Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

 

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџет за 2015 година

Буџетите на општината пред 2015 година и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2017 кои се поставени на општинската веб страница.

Социјална карта на општина Струмица

Вести - Јануари 2008

2008-1-8


31.01.2008 | Свечено отворање на Новиот Градски Пазар во Струмица. Почитувани граѓани на општина Струмица, Ми претставува особена чест и задоволство да Ве поканам да присуствувате на отворањето на Новиот Градски Пазар во Струмица кое ќе се одржи на 05.02.2008 година (вторник) во 18 часот.
Градоначалник,
Зоран Заев

2008-1-7


31.01.2008 | Отворено со Градоначалникот, месец Јануари. Редовната емисија “Отворено со Градоначалникот” за месец јануари ќе се одржи вечерва во 20,30 часот на Телевизија Вис. Прашања до Градоначалникот на Општина Струмица може да се поставуваат на телефон 347-111.

2008-1-6


31.01.2008 | Одржана 64 седница на Советот на Општина Струмица. Советот на Општина Струмица, ја оддржа 64 седница на која советниците го усвоија Извештајот за извршените работни задачи на Територијалната професионална противпожарна единица Струмица за 2007 година како и Програмата за работа на Територијалната професионална противпожарна единица - Струмица во 2008 година.

 

Советниците го поддржа и Предлог Планот за запишување на ученици во I година во Средните општински училишта во Општина Струмица во учебната 2008/2009 година. Советот на општина Струмица ја усвои и Програмата за одбележување на значајни настани и истакнати личности во Општина Струмица со спомен-обележја со која е предвидено во текот на 2008 година да бидат подигнати две спомен обележја – бисти на Генерал Боро Поцков и Првоборецот Герас Цунев. Спомен бистите ќе бидат подигнати во малиот градски парк, и за нивно подигнување се предвидени средства во Буџетот на Општина Струмица.

На Барање на Комисијата за утврдување на пазарната вредност на недвижен имот, Советот на Општина Струмица донесе одлука за зголемување на цените за проценка на недвижен имот и за признавање на трошоците за превоз на членовите на комсијата до и од населените места. Советот донесе и Решение за разрешување и именување на членови во Комисијата за утврдување на пазарната вредност на недвижниот имот на подрачјето на Општина Струмица.

Членовите на Советот дадоа согласност на Одлука на Управниот Одбор на ЈПКД „Комуналец” Струмица за утврдување на цените за користење на простор во новиот Градски пазар – Струмица. Согласно тоа висината на цените за користење на продажни места во Градски пазар во Струмица изнесуваат:

1. Издавање на продажно место тезга по м ² за еден месец со ДДВ ,по договор изнесува 1240,00 ден.
2. Резервација на продажно место тезга по м2 за еден месец со ДДВ само во пазарен ден 870,00 ден.
3. Издавање на продажно место тезга по м2 со ДДВ дневно 200,00 ден.
4. Наплата на пазришна такса од вредноста на внесените
земјоделски производи во пазарен ден 5%
На 64 седница Советот на Општина Струмица донесе и Одлука за основање на Јавно претпријатие за изградба, одржување и користење на јавни паркинг простори “ЈП ,,Паркиралишта Струмица”. Со донесувањето на оваа Одлука за основање на јавното претпријатие се очекува да се воспостави ред во сообраќајот во градот. Јавното претпријатие ќе биде надлежно и за уредување на јавниот простор за паркирање и за отстранување на непрописно паркираните возила и хаварисаните возила од јавните површини.
На седницата присуствуваа 22 членови на Советот на Општина Струмица.

2008-1-5


29.01.2008 | Заедничка победа на струмичани во борбата со карциномот во Република Македонија. Синоќа, во Домот на АРМ во Струмица се одржа завршната трибина „Заедно сме силни“ како заокружување на целокупниот проектен циклус од проектот Заедничката победа на струмичани во борбата со карциномот во Република Македонија.

 

Во рамките на проектот „Заедничката победа на струмичани во борбата со карциномот во Република Македонија “, во реализација на Општина Струмица и Организација на жени Струмица, поддржан од Институтот за човекови права Лудвиг Болтзман од Виена, финасисран од Австриска развојна поддршка, синоќа, во Домот на АРМ во Струмица се одржа завршната трибина „Заедно сме силни“ како заокружување на целокупниот проектен циклус.

На Трибината пред аудиториумот во исполнетата сала беше презентиран текот на целиот проектен циклус, со сублимат од резултатите и ефектите од истиот.

