Вести - Септември 2007
2007-9-10 PDF Печати


28.09.2007
| Меѓународен ден за слободен пристап до информации. На денешен ден пред пет години претставници на невладините организации од целиот свет, лобисти и бранители на идејата за слобода во информирањето формираа Мрежа на бранители на слободата во информирањето, која  на својот прв состанок го прогласи 28 септември за меѓународен ден за слободен пристап до информации. Оваа година и Општина Струмица се вклучи во одбележувањето на меѓународниот ден преку кампањата “Имам право да знам”.

 
2007-9-9 PDF Печати

26.09.2007 | Започна кампања за запознавање на заедницата со раното откривање на ракот на дојка. Во рамките на реализацијата на макропроектот Организирање на Дијагностички центар за рано детектирање на болести на дојка во ЈЗУ Општа Болница Струмица, вчера во Домот на АРМ, свечено беше објавено отпочнувањето на кампањата за „Запознавање на заедницата со раното откривање на ракот на дојка“.




Настанот беше организиран под покровителство на Градоначалникот на Општина Струмица Зоран Заев и Меѓународната Фондација Борис Трајковски. Истиот го следеа високи институционални претставници,  Д-р Хирш од Интернационалниот институт за радиологија и мамографија од Охајо Америка, зaедно со  стручен тим на соработници, претставници на Меѓународната Фондација Борис Трајковски, претставници од локалната самоуправа и  ЈЗУ Општа Болница Струмица, како и голем број здравствени и општествени работници.



Поздравувајќи го бројниот аудиториум, Градоначалникот на Општина Струмица, Зоран Заев  во своето обраќање ја истакна опасноста од се поголемата експанзија на карцином, посебно од карцином на дојка, со акцент на   огромната важност од раната детекција на истиот. Во таа насока ја истакна заедничката заложба на повеќето актери во единствената намера, преку заеднички ангажман успешно да се реализира овој мошне важен проект за општината и регионот. Меѓу другото Градоначалникот и се заблагодари на Меѓународната Фондација Борис Трајковски, особено на Г-ѓа Вилма Трајковска како најважна алка во овој синџир за несебичниот ангажман и големата  желба да помогне на граѓаните на својот град, градот на нејзиниот и нашиот прерано починат Претседател на државата Борис Трајковски. Градоначалникот  се заблагодари и на Др.Хирш и неговиот тим на соработници, за покажаната желба,  сиот нивни експертски капацитет да го стават на располагање во интерес на заедницата.



Во понатамошно излагање Градоначалникот Заев, ја истакна досегашната професионалната соработка со ЈЗУ Општа Болница -Струмица, посакувајќи истата и понатаму да продолжи во насока на подобрување на здравствениот систем во општината, регионот и државата.
На присутните гости им се обрати и Др.Хирш од Интернационалниот Институт за радиологија и мамографија од Охајо Америка кој истакнувајќи ја целта на неговата мисија, искажа огромно воодушевување од  топлината на овој народ.

Обраќање имаше и претставник од Меѓународната Фондација Борис Трајковски. Истакнувајќи ја опaсноста од зголемувањето на бројот на заболени од малигни заболувања, стави акцент на  потребата од таквите заеднички заложби и акции во насока на подигањето на здравствената култура кај населението.

На  присутните им се обрати и директорот на ЈЗУ Општа Болница Струмица Г-динот Ирфан Максудов, кој им се заблагодари на Фондацијата Борис Трајковски, Др Хирш и посебно на Градоначалникот на Општина Струмица за покажаната висока свест, во заедничките заложби за подигнување на нивото на здравствениот систем.

Кампањата за „Запознавање на заедницата со раното откривање на ракот на дојка“ , според определена програма, во текот на наредните десет дена ќе третира различни целни групи низ градските и руралните средини.

Вториот дел од од овој проект ќе биде свеченото давање во употреба на мамографот, со што ќе се заокружи  реализацијата на  Центарот за рано откривање на болести на дојка во ЈЗУ Општа Болница – Струмица.

