Вести - Април 2008
2008-5-2 PDF Печати


05.05.2008 | ГИМНАЗИЈАДА 2008 – СТРУМИЦА.
Општина Струмица ќе биде домаќин на средношколската Олимпијада која ќе се одржи од 08-10 мај 2008 година во Струмица. На истата ќе земат учество преку 650 средношколци од цела Македонија кои ќе се натпреваруваат во повеќе спортови: кошарка, одбојка, ракомет, мал фудбал и атлетика во машка и женска конкуренција...

 



 
2008-4-11 PDF Печати


24.04.2008 | ВЕЛИГДЕНСКИ ХЕПЕНИНГ.
Во пресрет на големиот христијански празник Велигден, на иницијатива на членовите на Долниот дом на Детскиот парламент, Младинскиот совет на Струмица, на 24.04.2008 година, во Домот на АРМ во Струмица организираше велигденски хепенинг...

 

Во пресрет на големиот христијански празник Велигден, на иницијатива на членовите на Долниот дом на Детскиот парламент, Младинскиот совет на Струмица, организираше велигденски хепенинг, каде децата имаа можност да го потенцираат одбележувањето на традиционалниот христијански обичај, вапцување на велигденски јајца и истовремено преку дружба да ја искажат сета своја уметничка креативност, секако давајќи му на настанот хумана димензија.

На хепенингот учество зедоа 250 деца од сите девет основни училишта од општината, децата од Јавната Установа Завод за рехабилитација Бања Банско, како и децата со посебни потреби членови на Граѓанското здружение „Порака“ од Струмица. Вапцаните јајца беа изложени на продажба од 13 часот, а собраните средства ќе бидат употребени во хуманитарни цели, посебно за децата со посебни потреби.
Во реализацијата на овој велигденски хепенинг, покрај Општина Струмица, посебно место завземаат Центарот за образование спорт и култура АБЦ Струмица и Здружението на граѓани „Струма“ од Струмица.

 
2008-4-10 PDF Печати


21.04.2008 | СЕ ПОПЛОЧУВА ТРОТОАРОТ НА БУЛЕВАР МАРШАЛ ТИТО.
Привршува поплочувањето на дел од тротоарот на Булевар Маршал Тито со бетонски павер елементи. Вкупно 357 м2 тротоар беше поплочен со бетонски павер елементи во изминатите неколку дена со што и овој дел од булеварот (во близина на Супермаркетот Тинекс) се уреди и се вклопи на претходно поплочениот тротоар по целата должина на Булеварот Маршал Тито...

 

 
2008-4-9 PDF Печати


21.04.2008 | НОВИ ПАРКОВИ ВО КОСТУРИНО, САЧЕВО, ГАБРОВО и ПОПЧЕВО. Уредени паркови и нови зелени површини во 4 населени места во согласност со програмата за уредување на градежното земјиште на територијата на Општина Струмица за 2008 година. На 4 локации од посочените населени места интензивно се работи на нивно хортикултурно уредување, поплочување со бетонски павер елементи, и поставување на нови клупи...

Уредени паркови и нови зелени површини во 4 населени места во согласност со програмата за уредување на градежното земјиште на територијата на Општина Струмица за 2008 година. На 4 локации од посочените населени места интензивно се работи на нивно хортикултурно уредување, поплочување со бетонски павер елементи, и поставување на нови клупи.





 
2008-4-8 PDF Печати


21.04.2008 | СЕ ПРОШИРУВА УЛИЦАТА И МОСТОТ КОН с. САЧЕВО.
На барање на жителите на Сачево започна проширувањето на локалниот пат од раскрсницата до мостот кон село Сачево. Активностите ги извршува ГП Пелагонија која достави најповолна понуда во однос на останатите учесници на тендерот објавен за оваа намена. Во склоп на овие активности комплетно ќе биде заменет стариот мост и ќе биде поставена метална заштитна...

На барање на жителите на Сачево започна проширувањето на локалниот пат од раскрсницата до мостот кон село Сачево. Активностите ги извршува ГП Пелагонија која достави најповолна понуда во однос на останатите учесници на тендерот објавен за оваа намена. Во склоп на овие активности комплетно ќе биде заменет стариот мост и ќе биде поставена метална заштитна ограда на мостот кој води кон населеното место.



