар“. ЈЗУ Општа Болница Струмица го обезбедува и Филм процесорот потребен за нормална функција на мамографот,  стручен тим, обучен од амерички експерти,   како и дополнителни активности заради негово успешно организирање.

Како партнери во реализацијата на истиот се јавува Општина Струмица со свои буџетски средства заради набавка на Ултразвучен апарат со висока резолуција со електронски сонди.

Под покровителство на Општина Струмица , Организација на жени од Струмица, во соработка со Хуманитарното друштво Животна искра 99, реализира микропроект, финансиски поддржан од БИМ/АДА-Институт за човекови права -Лудвиг Болтзман од Виена, заради обезбедување на дополнителни средства за набавка Ултразвучен апарат со висока фрекфенција со електронски сонди, како и   промотивни, едукативни кампањи за опасноста и причините од малигни заболувања и начин на справување со истите.

Фондацијата Борис Трајковски – Скопје, во реализацијата на макропроектот учествува со мамограф како донација од жените на Америчките Сенатори и Конгресмени.

Реализацијата на овој особено важен макропроект „Отварање на Центар за дијагностика и рано откривање на болести на дојка во ЈЗУ Општа Болница Струмица“ како партнерство, ја потврдува  пред граѓаните на Општина Струмица, регионот и Република Македонија единствената заложба на сите актери во заедницата во грижата за просперитет и благосостојба на своите граѓани.

2007-7-10

30.07.2007 | Народна кујна за стари и возрасни  лица и лица изложени на социјален ризик. Во рамките на активностите што Министерството за труд и социјална политика ги спроведува заради организирање на народни кујни, денес, Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев  потпиша договор со ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа и ЈОУДГ Детска радост - Струмица за подготвување и дистрибуција на храна за стари и возрасни лица изложени на социјален ризик.

Во рамките на активностите што Министерството за труд и социјална политика ги спроведува заради организирање на народни кујни, денес, Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев  потпиша договор со ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа и ЈОУДГ Детска радост - Струмица за подготвување и дистрибуција на храна за стари и возрасни лица изложени на социјален ризик.

Во рамките на проектот организирање на Народна кујна за стари и возрасни  лица, како и лица изложени на социјален ризик, Општина Струмица е селектирана како една од повеќето општини низ државата каде ќе се организира Народка кујна.

Меѓуопштинскиот центар за социјална работа Струмица изготви список на такви лица кои  во текот на месец август ќе добијат Решенија за користење на бесплатен топол оброк  кој ќе биде подготвуван во ЈОУДГ Детска радост Струмица, а истиот ќе биде дистрибуиран и делен во Дневниот центар и клуб за стари лица на Општина Струмица.

Народната кујна предвидено е да отпочне со работа на 01.09. 2007 година.

2007-7-9

23.07.2007 | Работен состанок на одделенијата за локален економски развој на Општина Петрич и Општина Струмица. Претставници на одделенијата за локален економски развој од Општина Струмица и Општина Петрич остварија работен состанок на тема генерирање на  идеи за прекуранични проекти од областа на културата, здравството и спортот.

 

Работен состанок на одделенијата за локален економски развој на Општина Петрич и Општина Струмица.
Претставници на одделенијата за локален економски развој од Општина Струмица и Општина Петрич остварија работен состанок на тема генерирање на  идеи за трансгранични проекти од областа на културата, здравството и спортот.

На работната средба на тема “Можности за заедничка работа и партнерство во областа на културата, здравството и спортот во регионот на Струмица и Петрич” која во петокот се оддржа во просторите на Општина Петрич, а се реализира во рамките на проектот “Прекугранична културна соработка за заедничка европска иднина” финансиран од CARDS програмата, беа определени десетина проектни идеи за нови заеднички проекти меѓу двете прекугранични општини.

Врз база на систематизираните проектни идеи ќе се изработи стратегија за понатамошна соработка меѓу Општина Струмица и Општина Петрич која кон крајот на месец ноември ќе се потпише од градочалниците на општина Струмица и Петрич, Зоран Заев и Вељо Иљиев .

2007-7-8

23.07.2007 | Фотоизложба “Струмица и Петрич – Минато, Сегашност и Иднина”. Изложбата која е во рамките на проектот за воспоставување на долготрајна погранична соработка и размена на културно-историско наследство, финансиран од ЕУ а имплементиран од Општина Струмица и Општина Петрич од 20.07.2007 година е претставена во Петрич.

 



Целта на фотоизложбата е да бидат презентирани минатото, сегашноста и иднината на двете погранични општини. На изложбата се претставени по 100 фотографии од двете општини и истите  20 дена беа изложени во НУ Завод и Музеј – Струмица, а од 20.07.2007 година се достапни за љубителите на културата во Општина Петрич. .

2007-7-7

11.07.2007 | Зоран Заев е избран за Претседател на Советот за развој на Југоисточниот плански регион. На првата седница на Советот за равој на Југоисточниот плански регион, која минатата недела се одржа во просториите на Општина Струмица, Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев  беше избран за претседател на планскиот регион. На седницата присуствуваа десет градоначалници од овој плански регион.

Градоначалникот на општина Богданци, г-дин Гоце Петрушев
Градоначалникот на општина Босилово, г-дин Горѓи Манушев
Градоначалникот на општина Василево, г-дин Славе Христов
Градоначалникот на општина Валандово, г-дин Николче Чурлиновски
Градоначалникот на општина Дојран, г-дин Ристо Гушев
Градоначалникот на општина Конче, г-дин Стојан Лазаров
Градоначалникот на општина Ново село, г-дин Никола Андонов
Градоначалникот на општина Радовиш, г-дин Роберт Велков
Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев





На седницата присуствуваше и г-дин Горан Анѓелов како и преставници на ГТЗ.На истата седница беше донесена одлука за формирање на  Центарот за развој на југоисточниот плански регион како прв регион во Македонија. Формирањето на центрите е согласно Законот за регионален рамномерен развој.

Страница 1 од 2

© 2005-2017 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544