Вести - Мај 2008
2008-5-10 PDF Печати


28.05.2008 | ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ И САМОВРАБОТУВАЊЕ НА ТЕЛЕСНО ИНВАЛИДИЗИРАНИ ЛИЦА. Градоначалникот на Општина Струмица, Зоран Заев во рамките на реализацијата на проектот „Одржлив развој и самовработување на телесно инвалидизирани лица“, ја стави во функција првата заштитна работилница за пакување на кристални производи и шеќер во рамките на ЗТИЛ Струмица „МЕСИЈА“...

Оваа Заштитната работилница е реализација на партнерска соработка помеѓу Општината, Центарот за одржлив развој „Порта“ од Струмица и ЗТИЛ Струмица, во насока на градење на капацитетите и вештините на телесно инвалидизираните лица, заради нивно вработување, самовработување и осамостојување.

Технолочкиот процес во Заштитната работилница започна со отпочнување на работата на машините за пакување на шеќер во пакување од 5-20 гр, машината за пакување на ситнозрнести производи во пакување од 5 -20 гр и машината за производство на пластични лажички.
Во Заштитната работилница за почеток свое вработување обезбедија 5 телесно инвалидизирани лица од Општина Струмица.





 
2008-5-9 PDF Печати


28.05.2008 | ПРЕДАДЕНИ ВО УПОТРЕБА РЕНОВИРАНИТЕ ПРОСТОРИИ ВО ДОМОТ НА АРМ.
Денес, Градоначалникот на Општина Струмица Зоран Заев ги предаде реновираните и опремени (со компјутери) простории на Тренинг Центарот за обука на високообразовани небработени кадри кој ќе функционира во рамките на Институтот за Применета Технологија -Општина Струмица...

На свеченото отварање на Тренинг Центарот беа поканети и присуствуваа студентите кои ќе ги посетуваат овие обуки, тренерите кои ќе ги спроведуваат, претставници од локалната самоуправа и медиумите, претставници од бизнис секторот, а присуствуваа и голем број на заинтересирани граѓани од општината.

„ Овој Тренинг Центар ќе биде отворен пред се за струмичкото стопанство за сите бизнисмени кои ќе сакаат да подготват свој стручен кадар за идни манаџери, помошни директори, раководители на одделенија...“ порача Градоначалникот Зоран Заев и им посака успешна работа на сите кои ќе ги посетуваат овие обуки.

Проектот е финансиран од Европската агенција за реконструкција.



 
2008-5-8 PDF Печати


23.05.2008 | ЗАПОЧНА ИЗГРАДБАТА НА ВОДОВОДНИТЕ МРЕЖИ ВО ПРОСЕНИКОВО, ДОБРЕЈЦИ, ДАБИЛЕ, ГРАДСКО БАЛДОВЦИ И БАНИЦА.
Во зависност од големината на населеното места изградбата ќе трае од 2 до 3 месеци. Тоа се последните пет населени места ма територијата на Општина Струмица кои немаат водоснабдителни системи. Вкупната сума на проектот е 34.500.000 денари, работи ги изведуваат 5 различни фирми, а сите средства се обезбедени од Буџетот на Општина Струмица...

 
2008-5-7 PDF Печати


16.05.2008 | МАТУРСКА ПАРАДА 2008.
Oколу 400 средношколци од трите средни училишта од Струмица точно напладне танцуваа на градскиот плоштад на музика од Штраус. Танцот траеше 6 минути и 18 секунди. Матурантите од Струмица заедно со своите врсници од европските градови изведоа синхронизирано танцување на танцот Квадрил од штраусовата опера Лилјакот....

Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев ги поздрави матурантите неколку минути пред почетокот на историскиот предизвик со кој струмичките матуранти заедно со своите врсници од неколку европски градови ќе се обидат да влезат во Гинисовата книга на рекорди.

“Струмица со сите свои белези на современ град кој тежнее кон европските вредности го заслужува своето место на светската мапа за одржување на овој чудесен спектакл. Драги матуранти, Гледајќи ве така млади, стројни и убави и верувајќи дека од вас извира препознатливиот струмички темперамент убеден сум дека со својот танц ќе испратите топла порака со многу љубов до младите луѓе од сите мердијани да се знае дека Струмица пулсира во ритамот на современиот живот кој го диктираат младите. Бидете горди што на ваков начин го одбележувате испитот на зрелоста, бидете горди што сте дел од овој европски танц, бидете горди оти и Струмица се гордее со Вас. Честитајќи ви го матурирањето ви посакувам со помош на Квадрил да влезете во Гинисовата книга на рекорди и тоа да биде еден од убавите спомени во Вашиот живот. Танцувајте со лесен чекор и со ист таков чекор зачекорете во вашиот иден живот прифаќајки ги успешно сите предизвици што тој ги носи.”