 
2007-9-8 PDF Печати

11.09.2007 | Одбележан 11 ти Септември - Денот на ослободувањето на Струмица. Денес, во склоп на одбележувањето на 63 годишнината од ослободувањето на Струмица, Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев и Претседателот на Советот на Општина Струмица, Зоран Ристов положија свежо цвеќе пред Споменикот на Револуцијата во Градскиот парк.

 
2007-9-7 PDF Печати

10.09.2007 | Денови на Италијанската  култура во Струмица. Во рамките на одбележувањето на Денот на независноста на Република Македонија - 8 Септември и Денот на ослободувањето на градот - 11 Септември, вчера во Струмица  се одржи манифестацијата „Денови на италијанската култура“, што го организираше Италијанскиот културен центар „Џакомо Леопарди“.

Манифестацијата ја отворија Градоначалникот на општина Струмица Зоран Заев и Вицеамбасадорот на Република Италија во Македонија Н.Е. Роберто Рицо . На археолошкиот локалитет „Римски терми“ во Банско се одржи презентација на најсочуваната и уникатна бања на Балканот од периодот на Римската империја, стара 16 векови, а во ентериерот на „Римските терми“ беше отворена изложба на дела од италијански сликари - досегашни учесници во Меѓународната струмичка ликовна колонија.

Манифестацијата „Денови на италијанската ултура“ беше заокружена со свеченото прогласување на италијанскиот амбасадор за почесен претседател, а вицеамбасадорот на Италија и Градоначалникот на Струмица за почесни членови на Италијанскиот културен центар „Џакомо Леопарди“.

 
2007-9-6 PDF Печати

08.09.2007 | Отворен 15 Меѓународен фестивал на камерен театар “Ристо Шишков”. Синоќа пред преполнaта сала на Домот на културата во Струмица,  Градоначалникот на Општина Струмица, Зоран Заев го прогласи за отворен 15 Меѓународен фестивал на камерен театар “Ристо Шишков”. Со изложба на фотографии и прва проекција на секвенци од последниот филм „Време води“, започна 15-то издание на фестивалот на камерен театар посветен на бардот на македонското глимиште „Ристо Шишков“.



Годинашниов селектор на фестивалот е Благоја Стефановски. Во селекцијата за Фестивалот влегоа и претстави од странство, со што на Фестивалот му се даде меѓународен предзнак. За единствената награда што го носи името на големиот македонски актер Ристо Шишков на сцената ќе одиграат улоги 40-ина актери од осум театри од странство и од Струмичкиот, Битолскиот театар, од Драмски театар од Скопје и од Македонскиот народен театар.

Фестивалот го отворија актерите од Народно позориште од Подгорица (Црна Гора) со претставата "Нора", Битолскиот театар ќе се претстави  со "Обsрни се во гневот", Струмичкиот театар со двете претстави "Гола Вера" и "Враќање", Драмски со "Кино, љубов", а МНТ со "Делириум за двајца". На овогодинешното издание на фестивалот ќе има и две монодрами "Мистер Буфо" од Грција и "Амок" од Албанија.  Од Бугарија доааѓат три претстави - "Те сакам, Отело" од Плевенскиот театар, "Тартиф" од Благоевград и студентската "Шекспир танго". Од Русија доаѓа претставата "Жив товар", како и "Ко Ко" во француско-хрватска копродукција.

На Фестивалот ќе биде отворена изложба на фотографии посветени на бардот на македонското глумиште Шишков, а ќе бидат одржани уметнички вечери посветени на актерките Јоана Попоска од Битола и Рада Ѓуричин од Белград.

Во чест на наградениот ќе биде одржан концерт на театарска и филмска музика од ансамблот "Фолтин" од Битола.

 
2007-9-5 PDF Печати

08.09.2007 | Одбележан 8 ми Септември - Денот на независноста на Р. Македонија. Денес, во склоп на одбележувањето на независноста на Р. Македонија Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев и Претседателот на Советот на Општина Струмица, Зоран Ристов положија свежо цвеќе пред Споменикот на Гоце Делчев.

