Вести - Февруари 2008
2008-2-9 PDF Печати


10.03.2008 | Над 3.000 млади струмичани учествуваа на Детскиот карневал. Традиционалниот детски карневал од Струмичкиот карневал секогаш се одржува на христијанскиот празник Прочка. Голем број деца под маски, со креации и анимации на своите јунаци од цртаните филмови, принцези, невести, цвеќиња и друго, дефилираа во центарот на градот. Најмладите струмичани потврдија дека Струмичкиот карневал има блескава иднина.










 
2008-2-8 PDF Печати


08.03.2008 | Традиционалниот маскембал го означи стартот на Струмичкиот карневал. Со многу маски, сите убаво осмислени и во прекрасна атмосфера, се одржа традиционалниот маскембал на кој беа избрани принцот и принцезата на овогодишниот Струмички карневал. Честа да бидат во кралската свита на Струмичкиот карневал 2008 им припадна на струмичаните Елена Милушева и Горан Сапунџиев.

„Ако утрото денот го краси, и нашиот маскенбал ќе ни ја краси главната карневалска вечер, односно и таа ќе се надмине себеси и ќе докаже дека Струмица има срце за Струмичкиот карневал“, рече Александар Цицимов, претседателот на градски комитет на FЕCC.
После успешниот маскембал организаторите на Струмичкиот карневал – Градскиот карневалски одбор - се оптимисти дека годинава ќе се случи најдоброто издание на Струмичкиот карневал.

















 
2008-2-7 PDF Печати

21.02.2008 | Општина Струмица - Пилот општина во проектот ,,Унапредување на образованието во општините,, Во организација на Македонскиот центар за граѓанско образование (МЦГО)-Скопје, на 21 февруари 2008 година во хотелот ,,Александар Палас,,-Скопје се одржа завршна конференција за проектот ,,Унапредување на образованието во општините,,

 




На конференцијата присуствуваа претставници од 10 општини-учесници во проектот. Од општина Струмица, како пилот општина во овој проект кој траеше две години, присуствуваше градоначалникот на општина Струмица, г-динот Зоран Заев и членовите на општинското образовно тело, формирано по иницијатива на МЦГО-Скопје.







Пригоден говор по повод завршната конференција одржаа:
-директорот на ИТЗ г-ѓа Стефани Раст,
-директорот на одделот за демократија и локална власт при УСАИД, г-динот Мајкл Еди,
-извршниот директор на МЦГО, г-ѓица Лорета Георгиева и
-градоначалникот на општина Струмица, г-динот Зоран Заев.

Во својот завршен збор, г-динот Заев рече:
,,Откако ја научивме лекцијата наречена децентрализација и сфативме дека општината е матица, а секое училиште посебна клетка со значајна улога во неа, бевме приморани да изнаоѓаме модуси за трансформирање и унапредување на се она што го наследивме од централната власт. И така, ние, како одговорни за условите во коишто образованието ќе го има својот реален развоен пат се обративме до МЦГО за заеднички да направиме напори за подобрување на условите и квалитетот на образованието во нашата општина. Го прифативме императивот за проекција на развојни планови, стратешки цели, критериуми за стручност и професионалност,следење на современи текови и нивна примена во воспитно-образовниот процес, идентификација на проблемите и нивно решавање и соработка со домашни и меѓународни институции и фондации кои даваат свој придонес во севкупниот развој на образованието во нашата држава. На тој начин овозможуваме училиштето да се развива и еволуира на најдобар можен начин. Како резултат на таквите заложби и ангажмани во 2004/05 година општина Струмица, заедно со трите соседни општини, учествуваше во реализација на проектот ,,Поддршка на децентрализацијата на образованието во Македонија,, спроведен од Македонскиот центар за граѓанско образование.
Тргнувајќи од сложеноста на воспитно-образовниот процес, а следејќи ги потребите на училиштата, општината се вклучи и во проектот за кој денес сме овде ,,Унапредување на образованието во општините,, реализиран од МЦГО, а поддржан од Институтот за трајни заедници и од УСАИД-Агенцијата на САД за меѓународен развој. Општина Струмица активно соработуваше со МЦГО споделувајќи ги своите искуства од пилот проектот.