Истовремено танцуваа матурантите и во Словенија, Унгарија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и во Црна Гора. Покровител на оваа манифестација беше Градоначалникот на општина Струмица.



 
2008-5-6 PDF Печати


16.05.2008 | АСОЦИЈАЦИЈАТА „ХЕПТА„ СО БЛАГОДАРНИЦА ЗА ЗОРАН ЗАЕВ По повод 19 Мај, Светскиот ден за борбата против Хепатитис Б и Ц, Асоцијацијата за здравствена едукација, превенција и подобар третман „ХЕПТА„ денес на плоштадот „Гоце Делчев„, му додели Благодарница на Зоран Заев, Градоначалник на општина Струмица за особено залагање во здравствената едукација на граѓаните на општина Струмица...

Во рамките на Кампањата под мотото „ДАЛИ СУМ И ЈАС БРОЈОТ 12„ Асоцијацијата за здравствена едукација, превенција и подобар третман „ХЕПТА„ ги спроведуваше активности со цел информирање и едукација на граѓаните на општина Струмица за се поголемата опасност од заразни заболувања, посебно Хепатитис Б и Ц.

На Зоран Заев, Градоначалникот на општина Струмица за својот особен допринос и залагање за успешно спроведување на кампањата, му беше доделена Благодарница.



 
2008-5-5 PDF Печати

09.05.2008 | ЗАПАЛЕН ОЛИМПИСКИОТ ОГАН ВО СТРУМИЦА.
Околу 500 ученици од повеќе средни училишта од државата учествуваат на Средношколската олимпијада што беше отворена вчера и ќе трае до 10 Мај. Домаќин на олимпијадата е Општина Струмица, а од името на домаќинот олимпијадата ја отвори Градоначалникот Зоран Заев кој рече:...

“Вечерва сме сведетели на создавањето на еден чудесен спој кој прави симбиоза меѓу 3 работи кои се совпаѓаат и надополнуваат, 3 работи кои образуваат дел од убавината на човечкото живеење. Ако се прашувате кои се тие три работи веднаш ќе ви кажам: првата е младоста, втората е спортот а третата е Струмица.“

Покрај свеченото дефиле на учесниците, заклетвата на спортистите и судиите, палењето на олипмискиот оган од страна на младата алпинистка Билјана Серафимовска, беше изведена и богатата програма што му даде извонреден белег на чинот на отворањето на третата средношколска олимпијада која се одржува во Струмица.

Организатор на средношколската олимпијада е Федерацијата на училишпен спорт на Македонија а покровител Градоначалникот и Советот на општина Струмица.









 
2008-5-4 PDF Печати

08.05.2008 | ОДРЖАНА ПРВАТА СЕСИЈА ОД ПРОЕКТОТ “ФОРУМИ ВО ЗАЕДНИЦАТА“
Просторна инфраструктура, едукација и подигање на јавната свест и јавни површини се проблемите што ги дефинираа жителите на општина Струмица на сесијата што се одржа во четвртокот, 8.мај, во Домот на армијата. Во присуство на околу 100 жители на општината и жива работна дискусија, со интерактивна комуникација и свои идеи, присутните на првата форумска...

Просторна инфраструктура, едукација и подигање на јавната свест и јавни површини се проблемите што ги дефинираа жителите на општина Струмица на сесијата што се одржа во четвртокот, 8.мај, во Домот на армијата.
Во присуство на околу 100 жители на општината и жива работна дискусија, со интерактивна комуникација и свои идеи, присутните на првата форумска сесија ги групираа приоритетните прашања според видот на проблемите.