 

За историографијата на празникот зборуваше Претседателот на Советот на општина Струмица, Зоран Ристов кој истакна:

“Верификацијата на сремежот за осамостојување, Македонскиот народ направи токму на денешен ден во 1991 година, кога го рече референдумското “ДА” за својата самобитна иднина. Со тоа сонот на Гоце Делчев, Јане Сандански, Ѓорче Петров и останатите македонски синови, стана јаве за нашите современици, кои на најубав можен начин го прославија осамостојувањето на својата татковина. Одтогаш Македонија, почна да живее еден нов живот носејќи ги со себе сите неопходни нишани на една суверена и самостојна држава која го бара местото под сонцето во големото светско и европско живеалиште.

За жал, и 16 години подоцна од тој историски 8-ми Септември, Република Македонија сеуште го живее предолгиот период наречен транзиција. Одот по трње во трансформацијата на општествено-политичкиот и економскиот  процес на државава, на внатрешен и надворешен план, е последица на низа објективни и субјективни причини. Но мора да си признаеме, сакале тоа да го сториме или не, дека нагласената политичка поларизација која е дел од нашето секојдневие, и е навлезена во сите пори и области на нашето севкупно живеење има длабоки импликации во нормалниот развој на општеството, и претставува сериозна закана за нашата кревка демократија. Од сите нас зависи, дали ќе се откажеме од наследството на синдромот на самоуништување или ќе го прифатиме како наша судбинска реалност. Јас сум убеден дека ќе бидеме сите доволно мудри и ќе се издигнеме над нашите суети, оти само на тој начин ќе го оправдаме  8-ми Септември, оти само на тој начин ќе си докажеме самите себе си но и на опкружувањето, европската и светската јавност дека ја заслужуваме самобитноста на нашата татковина”.

 
2007-9-4 PDF Печати

06.09.2007 | Почитувани граѓани, Ве покануваме да присуствувате на свеченостите и манифестациите организирани по повод одбележувањето на  независноста на Република Македонија 8 ми септември и денот на ослободувањето на Струмица,11 Септември, што ќе се реализираат во деновите 06, 07, 08, 09, 10, и 11.09.2007 година во Струмица.

 

ПРОГРАМА

06.09.2007 ГОДИНА (ЧЕТВРТОК)

- 20,00 часотКонцерт на хор  и солисти од АКУД  “Мирче Ацев” - Скопје
Диригент -  маестро Томислав Шопов
Локација:  НУЦК “Антон Панов“  Струмица
Носител: Општина  Струмица

07.09.2007 ГОДИНА (ПЕТОК)

- 20,00 часот – Премиера на театарска престава “Враќање” од Харолд Пинтер
Локација:  НУЦК “Антон Панов“  Струмица
Носител: НУЦК “Антон Панов“  Струмица

08.09.2007 ГОДИНА (САБОТА)

- 10,00 часот – Свечености пред споменикот на Гоце Делчев:
- Реч за историографијата на празникот;
- Полагање на свежо цвеќе;
- “- Да ти е вечна независноста Македонијо” Рецитал во изведба  на рецитатори од Рецитаторската секција при Домот за деца и млади “Благој Мучето”  Струмица.
(Поаѓање кон Споменикот  на Гоце Делчев во 09,45 часот од пред зградата на Локалната самоуправа)

- 19,30 часот - Свечено отварање на Фестивалот  на камерен театар “Ристо Шишков”.
Локација: НУЦК “Антон Панов“  Струмица
Носител:  Советот на Фестивалот.