Трибината обработуваше две значајни теми:

1. Потребата од промена во перцепцијата на зборот карцином заради подобра и поздрава заедница;
2. Потребата од континуирани информативно едукативни предавања за карцином со посебен осврт на карцином на дојка и потребата од продолжување на проектот;

Во рамките на овој проект во изминатите 8 месеци се оддржа низа едукативни предавања низ сите населени места на територијата на Општина Струмица и општините во регионот, за подигање на свеста на населението за значењето на раната детекција на карциномот.

2008-1-4


28.01.2008 | Шеесет и четврта седница на Советот на Општина Струмица. Претседателот на Советот на општина Струмица, Зоран Ристов ја закажа шеесет и четвртата седница на Советот на општина Струмица за 31.01.2008год. (четврток) во 11.00 часот. Дневниот ред за 64 седница може да го превземете

 

Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот за локална самоуправа ("Сл. весник на РМ" бр. 5/02) и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица" бр. 2/06), донесувам

РЕШЕНИЕ ЗА СВИКУВАЊЕ НА ШЕЕСЕТ И ЧЕТВРТАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА СТРУМИЦА

ЈА СВИКУВАМ шеесет и четвртата седница на Советот на општина Струмица за ден 31.01.2008 год.(четврток). Шеесет и четвртата седница на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 11,00 часот.

За работа на седницата   предлагам:

Ι. Усвојување на записникот од шеесет и третата седница  на Советот на општина Струмица, и

II. Дневен ред

1. Извештај за извршените работни задачи на Територијалната професионална противпожарна единица Струмица за 2007 година;
2. Предлог-Програма за работа на Територијалната професионална противпожарна единица - Струмица во 2008 година;
3. Предлог-план за запишување на ученици во I година во Средните општински училишта во Општина Струмица во учебната 2008/2009 година
4. Предлог-Програма за одбележување на значајни настани и истакнати личности во Општина Струмица со спомен-обележја;
5. Предлог - Одлука за утврдување надоместок за работата на Комисија за утврдување на пазарната вредност на недвижен имот на подрачјето на Општина Струмица;
6. Давање согласност на Одлука на УО на ЈПКД „Комуналец” Струмица; 
7. Предлог-Одлука за основање на Јавно претпријатие за изградба, одржување и користење на јавни паркинг простори. и
8. Решение за разрешување и именување на членови во Комисијата за утврдување на пазарната вредност на недвижниот имот на подрачјето на Општина Струмица.


Совет на општина Струмица
Претседател,
Зоран Ристов

2008-1-3


21.01.2008 | Заврши 14–от Новогодишно–Божиќен турнир во мал фудбал “Струмица 2007/2008”. Екипата на Миравци е победник на Новогодишно Божиќниот турнир Струмица 2007/2008, откако во финалето ја совлада екипата на Disney Mece со 3:1. Третопласирана беше екипата на Марфил која во малото финале на пенали ја совлада екипата на Фауна.

 

Екипата на Миравци е победник на Новогодишно Божиќниот турнир Струмица 2007/2008, откако во финалето ја совлада екипата на Disney Mece со 3:1. Третопласирана беше екипата на Марфил која во малото финале на пенали ја совлда екипата на Фауна. Новогодишно Божиќниот турнир во мал фудбал кој е под покровителство на Градоначалникот и Советот на Општина Струмица оваа година беше со најголем награден фонд во историјата на малиот фудбал во Македонија, со износ од 500.000 денари. Ексклузивен покровител на турнирот беше Де лукс инжинеринг–Струмица.





Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев и Претседателот на Советот на општина Струмица, Зоран Ристов ги доделија наградите на најдобрите екипи. Победничките екипи добија пехари и парични награди и тоа: Миравци 300.000 денари, Disney Meчe 125.000 денари, Марфил 50.000 денари, и Фауна 25.000 денари.
















На турнирот беа доделени и награди за најдобар голман, стрелец, фер плеј и најдобар играч. Најдобар голман на 14-тиот Новогодишно Божиќен турнир во мал фудбал е Столе Димовски од екипата на Еленица, а најдобар стрелец со 7 постигнати гола е Дарко Ранготов од екипата на Disney Meчe. Фер плеј на овогодинешниот турнир е Горан Спиркоски од екипата на Марфил а за најдобар играч беше прогласен Крсте Тодоров од екипата на Миравци. Предигра на финалните натпревари беа пионерските екипи на Тиверија и Василево. Натпреварот заврши со резултат 3:1 во корист на пионерите на Тиверија. На 14 тиот НБТ учествуваа 36 екипи, 432 играчи, а беа одиграни 80 натпревари.

Страница 1 од 2

© 2005-2017 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544