На конференцијата беше извршена презентација на проектните активности од проектот и беше промовирана брошурата и ЦД за општинските образовни политики на секоја од десетте општини, учесници во проектот.
Градоначалникот на општина Струмица, г-динот Зоран Заев, во името на 10-те општини, учесници во проектот, на претставникот на МЦГО му врачи благодарница и плакета.
Благодарноста не изостана и од нивна страна. Општина Струмица доби благодарница за успешната соработка и реализација на проектот.

 
2008-2-6 PDF Печати


13.02.2008 | Отвoрање на изложба на уметнички слики како дел од детската ликовна работилница. Во рамките на проектот „Социјална инклузија на деца и млади од Струмичкиот регион“, Градоначалникот на Општина Струмица, Зоран Заев, пред бројниот аудиториум во Националната Установа Центар за Култура „Антон Панов“во Струмица, ја отвори изложбата на слики од детската ликовна работилница.




Во рамките на проектот „Социјална Инклузија на деца и млади од Струмичкиот регион“ во реализација на Центарот за образование Спорт и култура АБЦ Струмица со поддршка на Општина Струмица и соработка на НУЦК Антон Панов Струмица се реализираат сет од активности кои имаат за цел анимација на нашата млада популација и нејзино целосно вклучување во култрното општествено живеење на заедницата. Во рамките на овој проект беше и отварањето на изложбата на слики како дел од двонеделната детска ликовна работилница на која зедоа учество околу дваесет талентирани ученици од основните училишта во Струмица. Изложбата ја отвори Градоначалникот на Општина Струмица, Зоран Заев.




На изложбата беа изложени четириесет слики, дела на младите уметници производ на нивните исконски души.




Најдобрите дваесет дела ке бидат дел од Битолскиот монмартр, а останатите ќе ги красат нашите училишта и институции.




 
2008-2-5 PDF Печати


11.02.2008 | Работна средба на Градоначалникот на Општина Струмица со претставници на УСАИД Македонија.
Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев оствари работна средба со директорот на проектот на УСАИД за локална самоуправа г-дин Двејн Брд и директорот на проектот за конкурентност на УСАИД, г-дин Нимиш Џавери.







На состанокот присуствуваа и г-ѓа Розалија Василевска, Лидер на тимот за Локален економски развој на УСАИД и г-ѓа Мирјана Македонска, менаџер за поддршка на инвестиции како и претставници од десетина извозно ориентирани компании од Општина Струмица.




На средбата беше разговарано за бизнис климата во Општина Струмица, бариерите за проширување на бизнисот, отвореноста кон странски директни инвестиции како и потребите и проблемите со кои се соочуваат компаниите од Струмица при своете работење.

Градоначалникот Заев, ги информираше претставниците на УСАИД за активностите кои ги превзема Општина Струмица на полето на подобрување на бизнис климата, зголемување на вработеноста како и изнаоѓање на странски директни инвестиции. Во таа насока Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев истакна дека главниот проблем е градежното земјиште кое е во сопственост на Владата на Р.Македонија, а притоа Р.Македонија е единствената држава во Европа каде државата администрира со градежното земјиште. Градоначалникот изрази надеж дека после завршувањето на реформите во катастарот Владата ќе го преотстапи земјиштето на општините и истото ќе се стави во фукција на локалниот економски развој.

Во рамките на двата проекти на УСАИД Македонија, ќе бидат превземени повеќе мерки за подобрување на деловната клима во Општина Струмица.

 
2008-2-4 PDF Печати


07.02.2008 | Ден на дрвото- засади ја својата иднина.
И Општина Струмица активно се вклучува во Кампањата Ден на дрвото-„Засади ја својата иднина“ На 12 март 2008 година сите граѓани на Општина Струмица ќе излезат на утврдените локалитети да засадат дрвце на својата иднина.

