Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

 

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџет за 2015 година

Буџетите на општината пред 2015 година и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2017 кои се поставени на општинската веб страница.

Социјална карта на општина Струмица

Вести - Јуни 2008

2008-6-4


27.06.2008 | КУЛТУРНО ЛЕТО ВО КАРПОШ.
Општина Струмица на манифестацијата „Културно лето во Карпош“, Општина Карпош - Скопје се претстави со настапите на Детскиот хор „Деница“ Струмица, КУД „Тримери“ Струмица и Карневалската група „Весели лица“ на СОУ Јане Сандански Струмица. Граѓаните на Општина Карпош можеа да доловат дел од културните вредности и обичаи на Општина Струмица...






2008-6-3


24.06.2008 | Седумдесет и прва седница на Советот на Општина Струмица.
Претседателот на Советот на општина Струмица, Зоран Ристов ја закажа седумдесет и првата седница на Советот на општина Струмица за 27.06.2008год. (петок) во 10.00 часот.
Дневниот ред за 71 седница може да го превземете

 

Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот за локална самоуправа ("Сл. весник на РМ" бр. 5/02) и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица" бр. 2/06), донесувам

РЕШЕНИЕ ЗА СВИКУВАЊЕ НА СЕДУМДЕСЕТ И ПРВАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА СТРУМИЦА

ЈА СВИКУВАМ седумдесет и прватата седница на Советот на општина Струмица за ден 27.06.2008 год.(петок). Седумдесет и првата седница на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 10,00 часот.

За работа на седницата   предлагам:

Ι. Усвојување на записникот од 69 и 70 седница  на Советот на општина Струмица, и

II. Дневен ред

1. Квартален извештај за извршувањето на Буџетот на општина Струмица за првиот квартал од 2008 година;
2. Предлог-Програма за изменување и дополнување на Програмата за уредување на градежното земјиште на подрачјето на општина Струмица за 2008 година;
3. Предлог-Програма за изменување на Годишната програма за изградба, реконструкција и заштита на локалните патишта и улици на Територијата на општина Струмица за 2008 година;
4. Предлог-Одлука за изменување на Буџетот на општина Струмица за 2008 година;
5. Предлог – Одлука за донесување Детален урбанистички план за блоковите бр. 25 и 26 во Струмица;
6. Давање согласност на Статутот на Јавното претпријатие за изградба, одржување и користење на јавни паркинг-простори “Паркиралишта Струмица” Струмица; 
7. Предлог-Одлука за формирање Комисија за изготвување Предлог-Листа за определување на имиња на улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти на подрачјето на општина Струмица;
8. Предлог-Решение за формирање Комисија за утврдување на пазарната цена за трајна пренамена на земјоделско земјиште;
9. Рагледување информации по Заклучок на Советот на општина Струмица бр. 07-1337/1 од 13.03.2008 година.

Напомена:
Увид во Деталниот урбанистички план за блоковите 25 и 26 во Струмица, може да се изврши во Одделението за урбанизам на општина Струмица. Предлози по Одлуката и Решението за именување членови во комисиите можат да се достават до Комисијата за мандатни прашања избори и именувања најдоцна до почетокот на седницата на Комисијата.

Совет на општина Струмица
Претседател,
Зоран Ристов

2008-6-2


11.06.2008 | ОДРЖАНА ВТОРАТА СЕСИЈА ОД ПРОЕКТОТ “ФОРУМИ ВО ЗАЕДНИЦАТА“
На оваа форумска сесија, присутните, заедно со имплементаторите преку презентација на проблемите и барање на решенија за јавните површини, инфстраструктура и едукација и подигање на јавната свест, дебатираа зошто ги предложиле овие проблеми и зошто бараат нивно решавање....

Втората форумска сесија во рамките на програмата “Форуми во заедницата“ в среда, на 11 јуни, се одржа во Домот на АРМ во Струмица, во присуство на 95 граѓани.
Сесијата покажа дека веќе јасно може да се видат целите и приоритетите на граѓаните согласно глобалната тема Локален економски развој што ја утврдија граѓаните на Нултата сесија.
На оваа форумска сесија, присутните, заедно со имплементаторите преку презентација на проблемите и барање на решенија за јавните површини, инфстраструктура и едукација и подигање на јавната свест, дебатираа зошто ги предложиле овие проблеми и зошто бараат нивно решавање.
Според Виолета Голубова, вработена во Центарот за глуви и наглуви лица, преку програмата “Форуми во заедницата“ може да се решат многу проблеми.
Но, вели таа, граѓаните мора при создавање на финалниот проект да мислат глобално, а не индивидуално, затоа што бенефитот од крајниот проект кој ќе се одбере за реализација треба да го почувствуваат сите жители на струмичко.

Втората форумска сесија покажа дека дел од предлог-проблемите се изводливи и може да се направи предлог-проект за истите. Претставници на одделението за урбанизам при општина Струмица, за дел од проблемите, посочија дека веќе се работи за нивно решавање од страна на општината.
Некои од проблемите, пак, според нив, не може да се разгледуваат затоа што општината нема ингеренции бидејќи локациите се во приватна сопственост.
Еден од таквите предложени проблеми е и пензионерскиот дом којшто не би можел да се гради во тој дел каде беше посочено бидејќи објектот е во приватна сопственост.
Меѓу проблемите што Струмичани ги разгледуваа се и скејт парк, планински патеки со патна сигнализација со обележја, пристапни рампи на места каде ги нема, како и спортско рекреативни објекти каде младите ќе може да се разонодуваат и да спортуваат.
На претходните сесии се формираа 10 работни маси и работни групи кои ќе ги истражуваат дефинираните проблеми, а што во натамошните сесии ќе произлезат со конкретни решенија и проекти.Програмата “Форуми во заедницата“ има за цел да го зајакне партиципативното учество на граѓаните, кои со сопствени идеи, предлагаат решенија за проблемите во општината, а што се преточуваат во конкретни резултати.

2008-6-1


11.06.2008 | ПРОЕКТ „ОТСТРАНУВАЊЕ НА КУЧИЊАТА СКИТНИЦИ„
Во рамките на Програмата за решавање на проблемот со кучињата скитници на територија на Општина Струмица, во тек е реализација на проектна активност „Отстранување на кучињата скитници од Општина Струмица“. Сите кучиња скитници кои претставуваат потенцијална опасност за граѓаните на Општина Струмица, според препораките на Светската...

Во рамките на Програмата за решавање на проблемот со кучињата скитници на територија на Општина Струмица, во тек е реализација на проектна активност „Отстранување на кучињата скитници од Општина Струмица“. Сите кучиња скитници кои претставуваат потенцијална опасност за граѓаните на Општина Струмица, според препораките на Светската организација за заштита на животните, во периодот кој следува систематски ќе бидат отстранети од улиците на Струмица, применувајќи го моделот за хуман третман на животните. Граѓаните на Општина Струмица можат да пријавуваат појава на кучиња скитници или одредени состојби поврзани со нив на телефоните:
075/ 205 342, 070/ 738 850
Кучињата скитници отстранети од улиците на општината, извесен временски период ќе бидат згрижувани во специјалното прифатилиште се до моментот на исцрпување на сите можности за посвојување. Доколку се работи за заловени домашни миленици, граѓаните преку соодветната служба ќе можат да си ги подигнуваат од прифатилиштето. Сите направени дополнителни трошоци за нивното времено згрижување се на терет на сопствениците. Заради успешна реализација на овој проект потребно е сите граѓани на Општина Струмица да соработуваат со соодветната служба задолжена за овие активности.

© 2005-2017 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544