Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

 

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџет за 2015 година

Буџетите на општината пред 2015 година и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2017 кои се поставени на општинската веб страница.

Социјална карта на општина Струмица

Вести - Октомври 2008

2008-10-14


31.10.2008 | ISO 14001-2004
Денес Општина Струмица се здоби со сертификат ISO14001-2004 и со тоа стана втората Општина на Балканот после Општина Центар во Сараево (Република Босна) која го поседува овој сертификат. Со тоа општината е збогатена со уште еден систем, кој се однесува на Управување со Околината (EMS) и политиката на општина Струмица за да обезбеди висок...



АКТУЕЛНО

ISO 14001-2004

Денес Општина Струмица се здоби со сертификат ISO14001-2004 и со тоа стана втората Општина на Балканот после Општина Центар во Сараево(Република Босна) која го поседува овој сертификат. Со тоа општината е збогатена со уште еден систем, кој се однесува на Управување со Околината (EMS) и политиката на општина Струмица за да обезбеди висок квалитет на програмите за  управување со околината.
Општина Струмица со овој сертификат обезбедува механизам за управување со околината во сите одделенија, како и механизам за управување на подрачјето на општина Струмица и  континуирано подобрување и заштита од загадување, како и заложба за задоволување на релевантната околинска легислатива, регулативи  и други барања. Ги покрива околинските аспекти (директни и индиректни) кои можат да бидат контролирани од страна на општинските органи и директно да бидат управувани, како и оние кои не е можно да бидат директно  контролирани но се очекува општината да влијае на решавање на истите.

Стандардот ги почитува начелата за управување со Околината, кои ги применуваат успешните организации во светот и е дел од добрата деловна пракса.


2008-10-13


31.10.2008 | ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА НА ОПШТИНА СТРУМИЦА
Почитувани претставници на медиумите, почитувани граѓани !
Практиката, редовно, точно и навремено да Ве информираме за работата на Општина Струмица, односно за активностите кои се отпочнати, траат или се завршени во сите области на делување и оваа недела пoтенцирајќи го моделот на транспарентно работење, имаме намера Вас почитувани,...

Почитувани претставници на медиумите, почитувани граѓани!
Практиката, редовно, точно и навремено да Ве информираме за работата на Општина Струмица, односно за активностите кои се отпочнати, траат или се завршени во сите области на делување и оваа недела пoтенцирајќи го моделот на транспарентно работење, имаме намера Вас почитувани, детално да Ве запознаеме со се што се случуваше оваа недела.
Конечно, со овозможувањето на нормална комуникација и премин на возила преку мостот на патниот правец Муртино – Сачево, решен е еден од круцијалните проблеми на граѓаните од  овие населени места, посебно за  село Сачево.
Oвие денови интензивно се работи и на тампонирањето на Булеварот „Климент Охридски“ заради што побрзо обезбедување на нормален пристап на граѓаните до нивните домови и објекти.
Оваа недела Заврши асфалтирањето на потегот Од кружниот тек кон селото Добрејци, поточно на улицата „Климент Охридски“ се до „индустриска зона север“. На овој потег заврши и осветлувањето со што оваа улица доби нова димензија.
Исто така, Завршено е и асфалтирањето на дел од улицата „4 јули“ и отпочнато е со интервенции за санирање на дупките на улиците, односно крпење на ударните дупки и прокопите за инфраструктуралните инсталации.
Оваа недела заврши и обележувањето на улиците во градот, хоризонталната сигнализација.
Им советуваме на граѓаните да ја почитуваат истата заради поголема безбедност во сообраќајот.

Почитувани граѓани!
Ве информираме дека на иницијатива на Градоначалникот Зоран Заев, согласно законските и статутарните овластувања, во тек се јавните собири на граѓаните во урбаните, односно месните заедници, заради  вклучување на граѓаните во идентификација на проблемите во нивните заедници.
Заради примена на партиципативниот модел на  креирањето на Програмата за комунално уредување за 2009 година и Креирањето на општинскиот Буџет за 2009 година и правилно утврдување на постоечките проблеми во урбаните, односно месните заедници, ги повикуваме граѓаните на што помасовно присуство на јавните собири.
Планот за одржување на јавните собири (денот, местото и часот), е објавен во просториите на урбаните, односно месните заедници, огласната табла во општинската административна зграда и на официјалниот општински веб сајт.