 
2008-4-7 PDF Печати


21.04.2008 | 6 НОВИ ДЕТСКИ ИГРАЛИШТА И НОВИ ИГРАЧКИ ЗА ДЕЦАТА ВО ДЕТСКИТЕ ГРАДИНКИ. Заврши уредувањето на шесте нови детски игралишта во Општина Струмица. Игралиштата се распоредени на повеќе локации во Струмица и тоа на улица Младинска бр.122 (во дворот на детската градинка кај ОУ Никола Вапцаров), детско игралиште кај пазарот Чешел, детско игралиште Шпики, игралиште на улица Брака Миладиновци бб (во дворот...

Заврши уредувањето на шесте нови детски игралишта во Општина Струмица. Игралиштата се распоредени на повеќе локации во Струмица и тоа на улица Младинска бр.122 (во дворот на детската градинка кај ОУ Никола Вапцаров), детско игралиште кај пазарот Чешел, детско игралиште Шпики, игралиште на улица Брака Миладиновци бб (во дворот на детската градинка кај Црвен Крст), игралиште на ул. Младинска бр.1 (во дворот на централната детска градинка) и на улица Маршал Тито кај новиот булевар кој е во фаза на изградба.

Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев го посети игралиштето на улица Младинска бр.122 (во дворот на детската градинка кај ОУ Никола Вапцаров) и рече:
“Како составен дел од програмата за уредување на градежното земјиште за оваа година со средства од Буџетот на општина Струмица ги репариравме постојните детски игралишта и изградивме шест нови. Се надевам дека овие игралишта ќе бидат максимално искористени во текот на овој пролетен период и ќе бидат задоволство на најмладите членови на нашата заедница”.

Во склоп на активностите од оваа област минатата недела беа набавени нови играчки за децата во сите детските градинки во вредност од 300.000 денари. Најмладите струмичани добија современи играчки во согласност со пропишаните нормативи за играчки и согласно возраста за деца на возраст до 2 години, од 2 до 4 години и играчки за деца од 4 до 6 години.









 
2008-4-6 PDF Печати


16.04.2008 | ИЗВЕСТУВАЊЕ - за пријавените кандидати за полагање возачки испит од „М“ категорија
СВР-Струмица и општина Струмица како организатори на воспитно-сообраќајната акција „Поголема безбедност на велосипедисти со мотор„ ги известува пријавените кандидати дека испитот за возачи на велосипеди со мотор од национална „М„ категорија, ќе...

ИЗВЕСТУВАЊЕ
за пријавените кандидати за полагање возачки испит од „М“ категорија



СВР-Струмица и општина Струмица како организатори на воспитно-сообраќајната акција „Поголема безбедност на велосипедисти со мотор„ ги известува пријавените кандидати дека испитот за возачи на велосипеди со мотор од национална „М„ категорија, ќе се спроведе во сабота на 19.04.2008 година во просториите на ОУ „ВИДОЕ ПОДГОРЕЦ„-СТРУМИЦА и тоа во два термини:

Во терминот од 13,00 часот ќе полагаат кандидатите со приемен број на пријавата од 1 до 80, а во терминот од 15,00 часот кандидатите со приемен број на пријавата од 81 па нагоре.
(види прилог Преглед)

Кандидатите се должни со себе да понесат документ за идентификација со фотографија (ученичка книшка, лична карта или патна исправа) пред Комисијата за спроведување на испитот.
Испитот ќе трае 60 минути.
Заради успешно и навремено спроведување на самиот испит нема да се толерираат доцнењето и неодговорното однесување на пријавените кандидати.

Ви посакуваме успех.

НАЧАЛНИК НА СВР

Марјан Наковски



 
2008-4-5 PDF Печати


15.04.2008 | СО ИНТЕРЕС ПРОСЛЕДЕНА ЕДУКАЦИЈАТА ОД СООБРАЌАЈНО - ВОСПИТНАТА АКЦИЈА ,,ПОГОЛЕМА БЕЗБЕДНОСТ НА ВЕЛОСИПЕДИСТИ СО МОТОР ВО СООБРАЌАЈОТ,,
Во саботата, на 12 април 2008 година, во преполнетата сала на Домот на АРМ-Струмица, со голем интерес од младите учесници во сообраќајот, беше проследена едукацијата од сообраќајно-воспитната акција ,,Поголема безбедност на велосипедисти со мотор,,...

Во саботата, на 12 април 2008 година, во преполнетата сала на Домот на АРМ-Струмица, со голем интерес од младите учесници во сообраќајот, беше проследена едукацијата од сообраќајно-воспитната акција ,,Поголема безбедност на велосипедисти со мотор,,.