 

И Општина Струмица активно се вклучува во Кампањата Ден на дрвото-„Засади ја својата иднина"
На 12 март 2008 година сите граѓани на Општина Струмица ќе излезат на утврдените локалитети да засадат дрвце на својата иднина. Во рамките на започнатата кампања Ден на дрвото-„Засади ја својата иднина“, Општина Струмица со особена чест и задоволство прифати да биде дел од оваа акција за разеленување и разубавување на нашата Татковина. Во кабинетот на Градоначалникот Зоран Заев, беше примена делегација на Иницијативниот одбор меѓу кои и познатиот Бубо Каров. Општина Струмица изрази целосна подготвеност за организирање и активно вклучување на заедницата во оваа акција за засадување на два милиони садници, од кои шеесетиљади се за Струмичкиот регион. Отпочнувањето на акцијата симболично беше одбележано со засадување на дрвца во дворот на Гимназијата Јане Сандански во Струмица.







Претставници на Иницијативниот одбор проектот-иницијативата, официјално ја промовираа пред струмичката јавност во домот на АРМ во Струмица на 07.02.2008 година.




Пошумувањето ќе се изврши на три локации во Струмичкиот регион: Месноста викана Чамчифлик, одредена локација над селото Сушево, како и на месноста викана Лакита над селото Иловица. Главната активност ќе се одржи на 12 март, ден по традиционалниот Струмички карневал. Местото на тргнување ќе биде од пред општинската административна зграда во Струмица. Се повикуваат сите граѓани на струмичкиот регион масовно да се вклучат во акцијата за да го покажеме нашето единство во намерата да ја сочуваме и разубавиме нашата единствена Македонија.

 
2008-2-3 PDF Печати


06.02.2008 | Градоначалникот на Копер од Словенија, Борис Поповиќ во посета на Струмица.
На покана на Градоначалникот на Општина Струмица, Зоран Заев, во периодот од 04 до 06 февруари во Струмица престојуваше Градоначалникот на Општина Копер од Република Словенија, г-дин Борис Поповиќ.

 

 

Во рамките на дводневната посета на Струмица, Високиот гостин од Република Словенија оствари средба со Градоначалникот на Струмица, Зоран Заев, при што беа водени конструктивни разговори за размена на искуства и продлабочување на соработката меѓу двете општини. Мегу делегацијата од Словенија беше и познатиот каскадер, струмичанецот, Рок Цветков.
Градоначалникот на Копер, г-динот Поповиќ го посети Комплексот Манастири Св.Леонтиј во Водоча и Св. Богородица Елеуса во Вељуса, како и Римската терма во Банско, запознавајќи го културното историско наследство на Струмица. На 05 Февруари Градоначалникот на Копер присуствуваше на отварањето на новиот градски пазар при што беше пријатно изненаден од топлината и непосредноста на струмичани, посебно од масовносто присуство на граѓани на отварањето на Градскиот пазар, што го означи како позитивен импулс за граѓаните на Струмица да живеат во модерен и современ град. Воодушевен од грандиозноста и современоста на објектот со модерниот градски пазар од затворен тип, Градоначалникот Поповиќ истакна дека вакви позитивни примери се искуство и за словенските општини.

 
2008-2-2 PDF Печати


06.02.2008 | Импресивното архитектонско здание наречено “Глобал” e новиот заштитен знак на градот под Царевите Кули.
“Убеден сум дека “Глобал” ќе биде гордост на сите струмичани,” рече вчера Градоначалникот на општина Струмица Зоран Заев, на отварањето на новиот Градски Пазар.

 

“Убеден сум дека “Глобал” ќе биде гордост на сите струмичани,” рече вчера Градоначалникот на општина Струмица Зоран Заев, на отварањето на новиот Градски Пазар. Во присуство на голем број гости од Републиката и странство, Претседателот на Република Македонија г-дин Бранко Црвенковски свечено го предаде во употреба новиот Градски пазар во Струмица, со првата катна гаража во Р. Македонија. Од вчера импресивното архитектонско здание наречен “Глобал” e новиот заштитен знак на градот под Царевите Кули. По свеченото предавање во употреба, објектот го освети Митрополитот Струмички Господин Наум.



август 2006 година




февруари 2008 година














Говор на Градоначалникот на општина Струмица Зоран Заев.