Почитувани граѓани !
Оваа недела броиме повеќе активности и од другите сфери на делување во општината.
Имено, во рамките на намалување на ризиците и коруптивните дејанија во работењето на општинската администрација, оваа недела се одржа и втората работилница по проектот „Подготовка на пишаните политики и процедури за намалувањето на ризиците“, во реализација на Здружението на финасиските работници на локалата самоуправа  и Холандската развојна агенција СНВ, заради изготвување на Стратегија за управување со ризици, единствена таква во државата.
На иницијатива на Министерството за труд и социјална политика,  во соработка со Општина Струмица, неделава се одржа и трибина на тема „Предлог закон за Заштита од дискриминација“, каде присутните дебатираа и се произнесуваа со конкретни забелешки и предлози во контекст на изработката на крајниот текст на предлог законот.
Од Локалниот економски развој, ве информираме дека почетокот на Ноември отпочнуваме со инфраструктурно опремување на локацијата за изградба на Центарот за заедничка понуда на раноградинарски производи - Агро берза.
Изградбата на колекторот за прочистување на отпадните води, Атмосферскиот колектор А1 и А2, е проект на Општина Струмица за чија поддршка добивме грант од Европската Агенција за реконструкција и развој во вредност од околу 260.000 евра, а останатите средства во вредност од 150.000 евра ги обезбедува општината.
Денес во Општина Струмица од Страна на Словенечкиот Институт за квалитет  SIQ, пристигна Сертификат за стандардот ИСО 14001:2004, за систем за управување со околината.
Со овој сертификат Општина Струмица како единствена општина во државата ги воспостави основите на Системот за управување со Околината, согласно европските стандарди.

И за крај почитувани граѓани !
Денес е денот кога во Хотелот Александар Палас во Скопје, пред Меѓународниот фактор -Советот на Европа и ЗЕЛС  се доделуваат наградите  за најдобри општински практики во кои Градоначаникот на општина Струмица, Зоран Заев, го добива највисокото признание за најдобра практика во државата, во областа на Јавното Приватно Партнерство - Изградбата на Трговскиот центар „Глобал“
Благодарам!                                                                 ОПШТИНА СТРУМИЦА

МЕДИА ЦЕНТАР

2008-10-12


27.10.2008 | ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА НА ОПШТИНА СТРУМИЦА
Почитувани претставници на медиумите, почитувани граѓани !
И оваа недела Општина Струмица бележи бројни активности во сите свери на делување за кои во оваа прилика ве известуваме, се со цел Ваша целосна и точна информираност...

 

очитувани претставници на медиумите, почитувани граѓани!
И оваа недела Општина Струмица бележи бројни активности во сите свери на  делување за кои во оваа прилика ве известуваме, се со цел Ваша целосна и точна информираност.

Информираме дека од градежните работи, оваа недела е завршено бетонирањето на дел од улицата Атанас Караман, изграден е тротоарот на улицата  Гоце Делчев и отпочнато е обележувањето на улиците во градот, односно, се отпочна со хоризонталната сигнализација на градските улици.
Истовремено привршува и асвалтирањето на улица Климен Охридски на потегот од кружниот тек према Добрејци.

Градежните работи за уредување на Булевар Климент Охридски,  изградбата на канализација во село Муртино, како  и изградбата на  тротоарот на улица Младинска продолжуваат со ист интензитет, заради што ги молиме граѓаните кои живеат во овие делови за разбирање и трпение.

Понатаму!, сакаме да информираме дека Одделението за урбанизам во изминатиот период ги донесе деталните урабинистички планови за блок 25 и 26, а   завршена е и нацрт фазата и јавната анкета за Блок 41 (кај Грозд), нацрт фазата од Блок 14 (меѓу Ката Поцкова и Климент Охридски) и Блок 39 и 40 (во месноста Софилар), а при крај е и изработката на деталните планови за блок 42 - краварник и блок 19 кај Лук оил.

Исто така, привршува реконструкцијата и адаптацијата на просториите во Секторот за  урбанизам и комунално работење и Одделението за администрирање на даноци и приходи, се со цел услугите за граѓаните да бидат испорачувани на  принципот на едношалтерски систем.

Заради што по транспарентно работење на општинската администрација, ги информираме граѓаните дека на влезот на Општинската зграда поставена е табла со информативни летоци за видот на услугите кои можат граѓаните да ги добијат во Општина Струмица. Истите, граѓаните можат да ги видат и на официјалниот општински вебсајт.

Во таа насока, во рамките на Програмата „Етика на локално ниво “ и практичната имплементација на проектот „Кон транспарентна општина“ од ЗЕЛС и Европска Унија, преку Европската агенција за реконструкција и Советот на Европа,  Општина Струмица, од страна на Комисијата за проценка на нивото на етичко и транспарентно ниво, согласно пропишаните шест стандарди од Советот на Европа, во неофицијалниот извештај беше отценета со висока оценка која го отсликува петото највисоко ниво на професионална општинска администрација.