Пригодно, на младите учесници во сообраќајот, им се обрати градоначалникот на општина Струмица, г-динот Зоран Заев. Тој истакна дека оваа акција има голема важност особено за младите учесници во сообраќајот, бидејќи тие поради незнаење, неискуство, непримерно однесување и сл. предизвикуваат непосредна опасност или сообраќајна незгода и најчесто се повредени и со предизвикана значителна материјална штета.
Потоа, на присутните им се обратија началникот на СВР-Струмица, г-динот Марјан Наковски, претставникот од ОБСЕ-Оддел за развој на полицијата, г-ѓица Јана Напа и претставникот од МВР-Скопје, полициски советник во секторот за јавен ред и мир, г-ѓа Жаклина Просароска.
На средбата присуствуваа и командирот на ПС-Струмица, г-динот Тони Божиков и командирот на ПС за БПС, г-динот Дејан Ефтимов. Стручниот дел на едукацијата им беше предаден на Васе Јанев-полициски службеник, Марјан Младеновски-сообраќаен инженер и Ѓорги Марчин - професор од СОУ ,,Никола Карев,, - Струмица.
Во организација на МВР-СВР Струмица и општина Струмица, а во соработка со мисијата на ОБСЕ-Оддел за развој на полицијата, сообраќајно-воспитната акција започна пред еден месец, со прибирање релевантни податоци за идентификуваниот локален проблем-младите со велосипеди со мотор, или познатите скутери, веспи или мопеди, за кои младите учесници се или премлади за управување на такво превозно средство или пак немаат положено возачки испит за управување велосипед со мотор.
Од околу 600 ученици, колку што беа запишани од основните и средните училишта од општина Струмица, околу 480 се пријавиле за едукација, а до денот на едукацијата околу 150 се пријавиле за полагање за здобивање со правото на возачка дозвола за националната категорија ,,М,,. Со обезбедени средства од општина Струмица, на сите учесници во оваа акција е овозможено полагањето на возачкиот испит да биде бесплатно, односно тие ги поднесуваат трошоците само за административни таксени марки.

Местото и терминот на полагање дополнително ќе бидат утврдени на оваа веб страна.

 
2008-4-4 PDF Печати


10.04.2008 | ОДРЖАНА НУЛТАТА СЕСИЈА ОД ПРОЕКТОТ “ФОРУМИ ВО ЗАЕДНИЦАТА“
Подобрени услови во образованието, квалитетна инфраструктура, згрижување и заштита на ранливите групи, и развој на руралните средини се темите на кои Струмичани во наредните неколку месеци ќе прават проекти за да ги употребат шесте милиони денари од Општината и Швајцарската агенција за развој и соработка....

Подобрени услови во образованието, квалитетна инфраструктура, згрижување и заштита на ранливите групи, и развој на руралните средини се темите на кои Струмичани во наредните неколку месеци ќе прават проекти за да ги употребат шесте милиони денари од Општината и Швајцарската агенција за развој и соработка.

Верувам дека проектот „Форуми на заедницата„ ќе не надогради како општина, а се надевам дека и проектната задача која ќе ја одбереме да ја реализираме ќе ја сработиме и реализираме како што треба а со тоа ќе им возвратиме на граѓаните кој учествуваат во проектот - рече Градоначалникот Зоран Заев. За него најважно е граѓаните сами да одлучат што им е потребно и што им прави проблеми во секојдневното живеење.

За разлика од првиот човек на Струмица граѓаните имаат свои желби во што да се вложат парите од „Форумот на заедниците„. Струмичани пак задоволни што ќе можат да учествуваат во ваков вид на имплементација на проекти иако сметаат дека и до сега биле почитувани и сослушани за нивните проблеми.
Радува фактот што во проектот се опфатени сите структури на граѓани, само така може до израз да дојдат сите круцијални идеи на граѓани, здруженија, невладини организации, претставници од институции. Освен тоа преку овој проект може да се создадат цврсти партнерства од кој подоцна сите ќе бидат задоволни - Вели Живко Заев - пензионер.

Мислам дека доста демократски е направен проектот „Форуми на заедниците„ ми се допаѓа тоа што Општината ги дала насоките и стратешките цели а граѓаните треба да одлучат каде и во што ќе ги насочат и употребат парите – вели Слаѓана Даова директор на СОУ„Димитар Влахов„ од Струмица.
Шест милиони денари би требало да се искористат во развој на еколошко производство - смета Душко Стоилов – земјоделец од Струмичко.

Претставниците на ЦИРА и Швајцарската агенција за развој и соработка велат дека целта е постигната, убаво е да се видат задоволни лица кои едвај чекаат да го работат и да го спроведат проектот во својата општина.

 
Повеќе Артикли...
«ПочетокПред12СледноКрај»

Страница 1 од 2