Почитуван Претседателе на Република Македонија, почитувани гости, драги мои сограѓани, дами и господа.
Можеби вечерва не треба да го правам она што во моментов го правам. Можеби вечерва не треба да се каже ниту еден единствен збор, затоа што овој објект пред нас зборува сам за себе. Зборовите треба да ги кажат сите оние кои до денес и од денес па во иднина биле и ќе бидат современици на новото струмичко секојдневие.
Ние тоа секојдневие одлучивме да го проектираме во согласност со современите текови. Одлучивме да сонуваме со отворени очи па сонот за некакви европски вредности го преточуваме во наше заедничко јаве.

И кога еден ден нашиот стремеж за влез во големото европско семејство ќе стане реалност, ќе сакаме да веруваме дека портата на светогледот изникна токму во нашава Струмица. Ако се оди по онаа народната “Молчењето е злато” можеби навистина вечерва не треба да се трошат многу зборови. Но повеќе од злато вреди она што треба да се знае, што е вистината за Градскиот пазар и кои се придобивките од овој објект.
Имено, за само 17 од предвидените 24 месеци, на местото на дотогаш санитарно неисправниот пазар изникна најмодерниот пазар во Република Македонија, единствен по многу нешта. Единствен како прв објект од ваков карактер во кој на дело се покажа резултатот од јавното – приватно партнертство. Единствен по својот габарит, современост и функционалност и секако единствен според фактот дека во негови рамки се наоѓа првата катна гаража во Македонија со капацитет од 380 возила, со што се прави сериозен обид за справување со сообраќајниот хаос во централното градско подрачје. Она што треба да се знае е дека освен просторот на Градскиот пазар, Општина Струмица во овој објект вложи идеа и инвестиции од нула денари. Останатото го сторија оние кои се најзаслужните – вредните соинвеститори “Делукс Инженеринг” и “Сим – инженеринг” кои на најубав можен начин, проектот на архитектот Стојан Динев го спроведоа во прекрасно дело.
За возврат Струмица доби европски објект од 40.000 метри квадратни: повеќе, поголеми и поубави тезги, општината доби свој деловен простор и 18% од катната гаража.
Економските параметри велат дека на име комуналии општина Струмица доби 66 милиони денари или 1,1 милион евра, а се очекуваат уште 25 милиони денари или 400 илјади евра од данок на промет. Се разбира станува збор за средства чија намена се повторно проекти за развој на општината.

Делува фрапантно податокот дека по основ на разни даноци Државата – Република Македонија ќе заработи од овој објект – 3 милиони евра. Треба ли да се прават посебни анализи за економскиот бенефит ако се знае податокот дека во изградбата на објектот учествуваа 120 изведувачи и подизведувачи и тоа домашни фирми. И се разбира листата од придобивки од овој капитален објект завршува со реалната можност за отворање нови работни места. Ете зошто силно веруваме во овој проект и со многу љубов идеата ја преточивме во реализација.
Пред нас е нешто што ќе им служи на многу генерации струмичани и затоа не денешнината, туку иднината ќе го даде конечниот суд за оправданоста на овој објект.
Почитувани дами и господа, сакам на самиот крај да им изразам зборови на благодарност на соинвеститорите, на сите што учествуваа во изградбата на Градскиот пазар, и на сите што не подржуваа во миговите кога ни беше најтешко. Верувам дека со оваа преубава градба наречена Глобал, Струмица недвосмислено го бара своето место во глобалниот свет на економијата. Убеден сум дека “Глобал” ќе биде гордост на струмичани, и за оние кои веруваа и за оние кои не веруваа во нас и во него. Благодарам.






























 
2008-2-1 PDF Печати


05.02.2008 | Претседателот на Р. Македонија Бранко Црвенковски во посета на Општина Струмица.
Денес Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев оствари работна средба со Претседателот на Р. Македонија Бранко Црвенковски.

 

Денес, Претседателот на Р. Македонија Бранко Црвенковски беше во работна посета на општина Струмица. Претседателот Црвенковски оствари средба со Градоначалникот и со членовите на Советот на општина Струмица.







За време на посетата Претседателот се сретна и со претставници на неколку невладини организации од Струмица.




Посетата на општина Струмица, Претседателот ја започна со посета на Заводот за заштита и рехабилитација "Бања Банско" во Струмица.