09.09.2007 ГОДИНА (НЕДЕЛА)

- 19,00  часот - Денови на италијанската култура
Локација:Римски терми – Бања Банско
Носител: Италијански културен центар “Џакомо Леопарди”

10.09.2007  ГОДИНА (ПОНЕДЕЛНИК)

- 09,00 часот- Турнир во мал фудбал за  ученици од  средните училишта во Општина Струмица.
Локација: Сала во СОУ “ Никола Карев” Струмица
Носител: Општински сојуз на училишен спорт- Струмица

- 10,00 часот- Турнир во мал фудбал за  ученици од основните училишта во Општина Струмица.
Локација: Спортски терен при ОУ “Никола Вапцаров”-
Струмица
Носител: Општински сојуз на училишен спорт- Струмица

11.09.2007  ГОДИНА (ВТОРНИК)

- 10,00 часот – Свечености пред споменикот на Револуцијата во Градскиот парк:
- Реч за историографијата на празникот;
- Полагање на свежо цвеќе;
- Револуционерна поезија во кажување на рецитатори од Рецитаторската секција при Домот за деца и млади “Благој Мучето”  Струмица.
(Поаѓање кон Споменикот на  Револуцијата во 09,45 часот од пред зградата на Локалната самоуправа)

- 10,30 часот- Засадување на дрвце  на другарувањето во Алејата на младите во Градскиот парк
Локација: Веднаш до Споменикот
Носител: Домот за деца и малди “Благој Мучето” Струмица

- 16,00 часот- Пријателски меѓународен натпревар
ФК  “Беласица” Струмица (пионери) – ФК”Левски” Софија (пионери)
Локација: Градски стадион “Младост” Струмица
Носител: Општина Струмица

- 20,15 часот -  Отварање на изложба на дела  од  44. Меѓународна струмичка ликовна колонија
Локација: Изложбен салон при НУЦК “Антон Панов“ 
Носител: НУЦК “Антон Панов“  Струмица.

 
2007-9-3 PDF Печати

06.09.2007 | Прв оперски концерт во Струмица. Во организација на Општина Струмица, а под покровителство на Градоначалникот на Општина Струмица, Зоран Заев денес (06.09.2007 година, четврток) во фоајето на НУЦК “Антон Панов” - Струмица, со почеток во 20 часот ќе се одржи целовечерен оперски концерт на академскиот хор при АКУД “Мирче Ацев”- Скопје.

 

Оперскиот концерт ќе се одржи под диригентска палка на Маестро Томислав Шопов и солистите од Македонската опера и балет: Милена Арсовска - сопран, Гонца Богоромова - сопран, Игор Гиновски - тенор, и Ернест Ибраимовски - баритон, со клавирска придружба на Андреј Наумов и Томислав Шопов.

Настанот се организира по повод одбележувањето на празникот 8-ми Септември - независноста на РМ и 11 - ти Септември - ослободувањето на Струмица.

По тој повод ги покануваме сите граѓани - љубители на оперската музика да присуствуваат на овој несекојдневен настан.

 
2007-9-2 PDF Печати

05.09.2007 | Основните училишта во Општина Струмица добија донација од Македонски центар за граѓанско образование. Донацијата е овозможена преку Програмата за мали грантови поддржан од фондови на Агенцијата на САД за меѓународен развој, со проектот ,,Унапредување на образованието во Македонија,, за кој Општина Струмица потпиша меморандум за соработка и активно учествуваше во донесувањето на одлука за избор на училишта кои треба да добијат донација.

Претставници на МЦГО-Скопје на ден 05.09.2007 година во неколку основни училишта од Општина Струмица донесоа опрема и нагледни средства.

Донација во нагледни средства добија ОУ ,,Даме Груев,,-Куклиш и ОУ ,,Сандо Масев,,-Струмица, а школски табли беа доставени во ОУ ,,Маршал Тито,,-Муртино. Во три ОУ беа изведени градежно-занаетчиски работи. Во ОУ ,,Гоце Делчев,,-Вељуса целосно се заменети старите светлечки тела со нови, во ОУ ,,Никола Вапцаров,,-Струмица е извршено реновирање на санитарен јазол, а во ОУ ,,Видое Подгорец,,-Струмица е извршено засилување на електрична инсталација на еден кат.

Вкупниот износ на донацијата изнесува околу 5.000 американски долари.

 
Повеќе Артикли...
«ПочетокПред12СледноКрај»

Страница 1 од 2