Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџет за 2015 година

Буџетите на општината пред 2015 година и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2017 кои се поставени на општинската веб страница.

Социјална карта на општина Струмица

Вести - Септември 2008

2008-9-5


24.09.2008 | Седумдесет и петта седница на Советот на Општина Струмица.
Претседателот на Советот на општина Струмица, Зоран Ристов ја закажа седумдесет и петтата седница на Советот на општина Струмица за 01.10.2008год. (среда) во 11.00 часот.
Дневниот ред за 75 седница може да го превземете

 

Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот за локална самоуправа ("Сл. весник на РМ" бр. 5/02) и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица" бр. 2/06), донесувам

РЕШЕНИЕ ЗА СВИКУВАЊЕ НА СЕДУМДЕСЕТ И ПЕТАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА СТРУМИЦА

ЈА СВИКУВАМ седумдесет и петата седница на Советот на општина Струмица за ден 01.10.2008 год.(среда). Седумдесет и петата седница на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 11,00 часот.

За работа на седницата   предлагам:

Д н е в е н    р е д

  1. Предлог-Програма за изменување и дополнување на Програмата за уредување на градежното земјиште на подрачјето на општина Струмица за 2008 година;
  2. Предлог- Програма за изменување на Годишната програма за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалните патишта и улици на територијата општина Струмица за 2008 година;
  3. Предлог - Програмата за изменување на  дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови на подрачјето на општина Струмица за 2008 година;
  4. Предлог- Одлука за изменување и дополнување на Буџетот на општина Струмица за 2008 година;
  5. Предлог -  Одлука  за изменување на Одлуката     за извршување на Буџетот на Општина  Струмица за 2008 година;
  6. Предлог-Одлука за преземање на управувањето со водоводниот систем во с. Свидовица - Општина Струмица;
  7. Предлог- Заклучок за давање согласност на Одлуката  на УО  при ЈПКД “Комуналец” -  Струмица за висината на цената на м3 вода  во с. Свидовица,   бр. 02-3305/2 од 15.09.2008 година;
  8. Предлог- Заклучок за давање согласност  на Одлуката на УО при ЈПКД “Комуналец” -  Струмица за издавање под наем  на дуќани  во Градски Пазар - Струмица   бр. 02-3305/4 од 15.09.2008 година;
  9. Предлог- Заклучок за давање согласност  на Одлуката на УО при ЈПКД “Комуналец” -  Струмица за промена на висината на цената за  издавање на продажни места во Градски Пазар - Струмица  бр. 02-3305/4 од 15.09.2008 година;
  10. Предлог- Заклучок  за давање согласност на Одлуката  на  УО при  ЈПКД “Комуналец” -  Струмица за висина на цени за  издавање на продажни места на други пазарни услуги   бр. 02-3305/8 од 15.09.2008 год.


Совет на општина Струмица
Претседател,
Зоран Ристов

2008-9-4


24.09.2008 | Седумдесет и четврта седница на Советот на Општина Струмица.
Претседателот на Советот на општина Струмица, Зоран Ристов ја закажа седумдесет и четвртата седница на Советот на општина Струмица за 29.09.2008год. (понеделник) во 11.00 часот.
Дневниот ред за 74 седница може да го превземете

 


Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот за локална самоуправа ("Сл. весник на РМ" бр. 5/02) и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица" бр. 2/06), донесувам

РЕШЕНИЕ ЗА СВИКУВАЊЕ НА СЕДУМДЕСЕТ И ЧЕТВРТАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА СТРУМИЦА

ЈА СВИКУВАМ седумдесет и четвртата седница на Советот на општина Струмица за ден 29.09.2008 год.(понеделник). Седумдесет и четвртата седница на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 11,00 часот.

За работа на седницата   предлагам:

I Предлог за усвојување на записникот од 73 седница на Советот на општина Струмица и