“Акцентот беше ставен токму на проблемите во градот каде граѓаните имаа можност да лоцираат прашања со кои се среќаваат секојдневно, а ќе имаат шанса да посочат колку луѓе ги делат истите проблеми што ќе се разгледуваат во наредните месеци и разработуваат во проектни идеи“, изјави модераторот на програмата Светлана Миленкова.
Таа додава дека е задоволна од одзивот на граѓаните бидејќи освен тие од минатата сесија, присутни беа и нови лица, што подразбира дека програмата се смета за сериозна и значајна за нивната општина.

“Ова е можност сите заедно да вежбаме демократија и секако, главната цел е граѓаните сами да одлучуваат за одлуките и проблемите што се решаваат на локално ниво„, заклучува Миленкова.
Меѓу проблемите за кои се дебатираше доминираа недостаток на дневни центри со посебни потреби, простории за изведување кабинетска настава во образованието, спортски објекти, изградба на патишта, патеки, детски и младински центар, туристички локалитети, културно-уметнички активности, сообраќајна поврзаност, недостаток на стручна литература во библиотека и други. Со модераторот на проектот се согласија и Струмичани. Тие сметаат дека им се дава можност за прв пат да се изјаснат и да се слушне нивниот глас.
“Најважно е да се решат проблемите од земјоделието“, вели Диана Стоичевска, чија работна маса предложи Едукативен центар каде ќе се образуваат сите граѓани без оглед на возраста. Гоце Здравевски вели дека е најважно да се опремат кабинети за настава во училиштата, за да конечно учениците можат и практично да се запознаат со наставната содржина. Велосипедска патека, канализационен проблем, недостаток на скејт парк и место каде младите ќе може креативно да се изразат се проблемите што ги предложи Митко Гогов, член на работната маса култура. Тој додаде дека му се допаѓа како е осмислен процесот низ кој тече програмата Форуми во заедницата. Неговата работна маса смета дека се уште е рано да се преудицира за тоа кој проект би можел да победи, но сакаат да направат проекти со кои ќе се извршат промени во градот. Сесијата, составена од 10 работни маси, формираше работни групи кои ќе ги истражуваат дефинираните проблеми, а кои во натамошните сесии ќе произлезат со конкретни решенија и проекти. Гласање за избор на проекти ќе се реализира во шестата сесија. Гласањето за избор на проекти ќе се изврши на тој начин што секоја работна маса носи еден глас, кој што го донесува консензуално. Главната тема на форумот е локален економски развој која опфаќа четири подтеми и тоа: подобрување на условите за образование, обезбедување квалитетна инфраструктура, заштита на ранливи групи и развој на рурални средини.
Наредната сесија е закажана за 3.јуни.

 
2008-5-3 PDF Печати


05.05.2008 | ПОСТАВЕН КАМЕН ТЕМЕЛНИКОТ ЗА РЕСТАВРАЦИЈА НА ЦАРЕВИ КУЛИ. По едногодишни археолошки истражувања и подготовки, денеска беше поставен камен темелникот за реставрација на еден од најпрепознатливите белези на Струмица - Цареви кули. Градоначалникот на Општина Струмица, Зоран Заев, го постави камен темелникот за реставрација и конзервација на тврдината, а поставувањето го освети Митрополитот Струмички Господин Наум...

„Таа е првата тврдина во Македонија која што ја гради една општина, со помош на европски средства од европските фондови. Другите коишто постојат во државата се од буџетски средства од Владата на Република Македонија“, рече Зоран Заев, градоначалник на Струмица.

455.000 евра е вкупната вредност на проектот финансиран од европските фондови и Општина Струмица кој опфати: истражување, конзервација, реконструкција и реставрација на Царевите кули, и меѓународна промоција на историскиот споменик со досега најширок спектар на промотивни материјали. Реализацијата на проектот е планирано да заврши до крајот на август.

 
2008-5-1 PDF Печати


01.05.2008 | ЧЕСТИТКИ ДО ГРАЃАНИТЕ НА ОПШТИНА СТРУМИЦА ПО ПОВОД 1 МАЈ. Денес, Градоначалникот Зоран Заев упати честитка до граѓаните на Општина Струмица по повод 1 Мај - Денот на трудот. “Со најискрени желби за пристоен и достоинствен живот Ви го честитам Денот на трудот посакувајќи што побрзо европскиот животен стандард да го почуствува македонскиот работник, но и со надеж дека во годините што следат многу повеќе луѓе ќе имаат повод да го празнуваат денешниот ден”, се вели во честитката од Градоначалникот на општина Струмица Зоран Заев.