Почитувани граѓани!
Ве информираме  дека Општина Струмица, во соработка со Младинскиот Совет Струмица и Италијанскиот Културен Центар „Џакомо Леопарди“ во  рамките на манифестацијата “НЕДЕЛА НА ИТАЛИЈАНСКИОТ ЈАЗИК ВО СВЕТОТ”, оваа недела го имплементираат проектот „Размена на Културни вредности и искуства“, „Пилот – активности за едукација и култура“ – Одобрен и поддржан од Министерството за надворешни работи на Италија, ИМГ и Владата на Република Италија.
Во рамките на овој проект, висока делегација, заедно со петнаесет ученици од Пјаченца Република Италија, деновиве се гости на Струмица и Струмички семејства.
Во рамките на овие активности, Градоначалникот на Општина Струмица, Зоран Заев оствари средба со Амбасадорот на Република Италија во Македонија г-дин Донатино Маркон, потврдувајки ја заедничката заложба за меѓуопштинска и меѓудржавна соработка на секое поле.

Почитувани!
Втората свечена конститутивна седница на Детскиот парламент беше уште една потврда дека децата и младите од општината се со сериозни намери да бидат рамноправни партиципиенти во креирањето на општинските и државните политики.
Во рамките на истата, Градоначалникот на општината, им даде до знење дека тие се оние кои ќе одлучат на кои приоритети ќе ги потрошат 4те милиони денари кои им се ставени на располагање. Таквиот поозитивен пример од страна на Советот на Европа беше оценет како една од најпозитивните практики на демонстрирање на демократија, со препорака, таквиот модел да биде практикуван и во сите општини од државата.

И за крај!
Уште една успешно завршена неделна активност. Вчера, со свеченото доделување на дипломи на студентите кои посетуваа обуки за информатичко усовршување, заврши првата фаза од проектот “Институт со примената технологија и менаџмент.
Тука не застануваме, Овој проект продолжува. Овие денови е во тек уписот на новите студенти кои ќе имаат можност да следат настава, односно обуки за менаџмент и информатичка техлогија, со цел нивно доосовршување, заради  поголемо вреднување на пазарот на трудот.


ОПШТИНА СТРУМИЦА
МЕДИА ЦЕНТАР

2008-10-11


25.10.2008 | НЕДЕЛА НА ИТАЛЈАНСКИОТ ЈАЗИК ВО СВЕТОТ.
Во рамките на манифестацијата „8-ма Недела на италијанскиот јазик во светот, во посета на Општина Струмица Висока делагација на чело со Неговата екселенција Абасадорот на Република Италија во Македонија, Г-динот Донатино Маркон...

 

о рамките на манифестацијата „8-ма Недела на италијанскиот јазик во светот, во периодот од 21.10.2008 до 25.10.2008 година, Општина Струмица реализираше низа активности, во насока на подобрување на културните и други вредности меѓу двете пријателски општини и држави.
Манифестација отпочна со прием на Висока делегација од Република Италија, предводена од Амбасадорот на Република Италија во Македонија, Неговата екселенција Г-динот Донатино Маркон, од страна на Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев.
На средбата беше потврдена заедничката заложба за мегуопштинска и меѓудржавна соработка на секое поле. Во рамките на обележувањето на неделата на италанскиот јазик во светот беше и  отпочнувањето на  имплементацијата на проект „Размена на Културни вредности и искуства“, „Пилот – активности за едукација и култура“ – Одобрен и поддржан од Министерството за надворешни работи на Италија, ИМГ и Владата на Република Италија.
Овој проект се реализира во партнерска соработка помеѓу Општина Струмица, Младинскиот Совет Струмица и Италијанскиот Културен Центар „ Џакомо Леопарди “ и во рамките на истиот петнаесет ученици од Пјаченца, Република Италија, деновиве  беа гости на струмичките семејства.



2008-10-10


24.10.2008 | ПОТПИШУВАЊЕ НА ДЕКЛАРАЦИЈАТА „ОПШТИНА ПО МЕРКА НА МЛАДИТЕ“.
На 23.10.2008 година, Градоначалникот на Општина Струмица Зоран Заев, Претседателот на Советот на општина Струмица, Претседателот на Младинскиот Совет, Претседателите на политичките провиненции во Струмица, Претседателите на сите Верски заедници, како и ....

 


2008-10-9

24.10.2008 | ПОДГОТОВКА НА ПИШАНИ ПОЛИТИКИ И ПРОЦЕДУРИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА РИЗИЦИТЕ НА ПРИФАТЛИВО НИВО
На 24.10.2008 во просториите при домот на АРМ се одржа работилница (втора по ред) на тема “Подготовка на пишани политики и процедури за намалување на ризиците на прифатливо ниво“, а во организација на здружението на финансиски работници и SNV...

Краен производ од овој проект ќе биде изработка на стратегија за управување со ризикот во општина Струмица.

Страница 1 од 3

© 2005-2017 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544