II Д н е в е н    р е д

  1. Извештај за работа на Средното општинско  училиште “Јане Сандански”  Струмица во учебната 2007/2008 година;
  2. Предлог-Годишна програма за работа  на Средното општинско  училиште “Јане Сандански”   Струмица во учебната 2008/2009 година
  3. Извештај за работа на Средното општинско училиште  “Димитар Влахов”  Струмица, во учебната 2007/2008 година;
  4. Предлог - Годишна програма за работа  на Средното општинско училиште “Димитар Влахов”  Струмица во учебната 2008/2009 година;
  5. Извештај за работа на Средното општинско училиште “Никола Карев”   Струмица, во учебната 2007/2008 година;
  6. Предлог-Годишна програма за работа  на Средното општинско  училиште “Никола Карев”   Струмица во учебната 2008/2009 година
  7. Извештај за работа на ОУ “Маршал Тито”  Муртино во учебната 2007/2008година;
  8. Предлог-Годишна програма за работа на ОУ “Маршал Тито”  Муртино, во учебната 2008/2009 година;
  9. Извештај за работа на ОУ “Св. Кирил и Методиј” Дабиле во учебната 2007/2008 година;
  10. Предлог-Годишна програма за работа на ОУ “Св. Кирил и Методиј” Дабиле, во учебната 2008/2009 година;
  11. Извештај за работа на ОУ “Герас Цунев” Просениково во учебната 2007/2008 година;
  12. Предлог-Годишна програма за работа на ОУ “Герас Цунев” Просениково во учебната 2008/2009 година;
  13. Извештај за работа на ОУ “Даме Груев”  Куклиш во учебната 2007/2008 година;
  14. Предлог-Годишна програма за работа на  ОУ “Даме Груев”  Куклиш, во учебната 2008/2009 година;
  15. Извештај за работа на ОУ “Гоце Делчев”  Вељуса во учебната 2007/2008 година; и
  16. Предлог-Годишна програма за работа на  ОУ “Гоце Делчев”  Вељуса во учебната 2008/2009 година.
  17. Извештај за работа на ОУ “Никола Вапцаров”  Струмица во учебната 2007/2008 година;
  18. Предлог-Годишна програма за работа на  ОУ “Никола Вапцаров”  Струмица во учебната 2008/2009 година;
  19. Извештај за работа на ОУ “Видое Подгорец”  Струмица во учебната 2007/2008 година;
  20. Предлог-Годишна програма за работа на ОУ “Видое Подгорец”  Струмица во учебната 2008/2009 година;
  21. Извештај за работа на ОУ “Маршал Тито”  Струмица во учебната 2007/2008 година;
  22. Предлог-Годишна програма за работа на  ОУ “Маршал Тито”  Струмица, во учебната 2008/2009 година.
  23. Извештај за работа на ОУ “Сандо Масев”  Струмица во учебната 2007/2008 година;
  24. Предлог-Годишна програма за работа на  ОУ “Сандо Масев”  Струмица во учебната 2008/2009 година.
  25. Извештај за работа на ОМУ “Боро Џони”  Струмица во учебната 2007/2008 година;
  26. Предлог-Годишна програма за работа на  ОМУ “Боро Џони”  Струмица во учебната 2008/2009 година.
  27. Извештај за работа на ЈОУДГ “Детска Радост”  Струмица во учебната 2007/2008 година; и
  28. Предлог-Годишна програма за работа на  ЈОУДГ “Детска Радост”  Струмица во учебната 2008/2009 година.

Напомена: Извештаите за работа за учебната 2007/2008 година, и Програмите за работа  во учебната 2008/2009 година, Ви се доставени со  допис бр. 07-4704/1 од 18.09.2008 година  на  посебно CD.


Совет на општина Струмица
Претседател,
Зоран Ристов

2008-9-3


09.09.2008 | ПРЕДАДЕН ВО УПОТРЕБА ВОДОВОДНИОТ СИСТЕМ ВО ГРАДСКО БАЛДОВЦИ.
Денес, по повод одбележувањето на 8 ми Септември – Денот на независноста на Македонија и 11 Септември - Денот на ослободувањето на Струмица, Градоначаникот на Општина Струмица, Зоран Заев го предаде во употреба првиот од петте водоводни системи кои оваа година ги финансираше Општина Струмица...

За изградбата на водоводот во Градско Балдовци Општина Струмица од својот Буџет издвои средства во висина од три милиони и сто илјади денари, а истиот беше изграден во рекордно време од само три месеци. Со тоа локалната самоуправа докажа на дело дека сите населени места и сите граѓани од општината се подеднакво важни.





2008-9-2


09.09.2008 | СООПШТЕНИЕ ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ЈАВНА АНКЕТА, ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ИМЕНУВАЊЕ НА КОМИСИЈА.
Врз основа на член 39 од Статутот на општина Струмица (“Сл.гласник на општина Струмица” број 5/06) –пречистен текст, Градоначалникот на општина Струмица, објавува СООПШТЕНИЕ...

 

СООПШТЕНИЕ ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ЈАВНА АНКЕТА, ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ИМЕНУВАЊЕ НА КОМИСИЈА.

soopstenie04.09.08.pdf
[превземи]


Р е ш е н и е за организирање на јавна анкета по Нацрт - Деталниот урбанистички план за Блок бр.41 во град Струмица

resenieanketa1-2.pdf
[превземи]


Р е ш е н и е за организирање на јавна презентација по Нацрт - Деталниот урбанистички план за Блок бр.41 во град Струмица
resenieprezentacija2-2.pdf
[превземи]



Р е ш е н и е за именување на Комисија за спроведување на јавната презентација и јавна анкета по Нацрт – Деталиот урбанистички план за блок бр. 41 во град Струмица
resenieimenuvanje-2.pdf
[превземи]

2008-9-1


08.09.2008 | ОТВОРЕН 16-ОТ МЕЃУНАРОДЕН ФЕСТИВАЛ НА КАМЕРЕН ТЕАТАР “РИСТО ШИШКОВ”. Синоќа пред преполнaта сала на Домот на културата во Струмица, Градоначалникот на Општина Струмица, Зоран Заев го прогласи за отворен 16 -от Меѓународен фестивал на камерен театар “Ристо Шишков”. Со претставата „Бегалка“ во режија на Дејан Пројковски започна 16-то издание на фестивалот на камерен театар посветен на бардот на македонското глимиште „Ристо Шишков“...

Во наредните пет дена, колку што ќе трае фестивалот, на камерната сцена на театарот „Антон Панов“ ќе продефилираат актери од вкупно 12 претстави.
Во селекцијата за Фестивалот влегоа и претстави од странство, со што на Фестивалот му се даде меѓународен предзнак. Фестивалот Ристо Шишков од минатата година е член на Здружението на европски фестивали НЕТА.
За единствената награда што го носи името на големиот македонски актер Ристо Шишков на сцената ќе одиграат улоги 40-ина актери од дванаесет театри од кои шест од странство.



 

 

 

© 2005-2017 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544